Па сега ако беше фер ќе се согласеше дека повеќе пати прецизно и експлицитно кажав за која целна група зборувам за - мнозинството кориснци на виндовс. Но...Не зборуваш за овие, не зборуваш за оние, ти всушност цело време си зборувал за тебе и стрината. Терајте со линукс и не се замарајте.
сум користел убунту, зорин, минт.
ниеден нема опција за мењање на mouse wheel speed. да губам време за вакви ситници да гуглам да симињам 3рд парти работи неам потреба.
Тоа ми остана најголем впечаток. имаше и други недостатоци, драјвери за принтер немаше.
хдр нема, фалат основни работи, не е за секојдневна употреба, го ставам само на антички комјутери, и ако би правел дома нешто серверче видео надзор, како ОС никад не би го користел.
Никого јас не убедувам да иде на друг ОС. Слободно уживај во виндовс и bloat до смрт ако сакаш. Твоја работа. А ти мене да ми кажеш да не го критикувам виндовс? Тоа не можеш и да сакаш. Не сум офтопик кога споредувам виндовс со други оперативни системи, тоа е мое право да го правам и до бесвест ако сакам.Оф топик е пошто гњавиш со безвеза, убедуваш членови да инсталираат линукс пошто ти нели користиш линукс и треба сеа сите да инсталираме нефукционален OS после ги убедуваш една недела да го користат за да се навикнеле ,и самиот гледаш дека нема интерес за линукс за дома и упорно некој убедуваш во тоа,и тоа во тема за Windows![]()
Токму тоа се трудам да ти укажам, таа целна група за која се залагаш не е мнозинство туку е занемарливо малцинство. Исклучувајќи ги овие, тие, оние, дури не останавте ти и стрината, и ти сам дојде до тој заклучок, само не сакаш да го прифатиш.Па сега ако беше фер ќе се согласеше дека повеќе пати прецизно и експлицитно кажав за која целна група зборувам за - мнозинството кориснци на виндовс. Но...
Твојата теза е дека корисниците на десктоп компјутери и десктоп ОС-и (како виндовс) се „занемарливо малцинство“. Јас тоа воопшто и не го коментирам. Јас зборувам за корисниците на десктоп компјутери со виндовс, и за проблемите со кои се соочуваат секојдневно (затоа што се премногу пасивни за да истражат/пробаат подобри алтернативи).Токму тоа се трудам да ти укажам, таа целна група за која се залагаш не е мнозинство туку е занемарливо малцинство. Исклучувајќи ги овие, тие, оние, дури не останавте ти и стрината, и ти сам дојде до тој заклучок, само не сакаш да го прифатиш.
Уф брат, какви членови имаме што не се тие 1% би се изненадил. Остај тоа.99% од членовиве на форумов знаат како да си го средат windows-от не се глупави како што ти ги мислиш и правиш.
Океј разбирам, ама и ти осеќаш некоја потреба да се докажеш до крај.Друже, научени се луѓево на ехо комори. Не разбираат што е дебата/дискусија. Не дај боже да имаш спротивно мислење од нивното, па уште ако се дрзнеш да го кажеш?
Океј разбирам, ама и ти осеќаш некоја потреба да се докажеш до крај.
Тоа што си кажал е кажано, евентуално да го потврдиш повторно. Ама да се инсистира својот збор да е последен е непотребно знаејќи дека така се развиваат полукорисни дискусии до бескрај и се штанцаат десетици постови, секој поникаков од претходниот.
Баш ти е гајле како некој ке реагира на твојот пост. Не е до тебе, до него е, јавноста ги гледа неговите реакции и јавноста го суди, ти не треба да се замараш. Твоето што си го кажал е кажано.
Епа кога некој ќе ти улета со клизечи, со обвинувања за „усерување“ на идилата за виндовс - ваљда е очекувано да се почуствуваш повикан да се објасниш. Посебено кога не ги критикуваат аргументите, туку тебе лично.
Некој подоблесен би преќутал, јас извесно не сум тоа.
Безврска муабетите ги почна ти, и ги продолжуваш со упорно дискутирање офтопик за мојата маленкост. Никако да разбиреш дека има систем за решавање на тоа што го гледаш како проблем. Можеш да ескалираш (пријавиш) до модератор но немаш право да ми кажуваш дека трујам и замарам (додека истовремено ми ги игнорираш онтопик аргументите). Значи можеш да пријавиш, или можеш да ме ставиш на игнор и нема повеќе да ги гледаш моите „замарења и труења“. Во врска со тоа „замарење и труење“ што да ти кажам освен фала што потврдуваш буквално се што кажав во неколку наврати.Друже ти замараш ја труеш темата со безврска муабети убедуваш некој да користи нешто што ти го користиш
Секој од нас за себе си одлучуваме. Не се убедуваме, туку ги аргументираме ставовите. Поназад само ти објаснија дека има out-of-the-box решение за брзина на скрол на mouse wheel. За разлика од виндовс каде е еден OS/gui за сите, ситуацијата со линукс е дека има мноштво дистроа со мноштво декстоп околини и сите се со различен пристап па тоа ако си пробал едно нешто не значи дека имаш основа сите други ги ставаш со ист заклучок. Некои околини/дистроа како погоре покажаното (KDE plasma, кој и јас го користам) се попријателски за почетници и ваквите секојдневни потреби се решени out-of-the-box.
Ова не е убедување за ти сега да земеш да мигрираш, туку укажување на работите кои често погрешно се перцепираат. Избор за алтернатива на виндовс постои, но волјата (и времето/трудот) што треба да се вложи за миграција - тоа се индивидуални одлуки.
За тебе не е алтернатива, тоа е заклучокот.
И никој не вели дека „си паднат од марс“, само - како што кажуваш - дека немаш време (и волја) за поминување на процесот на префрлање на нова платформа. Ова го кажувам како некој што долго време бил во твоите чевли (метафорички де). Денес тоа префрлање е многу олеснето во однос на порано. И ова го кажувам како некој што пробал и претходно да се префрли, а без успех.
Тоа е корисна информација да се знае. Благодарност.@Astro Миркософт конечно ја оневозможи пираЦката активација преку hwid (на пример со massgravel) за 10-ка/11-ка/Office. Кој активирал досега, останува активиран. KMS38 методот сè уште работи.