Win7 EFI.iso помош за инсталација

Дискусија во форумот 'Microsoft Windows' започната од Pulse, 13 Април 2017.

  1. Pulse

    Pulse On your way to fame

    1,079
    987
    26 oктомври 2014
    Машко
    Full Stack Web Developer
    Имам во раце лаптоп Thomson NEO14-32WC со инсталиран Windows 10 на него.
    Хардов му е non-removable некое sandisk ссд има од 32GB.
    Сакам да го преформатирам со windows 7 но во биос има многу малку опции за boot и како што читав на нет треба преку shell да се покрене инсталацијата, но и пред тоа треба специјално бутабилно цд. Со обично .iso со rufus пробувам да направам GPT for UEFI и ми го дава сленово:
    efi.png
    се немам сретнато досега со ваков начин на инсталација па помош од поискусни, што како да направам?
    17916399_1772845862954666_1973430932_o.jpg
     
  2. NERD.

    NERD. Gaining Experience

    1,438
    356
    19 Април 2010
    Машко
    Исклучи safe boot (или некое слично име има опцијата) и пробај пак да бутираш од усб.
     
  3. Pulse

    Pulse On your way to fame

    1,079
    987
    26 oктомври 2014
    Машко
    Full Stack Web Developer
    Quiet Boot - Disabled
    Fast Boot - Disabled
    друго од опции нема.

    работава е што бутабилното усб во биос не го ни дава да го наместиш прво, читав дека преку shell требало да се покрене инсталацијата.
     
  4. Multipass

    Multipass Gaining Experience

    70
    135
    1 ноември 2015
    Машко
    Прво провери дали имаш поддршка за драјвери со Windows 7, за да не го инсталираш за џабе.

    Со исклучен safe boot се активира legacy bios модот. Треба да биде вклучен за GPT партициониран HDD и USB меморија.

    Нема потреба од shell. Според ова изгледа дека ти е вклучен legacy bios-от, што дава поддршка само за MBR. Пробај вклучи ги и пробај пак.

    Направи и една слика од boot опциите што ги имаш на bios-от да ги разгледам.
     
  5. Pulse

    Pulse On your way to fame

    1,079
    987
    26 oктомври 2014
    Машко
    Full Stack Web Developer
    чекај малку, не ги разбирам овие gpt, mbr што се како се но бутабилното усб што го имам направено е mbr според тоа што пишува на rufus.
    Е сега за драјвери, гуглајки го моделов чудно ми е што ништо не дава, како да не постои :(
    17948562_1772857456286840_553878283_o.jpg
    Еве и сликици од биос.
    17948584_1772857452953507_1999551214_o.jpg 17916954_1772857459620173_235931983_o.jpg 17836768_1772857442953508_633465277_o.jpg
    тоа е се :\
     
  6. Ab@ace

    Ab@ace Gaining Experience

    327
    266
    21 Мај 2016
    Машко
    Секако ке мора да го инсталираш како MBR пошто не ке можеш да го активираш,едино Windows 7 Pro VL и Ентерпрајс се активираат со мс толкит
     
    На Pulse му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Multipass

    Multipass Gaining Experience

    70
    135
    1 ноември 2015
    Машко
    Ако не можеш да најдеш драјвери за Windows 7, тогаш попаметна работа ти е да си останеш на Windows 10, всушност ако ја занемариш приватноста Windows 10 е далеку посупериорен и побезбеден оперативен систен од Windows 7. За да го вратиш старото start мени, ќе си го инсталираш Class Shell програмот и готово.

    GPT и MBR ти се начини на партиционирање. На UEFI можеш и двата, но се претпочита GPT, а на BIOS можеш единствено MBR.

    Со rufus си го направил USB-то во MBR, а имаш UEFI BIOS со GPT партициониран хард-диск, затоа не можеш да бутираш.

    Според сликите слободно можеш да направиш бутабилно USB. Ако се одлучиш да инсталираш Windows 7, следи ги овие инструции на овој пост овде што е. Направи ја процедурата од истиот лаптоп за да не се замараш да проверуваш како ти е партициониран хард-дискот на лаптопот.

    После во BIOS кај boot option priorities, USB-то со оперативниот систем нека ти биде на прво место, а можеш и со boot overide да го одбереш кај save & exit.

    Иначе лесно се проверува како ти е партициониран хард-дискот со diskmgmt.msc на search или десен клик на Computer и ќе одбереш Manage. И после ќе идеш кај Storage > Disk Management, после десен клик на соодветниот хард-диск, најчесто е Disk 0. Одбери Properties > Volumes кај partition styles и пишува како ти е партициониран хард-дискот.

    Ќе направам деновиве еден туторијал за ова, секој месец има една ваква тема.

    Поздрав. :)
     
    Krkac, Psycore, Necromancer и на уште 1 им се допаѓа ова.
  8. Pulse

    Pulse On your way to fame

    1,079
    987
    26 oктомври 2014
    Машко
    Full Stack Web Developer
    усбто го направив според постот и пак во биос не го јавува, сигурен сум дека е на 2.0 портот, но го нема.
    17916483_1772895329616386_795605987_o.jpg
    од шел-от ова го дава:
    17916660_1772895772949675_1242354414_o.jpg
    пробувам да пристапам до blk7 и blk8 и кога ќе извршам команда ls ми дава
    ls/dir cannot open current directory - Not Found.

    btw iso-то
    iso.png

    едит:
    друго што ми е чудно пробувам вака преку шелот:
    fs0:
    cd EFI
    cd BOOT
    ls
    bootia32.efi
    (fs0: е хардот)
    и со ова треба да ми ја стартува инсталација од 10тката што веќе ја има но ми се вклучува оперативниот, не го покренува визардот за 10тката.
     
    Последна промена: 13 Април 2017
  9. Multipass

    Multipass Gaining Experience

    70
    135
    1 ноември 2015
    Машко
    Дефинитивно не го чита, да го прочиташе на BIOS ќе ти ја пишуваше марката на USB-то или нешто слично.

    Пробај кај diskpart истите инструкции одново, овојпат место NTFS во FAT32 форматирај го. Или во rufus пробај GPT for UEFI, форматирано во FAT32. Ако пак не ти го чита пробај друг image од Windows 7. USB-то колкав капацитет е? И дали е 2.0 или 3.0. Пробај и друго USB.

    Има многу заебанции со ова, морав во претходни постови да ја барам целата точна процедура. Затоа треба една sticky тема да се направи со инструкции за сите можни варијанти.

    Поздрав.
     
    На Krkac и Psycore им се допаѓа ова.
  10. Pulse

    Pulse On your way to fame

    1,079
    987
    26 oктомври 2014
    Машко
    Full Stack Web Developer
    инсталацијата за виндоусот е исправна 100% многупати ја имам користено за форматирање.
    друго при рака имам самсунг ево 64gb сд картица... да пробам со неа?
    усб то е 8гб.
     
  11. Multipass

    Multipass Gaining Experience

    70
    135
    1 ноември 2015
    Машко
    Пробај друго .iso, бидејќи на неколку од форумот со истиот проблем како твојот, на крајот им се реши со ново симнат image. Само што го отворив моето .iso со Windows 7 и внатре ги нема Autounattend.xml и Lastsession.xml. Пробај само нив избриши ги. Од каде ти е симнат image-от и како си реинсталирал со него, преку USB или DVD?

    USB-то што го имаш не би требало да ти прави проблем, види чекор по чекор. Пробај друг image, ако не сака пак пробај FAT32 форматирање на USB-то и на крај пробај го истото USB дали работи на некоја друга машина за бутирање од BIOS, ако пак не сака тогаш проблемот ти е до USB-то.

    Оди на некој торент сајт и побарај Windows 7 MSDN. Ама како што спомна еден член, џабе ти е Windows 7, прво драјвери нема да најдеш, второ нема да можеш да го активираш соодветно со GPT на UEFI, ќе мора во вечна trial верзија да го тераш преку Microsoft Toolkit. Мој совет ти е да си останеш на Windows 10, а веќе ако си се решил за Windows 7, репартиционирај го хард-дискот во MBR прво.
     
  12. goranzoran

    goranzoran Unstoppable

    2,868
    2,282
    21 Јануари 2011
    Машко
    Невработен
    Има некоја професионална(сериозна) причина зошто сакаш да му стаиш 7-ка? Ако нема остај го на раат.
     
  13. bxxxn

    bxxxn On your way to fame

    445
    500
    11 Март 2011
    Некои УСБ-а и .iso фајлови едноставно не одеа со 7

    Најдобар успех со

    Windows USB/DVD download tool

    http://wudt.codeplex.com/

    Препорачано од Микрософт, можно да е само за MBR (УСБ-то треба да е NTFS, можно и да го преформатирува како што треба)

    За UEFI - Rufus, УСБ-то треба да е FAT32 и инсталацијата 64 битна.

    За UEFI има и една подолга рачна метода...

    Едит, најдена рачната, иако кога ја правев некако пократка ми изгледаше:

    Creating Windows UEFI Boot-Stick in Windows - Thomas-Krenn-Wiki

    Друго што ми паѓа на ум е биосот на Асус нетбук, каде требаше да се избере бут од ХДД, а калп ХДД да се избере УСБ, иако оба е само за МБР, колку што се сеќавам 32 битни беа
     
    Последна промена: 13 Април 2017
    На Psycore му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Pulse

    Pulse On your way to fame

    1,079
    987
    26 oктомври 2014
    Машко
    Full Stack Web Developer
    win7 сакам да ставам зошто татко ми ќе го користи, и навикнат си е на 7цата, на 10тката неможе да де снајде ништо многу му била "комплицирана"
    исо-то го имам користено за форматирање и преку усб и со двд, многу оддамна симнато, форматирано со истото исо преку 100 пати, сигурен сум дека не е до него.
    за драјвери мислам да барам со некој програм, драјвер џениус или слична.
     
  15. bxxxn

    bxxxn On your way to fame

    445
    500
    11 Март 2011
    Од првиот твој пост, не можеш да креираш UEFI USB или .iso-то не ти е оригинал или е 32 битно, нема врска со драјвери, до сега си креирал MBR и поминувало, за UEFI му фали некој .wim, efi, dll фајл во архивата и веројатно е модификувано.

    Провери SHA1 checksum на исото и види што ќе добиеш резултати на Google

    MD5 & SHA Checksum Utility
     
    На Multipass му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Pulse

    Pulse On your way to fame

    1,079
    987
    26 oктомври 2014
    Машко
    Full Stack Web Developer
    виндовсот е модификуван веќе активиран. пишете пп линк од некоја пиратерија да спуштам друг да пробам
     
  17. Astraion

    Astraion Practice makes perfect

    1,225
    1,704
    24 ноември 2012
    Машко
    Ps • Ai • Id • Ae • Pr
    По не знам кој пат го споделувам сајтов Windows 7 ISO Download • Windows ISO

    Ставете го во букмаркс еднаш и засекојпат.
     
    bxxxn, Pulse и на Multipass им се допаѓа ова.
  18. Multipass

    Multipass Gaining Experience

    70
    135
    1 ноември 2015
    Машко
    Проблемот ти е до претходно активираното и пиратско .iso, јас цело време мислев имаш нечепната верзија на Windows 7, затоа уште од почеток ти кажав да си симнеш Windows 7 MSDN од торент. Земи само прочитај по другите исти вакви теми, ќе видиш ист случај на луѓе што се убедени дека image-от им е исправен, за да после пробаат друг кој е чист/нечепнат и се да испадне во ред. :)

    Обавезно да се направи sticky за тематикава, бидејќи голем дел од работиве се повторуваат на секоја тема, за нешто што е сосем банално и едноставно.

    Поздрав.
     
    На bxxxn и Pulse им се допаѓа ова.
  19. Psycore

    Psycore Gaining Experience

    193
    119
    12 ноември 2013
    Послушај совет од @Multipass и пробај со друго iso. Никој не рече дека iso-то не ти го бива, туку не е погодно за оваа комбинација. Премногу фактори играат улога во ова и постојат многу различни комбинации и сценарија што можат да се случат. Десетици саати имам губено на истово.

    За драјвери проверено и докажано DriverPack Solution - software for driver updates | Download drivers for 7, XP, 10, 8 and 8.1


    +1 за sticky тема и helpdesk околу овие проблематики. Стварно многу работи влијаат. Сум решавал проблем ваков од модифицирање на bios па се до најпросто гасење на card reader .
     
  20. Pulse

    Pulse On your way to fame

    1,079
    987
    26 oктомври 2014
    Машко
    Full Stack Web Developer
    Од вебов во пост #17 симнав исо, поточно ова:
    en_windows_7_home_premium_with_sp1_x86_dvd_u_676701.iso
    иста песна :D
    пробав и со руфус и преку cmd како што пишавте, пак не го познава.
     
  21. goranzoran

    goranzoran Unstoppable

    2,868
    2,282
    21 Јануари 2011
    Машко
    Невработен
    Откажи се, спаси се себе, лаптопот и татко ти од win 7. Ако толку си ја сака 7 напрај му го вака make windows 10 look like 7 - Google-Suche и кажи му дека ете си му стаил 7 нема ни да примети.
     
    На farkizz и bxxxn им се допаѓа ова.
  22. FLEGMA

    FLEGMA Epic

    7,163
    10,414
    2 Август 2012
    Машко
    Епа не може да се инсталира претходно активиран Windows со UEFI, ебаго! Книги треба читање...
    Со оригинално ISO ќе успееш да го инсталираш ама дискот треба да биде форматиран како GPT а тоа од друга страна значи дека нема да можеш да го активираш со DaZ.
    Ќе можеш да го активираш со Clover EFI bootloader ама батали. За да ги почуствуваш сите бенефити на ова треба да користиш Windows 8.1 или Windows 10

    Решението е да ја форматираш партицијата со MBR и при boot selection да одбереш USB без UEFI. Значи, како и секогаш.
     
    На Krkac му/ѝ се допаѓа ова.
  23. Astraion

    Astraion Practice makes perfect

    1,225
    1,704
    24 ноември 2012
    Машко
    Ps • Ai • Id • Ae • Pr
    А зашо си запнал по Прозорците чим нејќе?
    Треба да пробаш сега Линукс дистро за да бидеш сигурен дека е до хардверот а не до ОС-от.

    Пробај Пеперминт ОС или евентуално Xubuntu или Lubuntu.
     
  24. bxxxn

    bxxxn On your way to fame

    445
    500
    11 Март 2011
    Dude, ти воопшто не ме читаш :)

    en_windows_7_home_premium_with_sp1_x86_dvd_u_676701.iso

    погорното треба да ти е х64 и си го решил проблемот
     
  25. Pulse

    Pulse On your way to fame

    1,079
    987
    26 oктомври 2014
    Машко
    Full Stack Web Developer
    х86 симнав дека има 2GB рам. мислев нема потреба 64 или грешам?
     

Сподели