1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Wi-Fi за домашна употреба

Дискусија во форумот 'Wi-Fi' започната од BorisSapphire, 28 Август 2019.

  1. BorisSapphire

    BorisSapphire
    On your way to fame

    698
    502
    11 ноември 2015
    Машко
    Како што гласи насловот ми треба добар AC Wi-Fi рутер за домашна употреба.

    Веќе имам 3 рутери од Tp-Link WR-841 и имам проблем со Samsung телефони кога се врзани на нив.
    Проблемот е во тоа што имам два телефона Samsung на кој што слушам музика преку мрежа, преку ES File Explorer апликацијата, и од време на време знае да ми застане музиката и да чекам некој си 20-30 секунди додека тргне.
    Имам и Huawei телефон кој што е врзан на истиот рутер и не прави такви проблеми. Дефинитивно е до телефоните и до рутерот.

    Сакам да купам солиден AC Wi-Fi рутер, преферирам да има Gigabit порти.
    Друго што ми е битно сакам да му направам и Guest Wi-Fi, а другата мрежа која што ќе ја користам да биде Disable SSID, поради тоа што дел од рутерите кога е стандардното
    Wi-Fi направено Disable SSID го прави и Guest Wi-Fi Disable SSID. Сакам само тоа што ќе го користам јас да биди Disable SSID.
    Максимум корисници што ке бидат врзани одеднаш од 3 до 4.

    Уредот ќе се користи само за Wi-Fi и истото ке биде врзено на Mikrotik.

    Буџет до 4.000-4.500ден.

    Слободно предложете.
     
    Последна промена: 28 Август 2019
  2. Глупав

    Глупав
    Gaining Experience

    358
    159
    20 Април 2008
    Машко
    Со Asus ги имам сите опции кои ги наброја веќе 5 години стар модел (ако под Disable SSID мислиш Hide) ...
    Иако и мене некогаш на гостинска мрежа ми има правено конфликт со некои телефони (читај памтам Samsung)
    сепак на регуларна WiFi мрежа е било секогаш без проблеми
    има "возено" некогаш истовремено и со 15-20 корисници...
    единствена маана му е мислам што нема опција за Tomato или нешто слично,
    сепак оперативниот му е ОК (од мое скромно искуство, иако има напредни опции кои никогаш не сум ги користел)...
    таа цена беше пред 5 години, сега можеш сличен модел претпоставувам да најдеш за поекономично
    или евентуално за таа цена да најдеш нешто помодерно со поише опции...
     
    На BorisSapphire му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Daniel86

    Daniel86
    Guru

    2,627
    6,699
    28 Мај 2013
    Машко
    Електроника
    Јас го имам овој и можам да кажам дека не сум имал никакви проблеми, работи секаков уред, нема потреба од рестартирања чуда, го наместив и го заборавив.

    Anhoch PC Market Online - Tenda Wireless AC Smart Dual-Band Gigabit Router 1200Mbps AC10

    Еве ти и симулатор за истиот рутер, пред да го купиш, имаш можност да го расчепкаш.

    Tenda WiFi
     
    HardCorec, Banjifiko, BorisSapphire и на уште 1 им се допаѓа ова.
  4. Oktar

    Oktar
    Guru

    3,324
    9,668
    23 oктомври 2012
    Машко
    Добредојде назаТ Даниеле! Да не бидам скроз офтопик, сте слушнале ли за Јунифај? Ок, аут оф баџет е, така да и јас би препорачал некој асус кој е во рамките на буџетот или па Микротик hAP AC2. Јас сум задоволен од тоа што го нуди хапот, со тоа што сум свесен дека 5ГХз слабо буши ѕидови.
     
    На Daniel86 и HardCorec им се допаѓа ова.
  5. lynx

    lynx
    Unstoppable

    3,369
    2,977
    4 Септември 2008
    Јас земав Xiaomi Router 4A од eBay за 37 долари. Освен што интерфејсот е на кинески и нема на англиски други забелешки немам.
     
    На Oktar му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Cika

    Cika
    V.I.P

    2,384
    935
    8 Декември 2009
    Нема лек за интерфејсот? Зашто доколку би имало, сигурно веќе ќе го имаше испробано.
     
  7. BorisSapphire

    BorisSapphire
    On your way to fame

    698
    502
    11 ноември 2015
    Машко
    Имам RB962UiGS-5HacT2HnT, го платив скапо, но никако неможам да го направам ви-фито. Максимум брзина што можам да извадам од него е 25/15мбс. Читав многу по нет сите го имаат истиот проблем и не само со овој модел туку и со други. Ако некој мисли дека може да го направи слободно ке му дадам ремолт да се закачи и да го направи. :)

    Испратено од SM-N975F преку IT.mk форум апликација
     
  8. BorisSapphire

    BorisSapphire
    On your way to fame

    698
    502
    11 ноември 2015
    Машко
    За Ubiquiti ако зборуваш, многу добро знам кој се, на работа имам преку 20 ви-фиа, пред некој ден си играв со новиите модели на гејтвеј, рутери, и апиња.
    Испратено од SM-N975F преку IT.mk форум апликација
     
    На Oktar му/ѝ се допаѓа ова.
  9. DrMTR

    DrMTR
    Guru

    6,243
    6,376
    27 Март 2014
    Unifi Lite
     
    На Oktar му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Astro

    Astro
    Guru

    6,170
    8,428
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    @BorisSapphire од твојот прв пост не гледам како укопча дека имаш проблем со рутерот? Според мене ништо не укажува на проблем со рутер.
     
  11. 123456

    123456
    Gaining Experience

    862
    427
    12 Април 2013
    Машко
    Ама те ошуриле ако си земал 4а,по 20долари се на али, да не е 4 твојот?
     
  12. 123456

    123456
    Gaining Experience

    862
    427
    12 Април 2013
    Машко
    Имаш преку хром на англиски си фура одлично
     
    На krema му/ѝ се допаѓа ова.
  13. lynx

    lynx
    Unstoppable

    3,369
    2,977
    4 Септември 2008
    Еве баш сега нарачав две парчиња за другиот спрат и викендичката, по 12 долари ги спуштиле.
     
  14. BorisSapphire

    BorisSapphire
    On your way to fame

    698
    502
    11 ноември 2015
    Машко
    Линк ако може.
     
  15. BorisSapphire

    BorisSapphire
    On your way to fame

    698
    502
    11 ноември 2015
    Машко
  16. Андреј

    Андреј
    Gaining Experience

    52
    100
    4 Септември 2012
    Машко
    Погледни ја темата AC рутери со OpenWrt/Padavan до $50.

    Сакав да најдам некој евтин рутер кој би исполнувал неколку критериуми:
    • Добар 5GHz сигнал и радиус
    • Постојани апдејти
    • Отворен софтвер (OpenWrt)
    • AC1200 минимум
    • Стабилност
    • До 50 долари
    После малце истражување се сведе на користен Archer C7, препорачан буџет рутер од Wirecutter и најпопуларниот OpenWrt модел. Втората опција беше YouHua WR1200JS од AliExpress.

    Споредени еден со друг, за мене подобра опција е кинескиот. Се работи за рутер наменет за кинески телеком. На тие количини мислам дека никој не би сакал да се малтретира со поддршка и грешки во хардвер/софтвер. Избрале добар хардвер, а OpenWrt работи перфектно. Не сум фан на Padavan, но ја имаш и таа опција ако сакаш.

    Имам добар рутер по дома како референца и можам да кажам дека овој мал рутер YouHua нуди многу за парите.

    YouHua WR1200JS / Asus RT-AC86U / TP-Link Archer C7 v2

    [​IMG]
     
    На shifty и BorisSapphire им се допаѓа ова.
  17. ТАТА_МАТА

    ТАТА_МАТА
    Practice makes perfect

    1,398
    1,542
    25 Март 2013
    Машко
    Кој не се брза, Xiaomi кај и да е ќе го извадат премиум рутерот со wifi 6. 3-4 месеца подоцна би требало да ги извадат буџет рутерите со wifi 6
     
  18. Андреј

    Андреј
    Gaining Experience

    52
    100
    4 Септември 2012
    Машко
    Мислам дека далеку е wifi6 од вистинска примена, ама еве објавија нов рутер:

    ▷ Xiaomi Mi Router AC2100: the first gaming router of the firm that you can buy for just 30 euros » ✅

    US $55.56 30%OFF | Xiaomi Mi Router AC2100 Dual Frequency WiFi 128MB 2.4GHz 5GHz 360° Coverage Dual Core CPU Game Remote APP Control For Mihome
     
    ТАТА_МАТА, DrMTR и на BorisSapphire им се допаѓа ова.
  19. DrMTR

    DrMTR
    Guru

    6,243
    6,376
    27 Март 2014
    Само 2.4 гхз и 5 гхз. Ги нема пониските фреквенции. Маркетиншка патка !
     
  20. ТАТА_МАТА

    ТАТА_МАТА
    Practice makes perfect

    1,398
    1,542
    25 Март 2013
    Машко
    1. Ова не е wifi6 рутер
    2. Точно дека wifi 6 има опции кој обичен корисник нема да ги искористи, но сепак има поголем проток на податоци и е постабилен
    3. Сепак е нов стандард и кога купувам уред за наредните 10 години, сакам да биде на последната достапна технологија
     
  21. Андреј

    Андреј
    Gaining Experience

    52
    100
    4 Септември 2012
    Машко
    Wifi 6 рутер прва генерација нема да ти трае толку, што од ревизии што од напуштен девелопмент. Затоа OpenWrt е спас за стари уреди.

    Не би се замарал уште со wifi6 што знам, кога на wifi5 не му вадиме максимум. Ферари со ограничување 50км/ч.

    Пониски фрекфенции? Тие се, 5GHz имаш.
     
    На ТАТА_МАТА му/ѝ се допаѓа ова.
  22. DrMTR

    DrMTR
    Guru

    6,243
    6,376
    27 Март 2014
    Не си во тек.
     
  23. Андреј

    Андреј
    Gaining Experience

    52
    100
    4 Септември 2012
    Машко
    AC рутер е :) пишува јасно, не знам зошто очекуваш wifi 6 фреквенции од АC продукт.
     
  24. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,398
    12,534
    2 Август 2012
    Машко
    Сите работи што ги бараш се овдека
    ASUS Wireless Router RT-AC55U

    Јас го користам и истиот е прилично стабилен рутер со редовни надоградби. Терам по месец-два без рестартирање (можеби и повеќе, не сум следел)
    Во шпиц на него се врзани два телефони на 5GHz мрежа, два телефони на 2,4GHz мрежа, Андроид бокс, телевизор, две клими, Sonoff PowR2
    Гостинската мрежа работи супер (јас ја користам по потреба)
    Се на се, set and forget рутер.

    Јас да сум на твое место би додал уште 500-600 денари и би го зел овој (RT-AC58U)
    ASUS Dual-Band Wireless Gigabit Route RT-AC58U
    Заради тоа што овој може (ама не сум сигурен 100% !!) да се флешне со DD-WRT и останати фирмвери.
    Погорниот не може заради чипот ама мене, искрено, никогаш не ми притребало. Згодно е за играње ама шо знам...
     
    На BorisSapphire му/ѝ се допаѓа ова.
  25. DrMTR

    DrMTR
    Guru

    6,243
    6,376
    27 Март 2014
    За тие пари се зема Unifi. Не се гледа Asus !
     
    На StalkeR, Necromancer, smole и уште 2 други им се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...