• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

WebMoney смс прашање

  • Ја почнал/а темата
  • #1

IgorB

Intern
27 октомври 2011
52
22
Имав потреба од WebMoney акаунт и да префрлам сума пари на него. За странци што не се на тло на Руска Федерација не е многу посакуван начин за онлајн плаќање и можам да потврдам дека не е многу едноставно и за разлика од paypal откако парите еднаш ќе се пратени никој не ти ја обезбедува трансакцијата и нема нивно враќање во случај на измама.

Назад на прашањето: Се е во ред, но забележав дека при секое подесување околу акаунтот/апгрејд, менување на пасворд, пренос на средства итн. задолжително праќа системот за сигурност смс текстуална порака на мобилен со шифра што треба да ја внесам преку интернет и да ја верификувам постапката што сум ја направил.
Проблемот е што незнаејќи дека постојано ќе праќа смс употребив мој службен работен телефон и веќе ми пристигнаа 6-7 пораки едноподруго само додека чепкав околу акаунтот. Пронајдов начин да го сменам бројот за телефон што ќе се користи за верификација и открив дека може и да се изгасне смс-системот, но колку што разбрав со неговот гаснење нема да можам да вршам плаќање и префрлање на пари од purse-от на акаунтот на сметка. Знае ли некој дали можам да раководам со webmoney во потполност доколку ја оставам изгасната смс-верификацијата?

Друго, причината зошто и ја отворив темата е поради цената на смс-пораките. Не е никаков проблем она што го пишав претходно со службениот телефон, но немам увид на сметката и цените. Побарав одговор и најдов на еден форум член како тврди дека од само неколку смс пораки (не ја ни завршил регистрацијата) му пристигнала сметка од 5 долари. Планирам да продолжам да го користам webmoney, но имам потреба од секојдневен пренос на пари. Доколку се толку "скапи" овие смс пораки што ќе ги примам тогаш ја губам целата исплатливост и нема да ми врши работа. Знае ли некој колку наплаќа webmoney за оваа услуга по смс? Немам претпоставка, само неколку центи или доста поскапо (оној член на форум можеби бил и на Кирибати па оттаму таа наплата- не можам да знам).
Друго, дали можам од т-мобиле пред истекот на месецот да ја видам состојбата и листа на примени пораки, нивна цена и слично?

Доколку некој има искуство во работа општо со webmoney и оваа проблематика пишете ве молам.
 
stefan_v

On your way to fame
3 мај 2010
1,424
595
macedonius.com

Можеш и моментално мислам да имаш електронски увид во сметката, сега каде беше тој сервисот и точниот линк не го знам, но можеш да провериш колку ти има отидено до сега. :)
 
Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,088
Мислења
838,212
Членови
29,009
Најнов член
frameofmind
На врв Дно