• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Web Mail, Преглед

  • Ја почнал/а темата
  • #1

HijackHacker

Gaining Experience
21 февруари 2008
5,108
297
www.gorjan.info
Еве еден кратко-широк преглед на 3те најкористени интернет маил сервиси + 1 бонус.

1. Yahoo! Mail (@yahoo.com, @ymail.com, @rocketmail.com)



Јаху како меил сервис претпоставувам дека е најпознат и најкористен, иако сите имаме @hotmail.com за да користиме МСН.

Прегледност:
Убав дизајн, кој делумно се упропастува со Рекламите кои се вметнати. Има опција да се аугрејдува со плаќање и да ги нема веќе рекламите, ама јас препорачувам само AdBlock Plus, и работата е готова.
БТЊ: За дизајнот може да се бираат бои.
Има вграден месенџер.

Корисност:
При самото отварање на маилот, има почетна страна со вести, која може да стане малку досадна.
Работи во табови, што е голем +, за разлика од другите 3.

Спам филтер:
Најчесто ги фаќа спамерите, али успеваат по 2-3 на ден да ми влезат во инбокс.

Брзина:
Стартувањето не е лошо, а и самата работа на сервисот.

Оценка: 8.5
-----------------------

2. GMail
(@gmail.com)


Стариот и добар ГМаил. Се што прават Гугл, личи едно на друго, а ова не е поразлично.

Прегледност:
Дизајнот е страшно прост, а во темна соба многу удира во очи. Бела позадина, плави бои... Језда има плагин за да се смени тоа, али да вгладиле нешто барем. РЕКЛАМИ НЕМА! +++ за тоа :bravo:
Од лева страна ти се контактите од месенџерот.

Корисност:
За разлика од Јаху и АИМ, овој сервис goes right to the point!
Нема никакви вести или home page's, право на пораките. Нема табови, и затоа тешко е да се прават 2 работи во исто време.

Спам филтер:
Слабо, слабо.
Бета инвитации фураат, 3 на ден :) а има и по некој заскитан newsletter.

Брзина:
При стартувањето е малку спор, али понатаму си оди добро.

Оценка: 7
-----------------------

3. Hotmail
(@hotmail.com, @live.com)



Се кладам дека секој од нас има ваков, некој не се ни свесни за тоа :D. МС да не бидат назад со времето, си направија свој маил сервис.

Прегледност:
До пред скоро дизајнот беше малку прост, али сега го прилагодија да личи на Виста. Како кај Јаху, можат да се одбираат бои за дизајнот.
Има реклами кое не го нарушуваат до тој степен изгледот, али боље да ги нема.

Корисност:
На почетната страна има некои Updates кои не се од голема корист.
Табови нема, и пак е отежната работата.

Спам филтер:
А....шо?
Види ја сликата, Junk (1), Inbox (29), па сега ти заклучи:)

Брзина:
Стандардна, како веб страница.

Додаток:
Ако имаш ваков маил, имаш и МСН акаунт, али тоа е форсирање на сервиси, како што има обичај да прави МС.

Оценка: 6.6
-----------------------

Бонус сервис:
4. AIM Mail (@aim.com)



Е сега наидуваме на нешто ново, и малку по елегантно, комбинација од Гугл и Јаху. АИМ Мејл.

Прегледност:
Дизајнот им е супер, и не боде очи, за разлика од ГМаил. Има и да се бираат нијанси. Од десната страна ги имаш контактите од АИМ Месенџерот.
Поддржува релками за свои (АОЛ и АИМ) продукти.

Корисност:
Како и Јаху, има почетна страна со вести, која не е многу богата.
Нема табови, но затоа ако удриш Cancel на отворена порака, сам ќе те врати од каде што си дошол.

Спам филтер:
До сега 0 :)

Брзина:
Одлична, брзо, прегледно, и дури при отварањето на екранот за подесување.

Оценка: 8.6
-----------------------


1во место:
AIM Mail

(го доби тој 0,1 бод повеќе од Јаху поради кратката емаил адреса (@aim.com))
2ро место:
Yahoo! Mail


3то место:
GMail


4то место:
Hotmail

 

Aleks

Gaining Experience
18 мај 2007
5,748
288
А според кого е ова мислење? Твое лично или некој правил истражување ?
 

GigaC

Intern
23 април 2008
344
7
www.xeezi.com
Незнам јас според кој критериум е, али Gmail е закон брат.
За разлика од другите, брзината на отварење му е неверојатно брза + тоа имат Basic HTML што е уште поубаво :bravo::bravo::bravo::bravo: 100/100 :D
 

Romanticen

Intern
6 јануари 2008
206
9
romanticni.com.mk
Според мене 1. yahoo, 2.AIM, 3.Hotmail, 4.Gmail
Зашто Gmail последен?
Затоа што претходните 3 прво имаа дизајни како сега што има Gmail, па ги направија со јава скрипти, а Gmail сеуште е на стариот ХТМЛ код...
 

gese

Intern
27 јули 2008
13
0
Само gmail го признавам, незнам само како може и само да се споредува со другиве ама ај...
 

GigaC

Intern
23 април 2008
344
7
www.xeezi.com
Според мене 1. yahoo, 2.AIM, 3.Hotmail, 4.Gmail
Зашто Gmail последен?
Затоа што претходните 3 прво имаа дизајни како сега што има Gmail, па ги направија со јава скрипти, а Gmail сеуште е на стариот ХТМЛ код...
Брат, а ме интерсира колку време ќе ти биде потребно за да ги отвориш сите тие со Јава скрипти, а колку Gmail :?
 

mkd

Gaining Experience
5 јуни 2007
260
104
Воопшто не би се согласил дека spam филтерот на Yahoo Mail е подобар од тој на GMail. Имам по 2-3 account-и на Gmail и на Yahoo Mail и досега во 99% GMail успешно го детектира спамот, за разлика од Yahoo кој најчесто ми прави утка на тоа поле.

Вести на e-mail сервисот? NO THANK YOU. Така да браво за GMail.

0.1 поен предност заради кратката адреса? Па ниту gmail, yahoo или hotmail немаат долга адреса. Додека им објасниш на други луѓе која е таа адреса на aim.com ќе ти треба повеќе време отколку за другите.
 

Stane

Gaining Experience
4 октомври 2007
2,497
77
Според мене јаху е најдобар,спам филтерот е добар,има добар дизајн,и мене брз ми е,тоа најверојатно е поради тоа што иам брз интернет :p
 

Romanticen

Intern
6 јануари 2008
206
9
romanticni.com.mk
Брат, а ме интерсира колку време ќе ти биде потребно за да ги отвориш сите тие со Јава скрипти, а колку Gmail :?
ми го зема мислењето од уста :)

Stane напиша:
Според мене јаху е најдобар,спам филтерот е добар,има добар дизајн,и мене брз ми е,тоа најверојатно е поради тоа што иам брз интернет
 

MetalGear

On your way to fame
14 април 2007
2,997
507
www.ibiz.mk
според мене

gmail (најбргу се вчитува и тоа што може повеќе маила да ставиш го прави совршен, незнам може имаат и другите таква опција)

yahoo
aim
hotmail
 

spiderman

Intern
16 април 2007
783
44
aimmail е сопственост на AOL = America Online која во USA е сопственик на најлошите mail и интернет услуги. AOL се едни од најслабите а најмасивни интернет провајдери кој се сопственост на USA Goverment the Big Brother etc. Така да Yahoo rules :D
 

dimitars

Gaining Experience
8 мај 2007
1,681
333
И мене gmail ми е омилен. Не знам зошто али системот на работа и едноставноста веројатно имаат голема улога.
 

vik

Intern
14 април 2007
1,936
31
Според мене GMail - најбрз, најсигурен, најдобри спам филтри... најдобар:)
 

Andrijeski

Gaining Experience
1 март 2007
2,599
65
andrijeski.net
Незнам како не сум ја видел темава порано, треба да се активирам малце повеќе на форумов :D

Ми се допаѓа начинот на кој си ја направил темава и големо браво за подвигот :bravo:

Now goes the bad part.. :p

Според мене, еве кај си згрешил во оценувањето:

1) Од сите набројани, GMail најбрзо се вчитува, барем така е кај мене и кај сите што ги знам и со кои имам дискутирано во врска со ова. Ако не веруваш, испробај сам и види колку време ќе ти треба да ги отвориш сервисите, ако е потребно инсталирај дополнителен софтвер или addon за firefox koj ќе го мери времето на вчитување на страницата..

2) Спам филтерот на GMail е далеку поуспешен од тој на Yahoo (од лично искуство), за Hotmail несакам ни да правам муабет, става во Junk тоа што не е и обратно.

3) Изгледот на GMail e најдобар и најприкладен.. Тоа што сеуште нема можност за менување на боите и изгледот на сервисот не го прави помалку добар од било кој друг е-мејл сервис. Разнобојните налепници/етикети за мене се сосема доволен зачин за функционален дизајн.

4) "Стариот и добар ГМаил" Јас тој термин би го употребил за Yahoo Mail бидејќи Gmail e прилично нов (како вчера да беше времето кога делев покани за зачленување). Yahoo e стариот и добар, оној кој одсекогаш ми служел добро. Gmail e сосема ново нешто кое дава друг аспект за тоа како треба да изгледа e-mail сервис, практично нешто кое направи бум и сеуште рапидно се развива

5) Во делот кај Gmail имаш напишано
За разлика од Јаху и АИМ, овој сервис goes right to the point!
Нема никакви вести или home page's, право на пораките
Погрешно! Има вести!




(Повеќе за ова во мојот блог пост за Gmail)

6) Во врска со hotmail,
Се кладам дека секој од нас има ваков, некој не се ни свесни за тоа
Ако се кладиш, ќе изгубиш. Јас немам ваков е-мејл.
И не, Мајкрософт не го направија тој е-мејл сервис туку тој беше еден од првите а тие подоцна го откупија. (Барем јас така знам)


Да не набројувам, мислам дека оценувањето не ти е баш реално. Не си опфатил многу важни работи во врска со еден e-mail сервис и премногу работи се површински земени здраво за готово..
Како пример ќе ја земам твојата оценка за спам филтерите. Тоа што досега не ти стигнало спам на AIM не значи дека имаат добар филтер и слично, во суштина, незнам ни како доспеал сервис како AIM во листава :ermm:

Ти предлагам да ги проучиш малку повеќе сервисите и можеби некој ден да напишеш подетална анализа со пореални оцени за истите сервиси :)
Во однос на GMail, добро би било да се прочитаат моите 2 постови (за жал засега единствени), преку кои би се запознал со дел од можностите на истиот:
http://it.com.mk/index.php/Sasho-Andrijeski/Web-2.0/Gmail-Izvlechete-go-maksimumot-od-vashiot-e-Mail
http://it.com.mk/index.php/Sasho-Andrijeski/IT-novosti/Nov-sigurnosen-servis-na-GMail

Поздрав :)
 

StMartin

Баниран/a
24 февруари 2008
172
3
За правилно и успешно оценување, прво треба да направиш табела со категории, и да даваш оценки од 1-10. Значи табелата треба да вклучува, брзина на вчитување, спам филтер, прегледност, функционалност итн итн... Кога ќе го провериш ова и кога ќе ги дадеш оценките, извади просек, па ќе видиме кој е најдобар. Постот ти е многу површен и сеуште не сфаќам како AIM го стави на прво место, а второ Yahoo, дури па трето Gmail?? Мислам дека Gmail, го заслужува првото место.
 

trakilaki

Intern
15 мај 2008
1,084
18
@Andrijeski
Se slozuvam so se sto go kaza :bravo:


Jas ne znam kako moze na nekoj da mu se svigja nepreglednosta na yahoo ..... koga go otvaram mailot ima da puni so godini za da ti gi prikaze site tie nepotrebni reklami i informacii.
Ednostavnosta e najgolem adut na Gmail. Puni za nekolku sekundi ....... a baska ima vesti ama ako saka da gi vidis ako ne sakas ne te tera nikoj.....
Spam filterot na Gmail e mnogu efikasen i e daleku pred site drugi.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #22

HijackHacker

Gaining Experience
21 февруари 2008
5,108
297
www.gorjan.info
Мило ми е што сите сте активни на темава.

А во врска со забелешките, ќе бидат применети во моите наредни прегледи.
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,496
Мислења
821,772
Членови
28,040
Најнов член
Mrale
На врв Дно