Web hosting и Sitelock

Дискусија во форумот 'Останато' започната од m3nka, 13 Август 2017.

  1. m3nka

    m3nka Wax on, wax off

    109
    1
    15 Септември 2008
    Здраво,
    Би сакала да ве прашам кој web hosting го користите/препорачувате и зошто и дали дополнително купувате sitelock (malware scan во случајов на GoDaddy).
    Најпрво размислував за HostGator ама ме предомислија бидејќи после одредено време сајтот паѓал и се успорувал и немале никаква поддршка. Додека на GoDaddy цената за заштита од malware е скоро поскапа од хостинг планот.
    Некое ваше искуство со овие два хостинг компании или пак BlueHost?
     
  2. Isak Keyten

    Isak Keyten Активен гик

    1,045
    1,179
    25 ноември 2014
    Неам искуство ама од поефтините ти се Linode/Scaleway/Vultr
     
    На m3nka му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Mr.Jack

    Mr.Jack Активен гик

    505
    216
    9 Февруари 2008
    Sitelock не ти е потребно. Ако купуваш shared web hosting, самите сервери ќе бидат заштитени. А твојот сајт заштити го со security plugin за тој систем. Ако користиш WordPress, најпопуларен е WordFence

    Не купувај shared hosting од популарни компании бидејќи ги преполнуваат серверите со корисници и ќе ти биде бавен сајтот. Сите компании од тука Endurance International Group - Wikipedia и други како Siteground, Godaddy не се добри.

    Малите хостинг компании не ги преполнуваат серверите и се трудат повеќе да те задржат како клиент, значи ќе ти дадат подобра поддршка и ќе ти помогнат подобро. Ќе најдеш многу предлози за хостинг тука Webhosting : Everything from shell accounts to cloud hosting. • r/webhosting
     
    На m3nka и DrMTR им се допаѓа ова.
  4. DonFrozex

    DonFrozex Гик

    212
    149
    9 Јуни 2011
    Машко
    Ја планирам у скоро време да земам од Namecheap, имам читано добри мислења за нив.. а башка може да се плаќа и со BTC =))
     
    На m3nka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Mr.Jack

    Mr.Jack Активен гик

    505
    216
    9 Февруари 2008
    Namecheap се добри само за домени и SSL, не за хостинг.
     
    На DonFrozex и m3nka им се допаѓа ова.
  6. m3nka

    m3nka Wax on, wax off

    109
    1
    15 Септември 2008
    Фала за информацијата, многу работи ми олесни. Во врска со избор на хостинг сеуште не знам кој да одберам. Во линкот од reddit има многу различни мислења и тешко е да донесеш одлука :)
     
  7. pipelin

    pipelin Активен гик

    924
    443
    8 Мај 2010
    Јас би ти го препорачал а2хостинг (реф, линк) затоа што имаат совршен сапорт, дури еднаш видов и еден србин па си направивме муабет на “нашки“. Второ серверите им се доста брзи поготово ако имаш страница и ти треба добар хостинг Турбо пакетите нудат одлична оптимизација ако имаш вордпрес плус имаат вграден caching во самиот cpanel.

    Моја препорака.
     
  8. m3nka

    m3nka Wax on, wax off

    109
    1
    15 Септември 2008
    Претпоставувам дека си нивен корисник. Исто како и сите, тие нудат некоја заштита (Barracuda Spam Firewall). Дали користиш некаква дополнителна заштита, или како што кажа @Mr.Jack самите сервери се заштитени и ова е непотребно?
     
  9. Mr.Jack

    Mr.Jack Активен гик

    505
    216
    9 Февруари 2008
    Обично кога самите хостинг компании имаат вграден caching систем не е во ред. Така нема да можеш да инсталираш свој и ќе ти прават проблеми други кешинг системи.

    Сите shared хостинг сервери се заштитени one way or another. Дали тоа го рекламираат или не е друго прашање. Не мораш, но пожелно е секогаш да користиш дополнителна заштита.

    А2 Хостинг се добри, но се едни од поскапите. Често ги препорачуваат заедно со афф линк бидејќи имаат една од подобрите афф програми (плаќаат по $85 од продажба), затоа тие препораки земај ги with a grain of salt

    NixiHost

    VeeroTech

    iWF Hosting

    Земи било кој од овие. Евтини се и се многу квалитетни во секој поглед
     
  10. m3nka

    m3nka Wax on, wax off

    109
    1
    15 Септември 2008
    Ги разгледав и најверојатно ќе биде iWF Hosting. Ми изгледаат супер и имаат добри reviews и support.
    Сакам да те прашам дали купуваш Dedicated IP и колку е битна за еден сајт?
     
  11. Mr.Jack

    Mr.Jack Активен гик

    505
    216
    9 Февруари 2008
    Лично јас секогаш пазам да имам dedicated IP. Ако ја делиш ИП адресата со други луѓе, не знаеш со какви луѓе ќе ја делиш и може секаков спам и други глупости да испраќаат од таа ИП.

    Ако сајтот не ти е многу битен, не е битна ни ИП-то
     
  12. pipelin

    pipelin Активен гик

    924
    443
    8 Мај 2010
    Имаат Baracuda мада никогаш не сум го употребил и Patchman (ова е топ) кој во реално време нонстоп скенира дали некој фајл е малициозен и те известува дека истиот фајл е инфициран и избришан (или во карантин).

    Од дополнителна заштита, редовен бекап, плагини на страните како и заштита до страните за најава (променети со custom url). До сега сум немал проблем.

    Заборавив да напоменам дека caching можеш да си активираш по потреба на било кој домен додаден на хостот, со тоа што нема потреба дополнително да го оптеретуваш сајтот со дополнителни плагини (ова е предност).

    За скапи може да се каже дека не се во групата на ipage.com или некои други но затоа се си има квалитет. Афилиејт линкот беше од моја страна објавен така да членот има право и да не се регистрира преку тој линк.
     
  13. m3nka

    m3nka Wax on, wax off

    109
    1
    15 Септември 2008
    Да не отварам нова тема, доколку не е во ред постов да седи тука, нека се премести.
    Зборев со супорт на Iwf hosting, и ми препорачаа VPS hosting доколку сакам да имам над 1к постители. Цената е дупло поскапа од shared hosting кои ги имаат.
    Моето прашање е: Доколку сакам да имам над 1к постители во денот на сајтот дали треба да купам VPS и дали обично cPanel се доплаќа?
    Дали некој може да ми објасни малку повеќе околу купување на хостинг план (на што мора да се внимава и што е неопходно).
    Фала ви
     
  14. Mr.Jack

    Mr.Jack Активен гик

    505
    216
    9 Февруари 2008
    Ти прават oversell. За 1к посетители на ден немаш потреба да купуваш VPS hosting.

    За VPS hosting, cPanel се доплаќа. Обично е $15 месечно.

    Подобро е VPS бидејќи ќе добиеш подобри перформанси - побрз сајт, посигурен сајт и слично. Не мораш, ама подобро е.

    Има два типа на VPS:

    Managed VPS - они ти помагаат со серверот, ти инсталираат работи што треба, го мониторираат и слично. Примери се LiquidWeb

    Unmanaged VPS - ти правиш се, без никаква помош од нив. Примери се Linode, Vultr, DigitalOcean. Unmanaged не е препорачливо за почетници, ама имаш други алатки како ServerPilot, EasyEngine, Webmin...што ќе ти ја улеснат работата бесплатно.

    Инаку VPS и Cloud hosting е исто
     
  15. m3nka

    m3nka Wax on, wax off

    109
    1
    15 Септември 2008
    Фала ти @Mr.Jack, јас сакам да стартувам еден сајт, па најмалку што сакам е да падне сајтот заради посетители или незаштитеност. Managed VPS се многу скапи и би одбрала Unmanaged VPS или Shared hosting за кои како почетник не знам да се одлучам.
    Доколку се одлучам за Unmanaged VPS, има ли многу работи што треба да ги истражам и научам? Вреди ли да се вложи време за учење на Unmanaged VPS или да купам само Shared Hosting?
     
  16. AleksandarT

    AleksandarT Wax on, wax off

    66
    47
    24 Февруари 2011
    Јас до сега се што имам правено ми е хостирано на digitalocean.com
    Супер хостинг сајт, не е скап и сум презадоволен од него
     
Слични теми
  1. darko
    Одговори:
    13
    Прегледи:
    2,149
  2. sime_simovski
    Одговори:
    20
    Прегледи:
    2,309
  3. NERD.
    Одговори:
    9
    Прегледи:
    1,592
  4. NERD.
    Одговори:
    9
    Прегледи:
    1,912
  5. Глупав
    Одговори:
    27
    Прегледи:
    1,439
Вчитување...

Сподели