• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Watomatic - Автоматски одговор за WhatsApp и Facebook Messenger

  • Ја почнал/а темата
  • #1

silver90

Intern
11 ноември 2019
23
22
Ја преведов Watomatic апликацијата на Македонски јазик, можеби на некого ке му биде тоа од корист. Watomatic ќе ви помогне да избегате од WhatsApp.
Апликацијата е достапна само на Android, поради технички ограничувања не е можно на iOS. Може некој да напише статија на сајот.
Немам никаква поврзаност со апликацијата.

Линкови:


-----
Опис:

Watomatic испраќа автоматски одговор до секој што ве контактира на WhatsApp или Facebook Messenger. Ова е особено корисно ако планирате да мигрирате подалеку од тие услуги, но може да се користи и како едноставен одговор кога сте на годишен одмор.
Карактеристики:
• Автоматско одговарање на секоја дојдовна порака или поставете број на одговори
• Поставете своја порака за автоматско одговарање
• Автоматски одговор на групни разговори
• Ја почитува вашата приватност
• Без реклами
• Без следење
• Бесплатно
• Софтвер со отворен код
Неодамнешните промени на WhatsApp во политиката за приватност предизвикаа огромна миграција кон повеќе апликации кои ја почитуваат вашата приватност како Signal и други. Но, на повеќето од нас им е тешко да го избришат WhatsApp затоа што сите други го користат. Watomatic се обидува да ви ја олесни миграцијата со автоматско информирање на вашите пријатели дека сте се префрлиле на друга апликација.Само поставете порака за автоматски одговор, на пример “Повеќе не користам WhatsApp.Ве молам, користете Signal…” и оставете го да ја заврши работата за вас.
Како да започнете:
Watomatic се потпира на известувањата на WhatsApp или Facebook Messenger за функционирање на автоматскиот одговор.Повеќето корисници обично имаат овозможени известувања, па затоа треба да работат без дополнителна конфигурација, но во спротивно за апликацијата да работи правилно, проверете дали се овозможени известувањата и заклучувањето со отпечатоци на WhatsApp е оневозможено за да работи оваа апликација
Забелешка: Нема гаранција дека ова ќе работи на сите уреди.Оваа апликација користи помалку познати карактеристики на Android што ги поддржуваат повеќето уреди, но некои можеби не.

 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,737
Мислења
856,439
Членови
29,742
Најнов член
MilanTrajkovski1
На врв Дно