- Ја почнал/а темата
- #1
D
Администратор
Дефинитивно се накрвив на ИТ текстовите во македонските медиуми. Во денешниот број, Време објавува:
САД не се потготвени за сајбер војна?
Од лично искуство ги знам следниве работи кои ми одмагаат да го сфатам текстот и да верувам дека е во ред, а сигурен сум дека има и голем број на други активности за кои не знам:
- Уште од 2003-та САД има изготвено Национална стратегија за одбрана на сајбер просторот
- Федералното биро за истраги (ФБИ) има посебни оддели, таканаречени Cyber Squads во неколку поголеми градови на САД, а истите дејствуваат и во неколку амерички амбасади во Европа, а во Романија имаат и свои постојани оперативци
- ЦИА иам посебен оддел за сајбер разузнавање и шпионажа
- Националната агенција за сигурност (National Security Agency) електронски го шпиунира поголемиот дел од светов и ги има едни од најумните глави во светов, особено на полето на криптографија
- Од буџетот на САД секоја година се издвојуваат милијарди долари за спонзорирање на проекти за истражување на нови начини на војување, модернизација на војска и слично.
Земајќи ги во предвид овие факти, а и многу многу други... не ми е јасно, ако САД не е подготвена за сајбер војна, која земја е?
Е сега... нешто не ми е јасно.САД не се подготвени за организиран кибернетски напад САД воопшто не се подготвени да се соочат со напад во кибернетскиот простор, предупредуваат светските медиуми. Се смета дека една таква акција ќе има катастрофални последици за Америка, која е најранлива токму на интернетскиот простор. По соочувањата што избувнаа меѓу Русија и Грузија, а кои се проширија и на кибернетскиот простор, стана јасно дека во модерниот свет многу војни ќе се водат и на тој фронт. Грузијците едноставно немаа ниту средства ниту доволно знаење за да се одбранат од напад од таков вид. Координираните хакерски напади предизвикале рушење на голем број грузиски сервиси, така што паднале страниците на претседателот на Грузија, на Владата и на многу други институции. Како што известуваат експертите од компанијата „Тјулип системс“, која е одговорна за повеќе американски веб-одредници, САД воопшто не се подготвени да издржат и да се извлечат без тешки последици од еден таков напад. - САД зависат од интернетот повеќе од која било држава во светот, па поради тоа се и најранливи. Преку интернет во САД се одвиваат навистина голем број бизниси и се врши размена на информации, а сето тоа може да биде уништено за само неколку моменти - изјавил Том Бурлинг, извршен директор на „Тјулип системс“. Нападите на веб-страниците и на компјутерските мрежи не се некоја голема новост, присутни се откога постои и интернетот, но во последно време зачестуваат координираните напади, кои се претставени како нов феномен. - За еден делотворен кибернетски напад потребно е да се ангажираат сосема мал број стручњаци на ова поле. Со минимална инвестиција, можно е на одредена компанија, или, во овој случај и држава, да и се нанесе голема финансиска штета - изјавил Дон Џексон, прв човек на компанијата „Секјур воркс“, која се занимава со оваа проблематика. Поради постојната опасност, во Америка беше основан Државен центар за кибернетска сигурност чија цел е благовремено да ги оневозможи потенцијалните кибернетски напади во САД. Сепак, најголем број експерти се согласуваат дека тоа не е доволно за да се гарантира сигурноста на американскиот кибернетски простор.