1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Враќање на податоци

Дискусија во форумот 'Софтвер за мобилни уреди' започната од bh1rk0ff, 26 Јуни 2019.

  1. bh1rk0ff

    bh1rk0ff
    Intern

    17
    4
    24 Јуни 2019
    Машко
    Дечки, имам еден проблем незнам дали е за во овој дел од форумот, ако не е ве молам да ме упатите каде да пишувам. Брат ми го скрши телефонот, а на него има битни податоци (слики и контакти), пробав да ги вратам со DrFone и некој други програми но не може бидејќи USB Debugging не е уклучено. Читав на xdadevelopers дека треба да се инсталира TWRP но за тоа треба OEM Unlocking кое исто така не е уклучено. Ако некој има искуство би ми значело ако може да помогне. Во питање е Galaxy A3(2017).

    Испратено од SM-G935F преку IT.mk форум апликација
     
  2. Winncoot

    Winncoot
    Gaining Experience

    63
    84
    22 Јуни 2017
    Машко
    Youtube
    Ако станува збор за слики, немаш ли вклучено бекап од Гугл Фотос? Или пак Самсунг имаат вградена своја апликација за бекап, имаш ли тоа вклучено?
    Исто така и за контактите, можеби си направил бекап на маил, или пак да ти е ауто бекап на маил.
     
    На bh1rk0ff му/ѝ се допаѓа ова.
  3. bh1rk0ff

    bh1rk0ff
    Intern

    17
    4
    24 Јуни 2019
    Машко
    Како и што кажав не е мој телефонот на Брат ми е, јас моите слики еднаш во 2 недели ги бекапнувам на Мега. Пробав се но џабе е, се најавив со неговиот имејл на мојот телефон но кога го синхронизирав не ми ги покажа контактите (и преку импортирање пробав). Ти благодарам на сугестијата, и брзиот риспонс :)
     
    На Winncoot му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Winncoot

    Winncoot
    Gaining Experience

    63
    84
    22 Јуни 2017
    Машко
    Youtube
    Ох, се надевам ќе го решиш проблемот, би ти предложил и повеќе работи но не сум Андроид корисник веќе 1ипол година, па сум заборавил нешто :D.
    Со среќа!
     
    На bh1rk0ff му/ѝ се допаѓа ова.
  5. bh1rk0ff

    bh1rk0ff
    Intern

    17
    4
    24 Јуни 2019
    Машко
    И јас озбилно почнав да размислувам да се префрлам на Ајфон, сега засега користам Ѕ7еџ, не е лош но сакам да пробам нешто ново, бидејќи веќе Андроидот не ми праи ќеиф.
     
  6. Winncoot

    Winncoot
    Gaining Experience

    63
    84
    22 Јуни 2017
    Машко
    Youtube
    На некој начин да не речам хејтер на Apple, но не ги сакав. Отако пробав, дефинитивно следниот телефон ќе ми е повторно Ајфон. Mоментално имам 6s+ и сеуште работи како да е вчера купен.
     
    На bh1rk0ff му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Arabian

    Arabian
    Gaining Experience

    576
    280
    5 ноември 2013
    Машко
    @bh1rk0ff пред нешто да зезнеш оди во некоја мобилара замоли ги да ти дадат екран или да ти извадат податоците и почести ги нешто и нешто парична надокнада. Без маки и нервози проблемот ке ти е решен
     
    На bh1rk0ff му/ѝ се допаѓа ова.
  8. bh1rk0ff

    bh1rk0ff
    Intern

    17
    4
    24 Јуни 2019
    Машко
    Супер идеја, не ми текнало тоа до сега. Фала многу

    Испратено од S7 еџ преку IT.mk форум апликација
     

Сподели

Вчитување...