• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Враќање Backup од партиција на друга конфигурација?

  • Ја почнал/а темата
  • #1

Kupe3

Intern
2 јуни 2008
138
1
По чисто инсталирање на WinXP и инсталирање на потребните апликации и нивно подесување(кое обично одземам најмногу време) имам снимено бекап на партицијата на која е инсталиран оперативниот систем. Ова ми овозможува преинсталација на системот во 20 минути и продолжување со работа без вообичаениот прекин при реинсталации.

Е сега, истиот бекап сакам да го инсталирам на друга конфигурација на која има моментално само WinXP. Разбирливо дека како таква нема да работи поради потреба од други драјвери за матична и др. Она што планирам да направам е
1. снимање на бекап на драјверите од новата конфигурација со некоја програма за таква намена (Driver backup, Driver Magician и сл.)
2. Да ја поставам копијата од стариот систем врз активната партиција на новиот.
3. Некако (можеби во safe mode) да ги поставам драјверите од бекапот направен во точка 1.

Би замолил некој доколку има слично искуство да искоментира како би испаднало сето ова, па да не се вплеткувам ако ми одземе повеќе време отколку мануелно инсталирање на ОС одново.

Однапред благодарам.
Дали некој пробал да направи бекап на драјверите на новата конфигурација
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
42,675
Мислења
830,258
Членови
28,679
Најнов член
wolf1111
На врв Дно