1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Вовед во звучнички системи

Дискусија во форумот 'Oстанато' започната од FLEGMA, 6 Март 2016.

  1. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,384
    12,508
    2 Август 2012
    Машко
    Ова е пишувано / се пишува во Word па ќе има PDF секако. Само сакам да исфрлам нова, прочистена верзија затоа што гледам дека сум правел утки во граматика или синтакса ама се надевам дека не цепидлачите :)

    И пошто сте ми симпатични ќе ви кажам дека ќе има иста ваква, мега, тема за појачала и претпојачала. За кога, не знам! Прво да направам концепција за да не лутам во пишувањето.
    Таа тема е уште поинтересна затоа што има IMHO повеќе техникалии и помалку метафизика од типот „дава чист свилен и пластичен звук“ :)
     
    На zlatko., mmm121, AndrejFerdzo и уште 8 други им се допаѓа ова.
  2. kirev

    kirev
    Unstoppable

    5,337
    3,729
    31 Мај 2010
    Машко
    ICT ветеран
  3. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    8,569
    11,345
    23 Јануари 2008
    Манга
    Содржината е одлично концепирана, систематски си пристапил од основните работи кон деталите, и сето тоа напишано јасно и концизно во стилот на Ернест Хемингвеј. Секоја чест.

    Дали текстов го имаш пишувано за Дипломска/Магистерска или некој труд, или пак дополнително си инспириран од друго?
     
    На FLEGMA му/ѝ се допаѓа ова.
  4. spiritBreaker

    spiritBreaker
    Unstoppable

    2,687
    3,015
    27 oктомври 2015
    Машко
    g4m3R
    @FLEGMA Браво! маестрално, читко, не си вртел, си кажал она шо треба да се каже, лесно сватливо, и за почетник како мене во оваа тематика, разбрав многу работи шо обично е мака да читаш од различни извори па кој како е веродостоен...енивејс, ова треба да биде изработено како прирачник, за сите оние што сакаат да почнат професионално да се бават со аудио...секоја чест!
     
  5. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,384
    12,508
    2 Август 2012
    Машко
    Еден лудак по втор пат кине подземен кабел па интернет дури утре.
    Значи, без интернет ко без муда.
     
    MasteR_#0, psyside и на Costigan_Jr им се допаѓа ова.
  6. Costigan_Jr

    Costigan_Jr
    Unstoppable

    2,840
    3,913
    5 Јули 2013
  7. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,384
    12,508
    2 Август 2012
    Машко
    Дечки сеуште немам интернет (нормален немам ни на мобилен)
     
  8. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,384
    12,508
    2 Август 2012
    Машко
    ПОСТАВУВАЊЕ НА ЗВУЧНИЦИТЕ ВО СОБА


    СОБНАТА АКУСТИКА И ДЛАБОЧИНАТА НА БАСОТ


    Во денешно време повеќето од нас треба да живат со прилично депресивниот факт што во повеќето од нашите соби не е можно да се чуе точен, артикулиран, цврст и полн бас под 50Hz. Во прилог на ова тврдење оди самата физика, која е немилосрдна и неумолива, и темата која ја напишав под име „Соба, стојни бранови и малку математика“ каде со прилично едноставни формули може да се види чудливоста и упливот на звукот од страна на истата.

    За репродукцијата на тонови под 50Hz, потребно е растојанието помеѓу звучниците и ѕидот пред нив да биде најмалку 6m. Значи, не должината на собата туку далечината од звучниците до најодлачениот ѕид треба да биде 6m а среќниците кои живеат во такви соби, и истите служат само за слушање на музика, се навистина ретки.
    Ако собата е со мали димензии тогаш не треба да се фрлаат пари на големи звучници кои, во теорија можат да репродуцираат фреквенции под 50 Hz, затоа што собата нема да може да ги оствари на точен и прецизен начин. Вистина, таквиот звучнички систем ќе произведе повеќе бас отколку малите звучници но тој бас освен „големина“ и волумен нема да има ништо друго.

    Ќе биде тежок, валкан и заморен за слушање и ќе доминира над сите останати звуци. Сумирано, ќе се добие звук кој ќе служи само и единствено за фасцинирање на пријателите додека во останатото време кај корисникот ќе предизвика една од непријатните појави опишани погоре.
    Дури и да се најдуваат во голема соба, способна за развивање на бас фреквенции под 30 или 40Hz, тие ќе бидат сотрени од природната бука на собниот амбиент (кој никогаш не е под 35dB, 0dB има совршена глува комора)

    Затоа, за да биде можно да се чујат со иста гласност како и останатите фреквенции потребна е голема гласност а за створување на енергија која ќе биде потребна за таков потфат ќе биде потребно појачало од најмалку 300W по канал.

    Овој факт е главниот кривец заради кој аудиофилите ширум светот почнуваат да се однесуваат неразумно и превземаат чекори кои се косат со здравиот разум фрлајќи (во ветер) многу пари и, често, иронијата да биде најголема, кривецот го лоцираат во погрешни работи како кабли, појачало или друга компонента наместо истиот да го бараат во собата и сопствените афинитети.
    Шокот кај повеќето технички непотковани аудиофили е дотолку поголем со спознанието на тоа што она што тие го сметаат за длабок бас (во мала соба) всушност не се темелните тонови на одредени инструменти од двете најдлабоки октави (субконтра и контра) туку нивните парни и непарни хармоници (кај парните, хармониците се на двојно поголема феквенција од основната а кај непарните на тројно повисока)

    Значи, акцентот на последното тврдење е ставен на тоа што тие тонови не постојат за време на репродукцијата туку, едноставно, ги „створила“ самата соба.
    (На пример, најнискиот основен тон кај клавирот е 30Hz додека хармониците му се на 60Hz и 90Hz, темелниот тон кај контрафагот е 27Hz додека хармониците ќе бидат на 54 Hz и 81Hz(54+27) итн)

    Затоа шо живееме во соби чија најдалечна димензија обично не преминува 5m, внимане на изборот треба да ни го привлечат модели кои даваат линеарен среднотонски распон и неизобличен бас до околу 50Hz а за „остатокот“ ќе се погрижи собата. Сакале ние или не.
    Таквиот звучник, поврзан на квалитетно и солидно појачало, кое не би требало да биде под 100W по канал, на аудиофилот ќе му пружи неограничено количество на задоволство.

    За жал, магијата на најдлабок бас сеуште ги хипнотизира аудиофилите така што се во состојба да жртвуваат се останато па и самата музика.
     
    На Darko Veleski, K3nPa4i, gokica и уште 5 други им се допаѓа ова.
  9. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,384
    12,508
    2 Август 2012
    Машко
    Активно занесување со оваа проблематика од преку 25 години и еден тон списанија HI-FI (хрватски), HI-FI Choice, Stereoplay...
    Текстов, кој е само скратена верзија, требаше да биде дел од книга за оваа проблематика. Навистина тешко да се состави вакво нешто без нагласено навивање кон бренд или подло подметнување на свои гледишта.
     
    На smole и Costigan_Jr им се допаѓа ова.
  10. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,384
    12,508
    2 Август 2012
    Машко
    Имам уште една тема за >>Акустички третман на собата, поставување на звучниците и крај<< и тоа би било тоа.
    После го викам @Fatal1ty_ да ја зачисти темава па да имаме се на куп. После ова, како што кажав, ќе припремам тема за појачала која е далеку поинтересна затоа што е повеќе наклонета кон техникалии.
    Ама нема да направам грешка како со оваа тема па да ја објавам пред да ја имам комплетно завршено (и проверено)
     
    На Tegla, Daniel86, psyside и уште 2 други им се допаѓа ова.
  11. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    8,569
    11,345
    23 Јануари 2008
    Манга
    А зашто требаше да биде дел од книга? Се откажа од пишување/издавање на книгата или ќе има и книга? Ако се откажа, кои беа причини?
     
  12. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,384
    12,508
    2 Август 2012
    Машко
    Заминав војска, се оженив, се селев во нова куќа, работа, деца, обврски...
    Иначе нема да има книга. Ќе земам се што имам и ќе објавам ebook
    Печатеното издание секундарно ќе заврши во фотокопирница или скенирано во pdf. Немам живци да се расправам и со тоа. Барем вака ќе знам на што сум
    Можеби грешам. Кој ќе знае!
     
  13. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    8,569
    11,345
    23 Јануари 2008
    Манга
    Штета што си кренал раце...А си можел убав учебник по аудио и аукистика да скоцкаш за средно школо. Ако некогаш се испишманиш кажи да порбаме да скоцкаме некоја донација за издавање...
     
    На K3nPa4i и mmm121 им се допаѓа ова.
  14. prichina

    prichina
    Cuda 5.5

    7,827
    5,008
    24 Мај 2009
    Машко
    Мултимедиа (Филм и Тв)
    (спор аплауз) Книга, Книга, Книга (забрзување на аплаузот), Книга, Книга, Книга....(Ехо, крај на сцена, тотално затемнување)
     
  15. vlavot

    vlavot
    Medicus

    2,891
    2,823
    29 oктомври 2009
    Машко
    Medical Doctor
    Текстовите се, fap, fap, fap, fap
     
  16. Tegla

    Tegla
    Gaining Experience

    196
    356
    19 Јуни 2014
    Машко
    Толку техникалии и труд а на просечниот потрошувач на најбитно му е звучници по изглед да му одговараат на комодата. :S

    За кабли за интерконекција и за поврзување со звучници ќе спремиш нешто? Не мислам на Bi-wiring кое го опфати туку на својства на проводникот, дебелина, должина и други финеси кои ќе помогнат да се избере добар кабел без да се фрла многу пари за "snake oil". Тука има највеќе митови и е доста интересна тема tbh.

    Доста поучен пост. Фала ти!
     
    На psyside и Daniel86 им се допаѓа ова.
  17. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,384
    12,508
    2 Август 2012
    Машко
    Каблите се многу неблагодарна тема. Ќе напишам и за нив ама.. стварно, што да се пише а да не изгледа како тешка емпирија?
     
  18. alek99

    alek99
    Gaining Experience

    444
    365
    28 Јануари 2008
    Машко
    Нема АМА, ќе си напишеш како што е, и во веќе почнатиот стил. (јасно и разбирливо, без многу техникалии).
    Инаку БРАВО и секоја пофалба за трудот. Вакво нешто на нашки не сретнав до сега во нашиот нет простор, и одлично е. Се разбира дека не е измислена топла вода, но вака на едно место собрана и лесно сварлива, обработена една широка проблематика е полн погодок. Се надевам дека кога ќе завршиш со серијалот, ке се развие и една појака дискусија со познавачите на темата (кои верувам дека се присутни тука), од која ќе произлезат уште поквалитетни четива.
    Уште еднаш браво.
     
    На psyside му/ѝ се допаѓа ова.
  19. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,384
    12,508
    2 Август 2012
    Машко
    Уште една тема ме дели до завршетокот на темава па потоа одиме на појачала.
    Каблите се, верувај ми, тема и поле во HI-FI каде најмногу се претерува и истата е многу неблагодарна. Скоро невозможно да бидат измерени, цената им влијае на субјективното перципирање на звукот, не може да има тема само за кабли туку мора да се опфатат терминалите и начинот на терминирање на каблите итн.
    Многу лоша тема која предизвикува flame war. Ич ја нејќам ама пак тоа не значи дека нема ништо да напишам. Тука мора да се оди етапно со објаснување. Од тоа какво оптеретување претставуваат, нивна геометрија, механички својства

    Сепак, каблите се тука и со тоа треба да живееме и за тоа теба да се каже збор-два.

    Untitled.png
    :)
     
    Последна промена: 12 Март 2016
    На K3nPa4i и psyside им се допаѓа ова.
  20. Daniel86

    Daniel86
    Guru

    2,589
    6,454
    28 Мај 2013
    Машко
    Електроника
    @FLEGMA Што ми отвори работа да враќам швабски антики во живот со текстовиве, ми отвори.

    [​IMG]

    Што си имам проблем со акустиката на собата, си имам, во сите ќошеви и на висина помала од 1 метар, звукот и басовите се одлични, додека во средина на собата (4х4+1.50х3.30) е исто како да слушам на звучници од лаптоп, нема бас, нема моќ, едноставно издишано звучи.

    Да сум аудиофил, не сум, едноставно сакам фин, моќен и неизобличен звук, а тоа и го добивам во одредени делови од собата.

    Освен ако не сакаш да ми должиш ~1500 денари што треба да ги дадам за нов драјвер пошто овој е малку пролупан, давај некој совет одоколу :oh: дали би требало да се фокусирам на поставеноста на звучниците и сабвуферот низ собата или чарето да го барам на друго место, пример самите звучници или во појачалото.

    Појачало>Kenwood KRF-V5020, Subwoofer PREOUT 2V/2.2Kohm, Stereo output at 4ohms 2x80w 0.7% THD
    Звучници>Panasonic SA-AK320 претходно Bi-Amp, сега врзани Straight-Amp :D 2x60w 6ohms
    Сабвуфер/вуфер кој да го знае што е> Siemens (веројатно), SCHNEIDER QUEENS MS1 базиран на TDA2026 (не постои даташит за чудово), Sealed Box
    Resonanzfrequenz fs: 30 Hz
    Gesamtgüte Qts: 0,58
    Äquivalentvolumen Vas: 68 l
    Einbaumaße:
    Außendurchmesser: 200 mm
    Einbaudurchmesser: 185 mm
    Einbautiefe (incl. Korb): 90 mm
    Korbrandhöhe (incl.Gummiauflage): 8 mm
    Gewicht: 1,1 kg
    Belatbarkeit: 70 W-RMS / 120 W-Max
    Impedanz: 4 ; 8 Ohm
    Schalldruck: 86 dB
    Freuqenzbereich: 30-2000 Hz
    ^ Врска неам швабсково дали е точно, единствено инфо е што го ископав. Само знам дека го модирав инпутот малку да биде поосетлив за да не мора да се носи засилен сигнал од некој од излезите, туку од дедицираниот незасилен сигнал за сабвуфер.

    Генерално добив некоја идеја околу тоа како би требало се да биде поставено, ама би сакал да чујам и твое мислење доколку си расположен и најдеш време, бидејќи искрено малку се изгубив у текстовиве. Данкешен унапред :)

    ЕДИТ: Ќе заборавев, уживајте :)

     
    На psyside и gokica им се допаѓа ова.
  21. K3nPa4i

    K3nPa4i
    Intern

    25
    28
    2 Декември 2015
    Машко
    Хахаха, ваљда се зезаш! На ваков елаборат и покажување на практично знаење (не само да се фалиш дека знаеш туку да можеме и ние обичните да научиме многу) кој може да ти замери за фаворизација на бренд?! Напротив, мислам дека и многумина би сакале да прочитат од тебе сличен пост ама со конкретно "навивање"/критики кон брендовите. Прекрасно конципирана содржина - БРАВО!
     
  22. koki

    koki
    Gaining Experience

    250
    133
    3 Март 2010
    Несакам да привлечам внимание и омраза, само на фејзбук (на објавата на тесктов од портал) еден дечко го има споделено линков http://www.bug.hr/forum/topic/audio-video-playeri-recorderi/uvod-zvucnicke-sustave/60466.aspx
    Дали ова значи дека ти си го пишувал пред 6 години текстов на хрватски, или само си го ископирал? Како и да е одлично е да се знае и прочита на свој јазик..само мислам дека фер и да стои извор. Барем за тоа се залага овој форум и сајт.

    Немој да ми замериш линкот е поставен јавно https://www.facebook.com/IT.com.mk/ јас само прашувам...како да е секоја чест за трудот ако не за друго.
     
  23. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,384
    12,508
    2 Август 2012
    Машко
    Лепи јас сум тој. Не се секирај
    Lazarus Long - модератор на bug.hr/forum

    Проба за самобанирање! :)
    Кој разбра, разбра
    Untitled.png
     
    Последна промена: 14 Март 2016
    zlatko., omegaRED, mviktors и на уште 1 им се допаѓа ова.
  24. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,384
    12,508
    2 Август 2012
    Машко
    Со оваа последното ја завршувам оваа тема. Се надевам дека уживавте

    Акустички третман на собата, поставување на звучниците и крај

    Поставувањето на звучниците во со собата наликува на равенка со многу непознати. Ако се изврши зафат на едната страна автоматски доаѓа до промена на резултатите на другата. Почетната положба (кој според многу теории би требало да биде единствена кој е прифатива) треба да одговара на рамностран триаголник кој би го сочинувале звучниците и слушателот. Нормално, има и други теории кои велат дека растојанието од слушателот до линијата која ги спојува звучниците мора да биде најмалку 1.5 пати поголема од раздалеченоста помеѓу звучниците. Помеѓу звучниците и слушателот не смее да има препреки или поголеми предмети и звучничкиот пар мора да биде во рамнотежа и во звучна симетрија. Повеќето звучници најдобро работат ако се сместени подалеку од задните и бочните ѕидови (барем 1m) но, исто така, има звучници кои се наменети за поставување во аглите на собата а тоа е јасно наведено во проспектите од производителот и кон тоа треба строго да се придржува. Звукот, исто како и светлината, во просторот се шири во бранови и на својот наиде на препрека е подложен на рефлексија, дефлексија, дифракција,дифузија, и апсорпција (одбивање, свртување, прекршување, распрснување и впивање)
    Особено се осетливи високите фреквенции со мала бранова должина кои на својот пат можат да бидат впиени и од воздухот низ кој патуваат.

    imgext.jpg

    Ова значи дека слушателот треба да се фати во костец со стандардните собни недостатоци кои најчесто се последица на естетските и социјалните видувања не само на аудиофилот туку и на останатите членови на неговото семејство и ретко кога имаат заедничко со аудио. Но, компромисите се составен дел од аудиото па ни овде не треба да се оди ултимативно во крајности особено ако со тоа се предизвикуваат тешкотии во секојдневното живеење на останатите членови на фамилијата. Собата е доволно голем простор кој може да се намести така што сите би биле задоволни. На крај, ако се покаже дека со разместувањето ништо не се постигнало се може да биде вратено на првобитна позиција. Единствена загуба е потта и потрошеното време.
    Идеално, по звукот, би било да нема соба, ѕидови, мебел. Тогаш би се чул вистинскиот звук, оној од лабораториските услови, онаков каков што е навистина, без уплив на собната акустика.
    Вака, за што повеќе да се намалат ефектите на собната акустика потребно е звучниците да бидат оддалечени од ѕидовите но и ѕидовите да бидат третирани со материјали наменети за акустичко третирање на соби.

    На сликата подолу:
    Пред и после додавање на „стапици“ за бас односно bass traps
    Untitled.png
    Ѕидовите како објект, а не како материјална структура, најмногу влијание имаат на бас и среднотонското подрачје. Колку е еден звучнички систем поставен поблиску до ѕидовите толку долниот фреквентен дел од звучната палета ќе биде поизразен, односно ќе биде засилен давајќи привид дека го има повеќе но тој бас ќе биде матен, валкан, тежок и недефиниран.

    Најлошо е кога звучниците ќе бидат поставени во аглите на собата (и згора на се, на под) па така добиваме влијание на три површини врз басот.
    За среќа, ова го знаат и површните аудиофили па го одбегнуваат ваквото поставување на звучниците. Исклучок од ова се, нормално, звучниците кои се предвидени да стојат во агол, покрај ѕид и book shelf звучниците кај кои е „пресметано“ дека ќе стојат во близина на некаква рамна површина. За жал, со ваквото поставување не може да се смета за коректна рекреација на просторните димензии на звукот.
    Има многу теории за тоа како треба една соба да биде акустички третирана кои, додуша, се потврдени во пракса но затоа што ефектите на нивната примена се разликуваат од случај до случај истите не можат да се земат како правило. Една од теориите која заслужува шанса да се докаже а и самата не бара употреба на скапи материјали за нејзина реализација е теоријата LEDEодносно нејзиното полно име Live End – Dead End (жив крај – мртов крај)

    Спрема LE-DE акустичкиот третман еден дел од собата би требало да биде добро пригушен (акустично мртов) додека другиот крај на собата би требало да биде „жив“ односно непригушен. И додека за корисноста на оваа теорија нема многу замерки главниот проблем односно најмногу полемики предизвикува прашањето – во кој дел од собата да се сместат звучниците а во кој слушателот. Во теорија во мртвиот дел би требало да се сместата звучниците а во живиот слушателот но во пракса има исто така примери каде што подобар резултат се постигнал со обратно поставување.
    LEDE.JPG
    imgext (1).jpg

    Еден од најпознатите стручњаци за акустика на простор Helmut Haas (https://en.wikipedia.org/wiki/Precedence_effect) кој го втемелил LEDE во 1972 година ги блокирал првите рефлексии од звучниците така што ги опкружил бочните и задните ѕидови со пригушни материјали така што до слушателот доаѓал само директниот бран. Подот, исто така, го третирал со поставување на патека (стаза) со должина од 1.5m а на плафонот ставил пригушен материјал на местото на првите рефелксии. Со ова пробал да докаже дека ако се елиминираат првите рефлексии нема да дојде до нивна интерференција со директниот звук па така цел фреквентен опсег ќе биде линеарен. Меѓутоа, многу пати е потврдено дека во HI-FI не поминуваат крајностите па така неговата академски строга теорија најдобар резултат дава ако се реализира со мали отсстапувања. Во добро направен LEDE амбиент интерференците на одбиените и рефлектираните бранови е сведен на минимум а со одредена количина на рефлекции се допринесува кон подобра (ре)креација на амбиенталноста на изведувачото тело.



    Крај

    Користена литература:
    HI-FI i njegove zamke – Jova Regasek
    HI-Fi Choice во период од 1985~1995
    HI-FI (Хрватски)
    What HI-Fi
    Audio Explained - Michael Talbot-Smith
    Room acoustics for home audio
    D. Templeton: Acoustics in bulit environment, Butterworth Architecture
    C. E. Wilson: Noise Control, Krieger publishing company, Malabar
    M. Rettinger: Architectural Acoustics and Noise Control
    F.Fahy: Foundations of Engineering Acoustics, Elsevier
    Elektroakustika; B. Ivančević; Sveučilište u Zagrebu
    Zvuk, sluh i arhitektonska akustika Zagreb, 1978; T. Jelaković Zagreb
    Zavod za elektroakustiku – FER
     
    На psyside, fikiki, Tegla и уште 7 други им се допаѓа ова.
  25. zlatko.

    zlatko.
    Intern

    81
    30
    24 Јуни 2008
    Една моја најомилена тема. Браво!
     

Сподели

Вчитување...