- Ја почнал/а темата
- #1
Lazarko
Practice makes perfect
- 28 ноември 2017
- 325
- 1,109
Декември 15-ти 2000 година, 3dfx престанува да постои. Nvidia одвојува 112 милиони долари за да ја запечати судбината на овој битен и егзотичен производител на графички чипови.
Многу добро се сеќавам на овој настан затоа што за тоа време работев во Анхоч Компјутери. Тогашниот шеф на продажба – Сашо (Инаку еден од сопствениците на PC-LAND во 3 Бисери) само неколку месеци пред тоа преговараше со 3dfx за Анхоч да стане застапник (дилер) за Македонија. Но, тоа секако не се случи и јас морав со жалење да констатирам дека никогаш нема да поседувам „VooDoo 5“.
Фаст Форвард 18 години, воден од носталгијата, страста за ретро PC гејмингот и желба да се пополни таа дупка од младоста успеав да „ископам“ еден примерок кај „чичко Ebay“. Секако дека оваа картица и по нејзината реткост, но и по нејзината колекционерска вредност заслужува да има посебен дом во мојата лична колекција.
VooDoo 5 5500 AGP со 64MB Ram е карта која ја напојуваат 2x VSA-100 чипови, изработени во (за тоа време) фантастична .25 микронска технологија. За разлика од претходниците VSA-100 додава можности за 32 bit бои/текстури, 32/24 bit Z&W buffering, 9 bit stencil buffer, и многу други унапредувања во споредба со VooDoo 3. Исто така ќе за прв пат ќе претстави и нов пристап во SLI мултипроцесирањето што потоа NVIDIA ќе го прифати и ќе го употребува во иднина во своите системи и чипови. Меѓутоа дури и во своето време, во 2000 година, VooDoo 5 не може да се мери со своите конкуренти од NVIDIA и ATI.
Nvidia со своите карти Geforce 1 DDR и Geforce 2 GTS го прегазува VooDoo 4 и 5, и во перформанси, но и во цена. VooDoo 5 е едноставно прескапа (300 usd), но исто така нема поддршка за одредени DirectX функции како на пример: Transformation & Lightning кој станува адут со кој корисниците купуваат карти на Nvidia.
Уште една „Ахилова пета“ на VooDoo 5 AGP е нејзината (не)компатибилност со многу матични плочи кои не подржуваат 3.3 Volt AGP. Има многу луѓе кои ја имаат оштетено оваа карта ставајќи ја во некомпатибилни матични плочи. Чипсети кои се компатибилни со VooDoo 5 5500 AGP се Via Apollo Pro (Сите серии), Intel LX, BX, 810, 815 и 840 е последниот интелов чипсет што подржува agp 3.3 volt signaling. Некои матично socket A плочи се компатибилни, некои не се. Ниту еден петниум 4 чипсет не е компатибилен со VooDoo 5 5500 AGP. Многу конфузен е фактот дека VooDoo 4 подржува/односно работи и на 1.5 и на 3.3 волти, што укажува на конфузијата и брзањето да се извади продуктот во последните месеци од постоењето на 3dfx како компанија.
Сепак, и покрај маните оваа картичка останува желба на многу ретро ентузијасти, можеби како последен обид на компанијата 3DFX да ја избегне катастрофата која им се заканувала во 2000 година. Со изгаснувањето на 3dfx, највеќе изгубивме ние – гејмерите и љубителите на компјутерската технологија. Доколку 3dfx продолжеше да постои како трета опцијa (што би се рекло Солза Грчева во светот на графичките) не верувам дека денес high-end картите ќе беа со лудачки цени од по 1000 евра.
Но да не должам многу, еве ја лепотицата:
Останати компоненти:
Како куќиште се одлучив за „CoolerMaster Praetorian 730“ произведено во 2006-та, а во иднина може и да го сменам со некое (хронолошки посоодветно) алуминиумско од годините 1999-2001 доколку начекам некое такво.
Одлично е што има - removable motherboard tray:
Напојување Spire - 420 Вати:
Матична плоча- QDI Advance 10t - со Via Apollo Pro 133a Chipset (VT82V694X). Плоча со одличен квалитет, голема стабилност. Многу ми се допаѓа што има и ISA слот, доколку корисникот сака да се одлучи за некоја постара звучна картичка.
Во пар со Pentium 3 Tualatin на 1.3 Ghz и 512 MB SD-RAM на 133 MHZ.
На крајот, но не и последна доаѓа уште една прекрасна звучна картичка Diamond Monster Sound MX300, со Aureal Vortex 2 чип. Картичка која самата по себе заслужува тема на форумов. Одличен звук, квалитет, компатибилност со ДОС игри, миди звучат одлично итн.
Еве уште неколку слики од конфигурацијата во која ќе уживам се надевам уште долгом долго време и ќе ми остане да им покажувам на внуците што беше еднаш технологија од некое „наше“, романтично време.
Ви благодарам што уживавте во VooDoo 5, заедно со мене.

Последна промена: