1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Водич за новогодишни подароци за гикови

Дискусија во форумот 'Генерална дискусија' започната од D, 9 Декември 2017.

Тагови:
  1. D

    D
    Администратор

    3,241
    1,658
    31 Март 2007
    Оваа новогодишна сезона одлучивме да ви помогнеме во изборот на подароци за ИТ луѓето во вашиот живот или пак за вас самите, нудејќи ви одбрана листа на производи и услуги кои во моментов се на промоција на Grouper.mk.

    Повеќе инфо @ Новогодишен водич ⋆ IT.mk

    Напомена: IT.mk во соработка со Grouper.mk преку "affiliate" партнерство може да заработи преку директна продажба на производите или услугите од линковите.

     
    На igor_igor и psyside им се допаѓа ова.
  2. HocusPocus

    HocusPocus
    On your way to fame

    971
    568
    3 Јули 2007
    Ја би рекол водич за ИТ нубови :oh:
     
    На CyberMen му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Трајче Дрварчето

    Трајче Дрварчето
    Practice makes perfect

    829
    1,763
    3 ноември 2012
    Машко
    Кодош
    На dimsa и Oktar им се допаѓа ова.
  4. Fredy

    Fredy
    Unstoppable

    834
    2,143
    12 oктомври 2014
    Машко
    Јас сакам ако не е проблем?Ќе постирам и дека сум се подновил во спомнатата тема :D
     
  5. Трајче Дрварчето

    Трајче Дрварчето
    Practice makes perfect

    829
    1,763
    3 ноември 2012
    Машко
    Кодош
    Договорено, после Нова година ќе ги украдам од елката на внука ми :D
     
    На prichina и Oktar им се допаѓа ова.
  6. TylerMkD

    TylerMkD
    Unstoppable

    2,080
    3,410
    7 ноември 2014
    Машко
    1. Gigabyte PCX GeForce GT730 2GB DDR5 HDMI/DVI/VGA

    Излистана на групер како со попуст од 4500 денари за 4,099, на DDcom се продава истата за 3,834 денари.

    2. DELL WLED 21.5" E2216H, VGA, DP (1920x1080) Black EUR

    Наводно на попуст од 8000 денари за 7,359 денари, а во DDcom е излистан со цена од 7,462 денари. Попуст од 100 денари, односно нешто повеќе од 1 процент? :D

    Мислам да не продолжувам, само си трошам време.
    =====================================

    Како маркетинг потег има логика за вас, соберете си пари од групер, ама не мора IT форумот да го труеме со нивни глупости. Откако групер го превземаа банда студенти (ги знам пола од нив), спамираат само со фиктивни попусти и се надевам дека ќе почне малку да опаѓааат во промет за да им дојде памет.

    Буквално, буквално ЛАЖАТ народ, како што и докажа една тема отворена тука за онлајн курсеви - пишуваат дека курсот е 20,000 денари и на попуст го добивате за 800 денари, а на официјален сајт е излистан по цена од 100 долари...дополнително, нашиот член сфати дека и бесплатно се добива. :)

    Затоа, пак ќе замолам, групер понуди на форумов да не се нудат, барем на ова катче на интернетов има писмени луѓе кои не треба да ги труеме...
     
    Последна промена: 9 Декември 2017
    На Krkac, ТАТА_МАТА, Pulse и уште 16 други им се допаѓа ова.
  7. D

    D
    Администратор

    3,241
    1,658
    31 Март 2007
    Дечки, без хејт.... полека, не труеме ништо. Секој може да чита што и како сака на форумов, без да мисли дека секој пост се однесува директно на него. Ако не ви се купува од линкот, не купувајте, ама немора одма драми.

    Најискрено, со потегов тестираме бизнис модел на заработка преку affiliate линкови бидејќи сакаме во 2018 да го кренеме IT.mk на поголемо ниво за кое што ни требаат повеќе рерсурси, во Македонија само Grouper моментално има affiliate.

    Кажи ми која сакаш друга продавница во Македонија ќе ти извадам ист муабет за одредени производи, од Нептун каде што кафемат купен пред 5 години по цена од 6.999 ден сега е 7.999 со логика "падна доларот", до Анхоч и AMC со кинезарии, па преку DDCom за кој имаш и тема со секакви мислења на форумов... тоа е пазарот, имаме желба ние преку ИТ Маркет да го смениме но не иде тоа оп троп... муабетов е не му се нафрлајте на курирот. :)
     
  8. TylerMkD

    TylerMkD
    Unstoppable

    2,080
    3,410
    7 ноември 2014
    Машко

    Извини, како ќе го дигате маркетот преку 2 посредници? Поточно, сите производи ги продава некоја no-name фирма PC World (која е и без веб-страна), потоа прв посредник кој зема процент е групер, втор посредник со процент сте вие?

    Како што реков, океј е што сакате да заработите, ама кога ќе ставите ваков потег на IT форум, очигледно е дека таму има луѓе кои ги разбираат нештата, па еве прават „драма“. Решението е едноставно, заклучете ја темава за да не дискутираме штом нема простор за дискусија.
     
    Последна промена: 9 Декември 2017
    На iTechnique, P.Overdrive, Krkac и уште 7 други им се допаѓа ова.
  9. DrMTR

    DrMTR
    Guru

    6,287
    6,399
    27 Март 2014
    Мене ми го избришаа мислењето за темава.
     
  10. D

    D
    Администратор

    3,241
    1,658
    31 Март 2007
    Мислењето ти е избришано затоа што ниту е на темата ниту се придржува до правилата.
     
  11. D

    D
    Администратор

    3,241
    1,658
    31 Март 2007
    ИТ Маркет мислев на ова ИТ Маркет / Препорачано од IT.mk (објаснето тука > Што е идејата со IT.mk/market? ) за кој што идејата ни беше да ги промовираме добрите производи, НО ниту има за сега интерес од компаниите за соработка бидејќи се фокусирани на кинезарија, ниту пак имаше првичен интерес од членовите да сугерираат - Сугестии за IT.mk/market - што значи дека треба друга тактика и време.

    Простор за дискусија секако има, ама за on topic дискусија, а за каков е пазарот и понашањето на Групер како компанија и слично - не е место во темава, слободно отвори друга тема и дискутирај го тоа. Ја имаш нашата поддршка за такви теми и покренување на тие дискусии.
     
  12. DrMTR

    DrMTR
    Guru

    6,287
    6,399
    27 Март 2014
    Драг @D . Немаше ли да беше подобро да пишеше, "Почитувани членови ни требаат пари за XXXXX причини и поради тоа, бе замолуваме, сите оние што сте во можност донирајте сретства" отколку да се оди на вакви финти на мала врата , за генерирање на % од скам сајт како што е Групер? еве јас ке бидам првиот што ке донирам. :)

    Ми ја свати сеа поентата од мојот избришан пост, и реакциите од другите членови кога ке се спомне Групер, како можност за "добар дил" ?

    Сваќам зошто е избришано, НО поентата ми беше да ви навестам дека целава "идеологија" ви е фејк и ке наиде на нож кај членовите.
     
    На Krkac, boban984, Dave1 и уште 3 други им се допаѓа ова.
  13. D

    D
    Администратор

    3,241
    1,658
    31 Март 2007
    Пазарна економија не функционира со донации... но во секој случај ти благодариме на поддршката. :)

    Како што наведов погоре, тестираме како ке помине ова, нема потреба од крајности и драми како што спомнав и да сметате дека ова е не знам каква навреда или се однесува токму за одредени членови. IT.mk има 18.000 членови, 23.000 фанови на FB и од 5 до 10.000 посети дневно, значи имаме секакви профили на луѓе.

    За тоа дали го бива Групер или не, отворете слободно тема, дискутирајте таму.

    А за дека некоја иницијатива ке наиде на нож кај членовите - тоа не е ништо ново, кажи ми една иницијатива која што не наишла на нож? :)

    Tnx уште еднаш за поддршката! :D
     
    На DrMTR му/ѝ се допаѓа ова.
  14. kirev

    kirev
    Unstoppable

    5,323
    3,719
    31 Мај 2010
    Машко
    ICT ветеран
    Функционира. Патреон и сл.?
     
  15. xenon

    xenon
    Guru

    3,803
    9,511
    15 Јануари 2011
    Машко
    Склучете договор за дилерски статус со сет анхоч и сл и нудете онлајн производи преку нивните веб продавници.. земете големопродажни цени. Групер кај нас е фејк сајт, бледа копија на оригиналната идеја.
     
    На drifter, P.Overdrive, Krkac и уште 11 други им се допаѓа ова.
  16. D

    D
    Администратор

    3,241
    1,658
    31 Март 2007
    И јас се надевам дека еден ден ќе склучиме договор за соработка со клучните играчи, ваљда денот кога попрофесионално ќе се развие оваа гранка од индустријата.

    Full disclosure, за идејава со водичов и за affiliate контактирани се и други фирми, вклучително и гореспоменатите и не само во оваа пригода. Grouper беа единствените кои одговорија. Појди од тоа. :)
     
    На xenon му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Avid

    Avid
    Unbeatable

    3,909
    5,807
    21 Јануари 2009
    Не знам, групер порано беа топ. За 150 ден. имаше еднаш промоција 5 пати земав уствари еве ја најдов
    Grouper.mk | Зделка - Неодоливо слатко задоволство! 50% попуст на десерт + кафе по избор во италијански ресторан "Veneto" - City Mall во вредност од 280 ден. по цена од 139 ден.
    За 140 денари профи топло ладно и кафе
    Сеа у последно време ич не ми се примамливи понудите, како што спомнавте.

    Кога ќе се отвори фамозната тема за групер, префрлете ми го постот.
     
    На AleksandarCaki му/ѝ се допаѓа ова.
  18. olikomerc

    olikomerc
    Unstoppable

    4,553
    3,468
    11 Декември 2008
    Машко
    Grouper станаа обични фолиранти желни за брз профит.
     
    Krkac, Harrabed и на Zippo им се допаѓа ова.
  19. TylerMkD

    TylerMkD
    Unstoppable

    2,080
    3,410
    7 ноември 2014
    Машко
    Неколку работи и со тоа завршувам на темава:

    1. Шанса за прв впечаток имате еднаш. Ако некој кликне и види дека се нудат шунд производи со фиктивни попусти од Групер, губите репутација кај него и следната прилика нема да кликне пак. Ова е грешка што ја прават многу компании, прават маркетинг со недовршени основни елементи, односно сами себе си прават анти-реклама.

    2. Тестирате како ќе пројде - кога бирате лош партнер и уште полош добавувач (PC WORLD?!), како очекувате дека ќе пројде? Јас ви гарантирам дека ова да го правите како што треба, односно пример со Анхоч и реални попусти, ќе пројде 10 пати подобро. Така што, ова ваше тестирање нема да ви каже апсолутно ништо според мене, само може да ве одбие од иницијалната идеа...

    3. Направете интерно истражување пред да почнете - производите на групер се нудат од јуни, а има продадено по 0 или по 1 од нив во цели 6 месеци. Вие во половина месец колку очекувате да продадете тогаш?
    Да се дополнам овде, на некој од производите имате грешни линкови (HP торба), а еден е и распродаден (држач за монитор). Барем ова проверете го.

    4. Изборот за производи вришти - држач за монитор, постоље за монитор, Wi-fi штеќер, GT 730 за 4к, лаптоп од 2,500 евра (?!) и сето тоа измешано со AliExpress кинезарија која ја плаќате овде 5 пати поскапо. Ова се надоврзува на првата точка, односно шанса за прв впечаток имате еднаш.

    5. Ако никој не ви се нафаќа на идејата, преиспитајте си ја идејата. Немојте да одите на „дај шта даш“ тактика и да склучите договор со Групер.


    Накратко, според мене, од се што сте направиле ви вреди само иницијалната идеја дека треба да се почне со affiliate маркетинг во Македонија на сериозно ниво. Се друго од таму е downhill, односно имате избрано лош партнер, лош добавувач и лоши производи. Парите што ќе ги заработите од ова нема да вредат колку репутацијата што ќе ја изгубите и потенцијален иден бизнис од потрошувачите.
     
    На Delta111, moongose, iTechnique и уште 15 други им се допаѓа ова.
  20. JasSum

    JasSum
    Practice makes perfect

    1,774
    1,884
    8 Мај 2007
    Машко
    одлични зделки:
    Samsung 850 EVO 250MB:
    Grouper.mk | Зделка - Samsung Internal SSD 250GB, 2.5", SATA 6Gb/s, 850 EVO + 2 години гаранција + бесплатна достава во вредност од 7980 ден. по цена од 7469 ден.
    и како беше правилото, за реферали?

    бидејќи истиот диск во анхоч е баеги поефтин
    Anhoch PC Market Online - SSD 2.5" Samsung 850 Evo 250GB SATA3 540MB/s MZ-75E250E
    (без реферал)

    брука!
     
    На drifter, Daniel86, Krkac и уште 5 други им се допаѓа ова.
  21. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,432
    25,124
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    FYI Правилото е за форум не за портал. На Форум има линк од статијата, но не и рефералите...
     
  22. D

    D
    Администратор

    3,241
    1,658
    31 Март 2007
    @TylerMkD, делумно си во право. Ти благодариме на критиката и ќе ја земеме во обзир во следни планирања. Tnx
     
    На Oktar му/ѝ се допаѓа ова.
  23. D

    D
    Администратор

    3,241
    1,658
    31 Март 2007
    Секако дека со одобрување на редакцијата може да се објавуваат маркетинг материјали, IT.mk (во целост) е комерцијален медиум. Така да, правилото важи за членови кои без одобрување ќе објават линкови и маркетинг материјали, не и за редакцијата.
     
  24. D

    D
    Администратор

    3,241
    1,658
    31 Март 2007
    Биди сигурен дека ќе им биде пренесено.
     
    На architect му/ѝ се допаѓа ова.
  25. D

    D
    Администратор

    3,241
    1,658
    31 Март 2007

Сподели

Вчитување...