1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Водич за избор на објективи

Дискусија во форумот 'Дигитални апарати, камери и слично' започната од M.Pix, 31 Јануари 2018.

  1. ntb91

    ntb91
    Gaining Experience

    87
    81
    27 Март 2018
    Машко
    Некој да не има искуствo со широкоаголните објективи на Rokinon, за астрофотографија?
     
  2. M.Pix

    M.Pix
    Модератор

    685
    2,278
    27 Јануари 2014
    Машко
    Jas bi gi izbegnal, jas imam negativno iskustvo. Proveri samyang 14mm, ekstra za parite.
     
    На ntb91 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. ntb91

    ntb91
    Gaining Experience

    87
    81
    27 Март 2018
    Машко
    А нели Samyang и Rokinon се иста фирма?

    "Rokinon, Samyang, And Bower Lenses - These three companies, which are actually one and the same, have emerged from Korea over the past few years as one of the hottest new lens makers on the market."
     
    На krisbt му/ѝ се допаѓа ова.
  4. smole

    smole
    Unstoppable

    2,995
    3,385
    18 Април 2007
    Иста фирма се.
     
    На ntb91 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. ntb91

    ntb91
    Gaining Experience

    87
    81
    27 Март 2018
    Машко
    Малку ме збуни сега ова. Дали значи негативното искуство со Rokinon е негативно искуство со Samyang, или препорака за Samyang е и препорака за Rokinon?
     
  6. M.Pix

    M.Pix
    Модератор

    685
    2,278
    27 Јануари 2014
    Машко
    Ако се иста фирма не значи и дека квалитетот е ист. Или можеби се квалитетни ама јас како што кажав имав негативно искуство. Тоа не мора да значи дека е така, нека се изјасни некој друг ако ги има користено. Јас ги препорачувам Самјанг.
     
  7. ntb91

    ntb91
    Gaining Experience

    87
    81
    27 Март 2018
    Машко
    Дали препораката за Samyang се базира на лично искуство? Ако да, дали можеш да ми дадеш споредба, во што е подобар од Rokinon. Имам прилика да земам Rokinon за добра цена, па ме интересира малку подетално во што се разликуваат.
     
  8. M.Pix

    M.Pix
    Модератор

    685
    2,278
    27 Јануари 2014
    Машко
    Види како што кажа смоле се работи за иста фирма. Конкретно моделот 14мм ф2.8 е ист само во европа мислам дека го продаваат под името Самјанг, а во Америка како Рокинон. Јас Рокинон користев од едно другарче и сликата во центар беше остра, но по краевите не беше. Плус го имаше оној coma ефект на ѕвездите и го баталив. После некое време купив Самјанг и бев екстра задоволен, острина сосема солидна низ цела слика и coma ефектот скоро и да го немаше. Јас пак ќе ти напоменам, може и моделот така да се погодил не значи дека е така. После ова искуство јас би ги избегнал, ама ако можеш да го земеш за супер цена земи го, за тие пари ф.28 и широкоаголен објектив нема да најдеш подобро. Јас Самјангот го продадов и земав 16-35, тие 2мм не ми менуваа нешто многу.
     
    На ntb91 и Oktar им се допаѓа ова.
  9. ntb91

    ntb91
    Gaining Experience

    87
    81
    27 Март 2018
    Машко
    Фала за информациите. COMA е еден од основните и меѓу најбитните проблеми кои определуваат дали некој објектив е погоден за астрофотографија. Ќе го побарам објективот на тестирање да видам каков резултат ќе даде.
     
    На M.Pix му/ѝ се допаѓа ова.
  10. TheMarshal

    TheMarshal
    Gaining Experience

    172
    207
    3 Јануари 2019
    Машко
    Сакам да купам некој (или неколку) објектив(и) за Sony E-mount. Па пошто видов во Pix Plus нема многу избор (повеќето им се out-of-stock од тие што ме интересираат), а цените во Галерија се изгор (пример: 50мм 1.8 е 18000 и се чека неколку недели).

    Која продавница за фото опрема од "комшии" ја препорачувате? Видов Josipovic имаат добар избор, ама кај нив нема опција за повраток на ДДВ... Axel нема ништо објавено на вебсајтот.
     
    На flashgordon007 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. M.Pix

    M.Pix
    Модератор

    685
    2,278
    27 Јануари 2014
    Машко
    Axel foto, на фб ќе го најдеш по порака ќе ти каже и цена, праќа до Ниш ако не ти се оди до Белград. За Солун plaisio.gr.
    Највеќе избор имаш на овие 2 места и одлични цени.
     
    Oktar, Маша и на TheMarshal им се допаѓа ова.
  12. TheMarshal

    TheMarshal
    Gaining Experience

    172
    207
    3 Јануари 2019
    Машко
    Фала

    Како заборавив на Plasio лол.
     
    На M.Pix му/ѝ се допаѓа ова.
  13. mrkela2009

    mrkela2009
    Gaining Experience

    152
    169
    24 Јануари 2010
    Машко
    dynaphos.com ако те носи патот накај софија,редовно имаат попусти поготово на сони линијата.

    Sent from my Redmi Note 4 using Tapatalk
     
    На Oktar и TheMarshal им се допаѓа ова.
  14. smole

    smole
    Unstoppable

    2,995
    3,385
    18 Април 2007
    repella.gr po mejl kontaktiraj gi, cel ddv od 24% go vrakaat, i fotomarket.gr se snabdeni, dvata sajta se solunski vistinski prodavnici za aparati.
     
    На TheMarshal му/ѝ се допаѓа ова.
  15. M.Pix

    M.Pix
    Модератор

    685
    2,278
    27 Јануари 2014
    Машко
    Да се надоврзам на темата, не знам дали сте информирани ама Канон имаат старо за ново понуда. Еве кои се попустите. Ова важи само во продавниците што се официјални реселери на канон. У принцип треба да однесете било каков апарат нормално ФФ, и зависи која серија ќе ја земете добивате попуст (пр. eos R серијата е 600 евра). Моментално кај нас EOS R со 24-105 кит е 3000 евра, во грција е 3100, со 600 евра попуст ако се однесе стар апарат доаѓа 2500. На таа цена и такс фри, прилично добра понуда ако имате некој постар модел на ФФ тело.
    213.jpg
     
    Sharlovski, TheMarshal, GGTT1 и на уште 1 им се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...