1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Водич за избор на објективи

Дискусија во форумот 'Дигитални апарати, камери и слично' започната од M.Pix, 31 Јануари 2018.

  1. M.Pix

    M.Pix
    Practice makes perfect

    494
    1,705
    27 Јануари 2014
    Машко
    После темата Водич за избор на фото апарат, мора да имаме и еден ваков водич. Ако сте ја прочитале темата веројатно веќе знаете дека кога почнувате со фотографија подобро би било да инвестирате во добар објектив. Добар објектив со средно тело е многу подобро отколку добро тело со лош објектив. Да почнеме.

    Исто како и кај апаратите, и кај објективите (леќа - често се користи кај нас) постојат неколку категории.

    - Стандардни/фиксни
    - Макро
    - Телефото/зум
    - Широкоаголни
    - Специјални (не знам како да ја наречам оваа категорија ама тука спаѓаат тилт шифт објективи)

    Зависно од потребите за секое поле во фотографијата се користат одредени објективи. Да разграничиме од старт, не постои совршен објектив за секоја пригода. Мора да се направи некаде компромис, зависно од колку острина ви треба, зум, светло, колкав ви е буџетот итн. Тоа што ја прави сликата остра, со убави детали е резултат на добар објектив.

    Историјата со камерата и објективот датираат уште од пред наша ера, кога кинескиот филозоф Мо Ти ги забележал ефектите на камера обскура, а подоцна, во четвртиот век, истиот ефект го користел и грчкиот филозоф Аристотел.

    Што е камера обскура?
    Ако целосно ја затемините собата и оставите еден сосема мал отвор низ кој ќе влегува светлината во просторијата, погледот од вашиот прозорец ќе се појави како превртена слика која се проектира на ѕидот.
    Тоа се случува поради линеарното патување на светлината и тој процес познат како „камера обскура“ е основа за фотографијата.
    2.jpg
    Леонардо да Винчи во 1490 година бил меѓу првите што препорачал гледање на пеjзаж од темна соба со мал отвор низ кој ќе влегува светлина и ќе се проектира на лист хартија.

    Во следните 50 години се случуваат две многу важни откритија за фотографијата:

    - Оптичките леќи
    - Дијафрагмата (или бленда)

    Двете биле користени за да се изостри сликата и се основа за денешните елементи на фотоапаратот. Значи објективот/леќата е тоа што ја пренесува целата слика т.е. светлина во апаратот и ја има контролата на фокусот.
    3.jpg



    Сега да ги објасниме категориите.

    1. Стандардни/фиксни
    Многу популарна категорија. Самиот термин ни кажува дека објективот е фиксен. Имаме различни типови, 8мм, 16мм, 20мм, 24мм, 35мм, 50мм, 85мм, 100мм, 125мм, 200мм итн. За стандардни се сметаат оние околу 50мм, другите спаѓаат во широкоаголни или во телефото, но сепак се фиксни објективи. Овие објективи најчесто имаат максимален отвор на бленда од 1.2, 1.4 евентуално 1.8 или 2.2 што дава одлични резултати во слаба светлина, многу се побрзи од било која друга категорија и се многу остри. За останатите категории најчесто сликата има дисторзии, додека кај фиксните речиси и да нема.
    8.jpg
    50мм, 85мм и 100мм се одлични за портретна фотографија, бидејќи даваат најреални геометриски резултати. Подоцна ќе ја видиме разликата со другите должини и какви деформации прават.

    2. Макро
    Специјално дизајнирани објективи за close-up фотографија. Најчесто се користат за фотографирање на инсекти, цвеќиња и доколку сакате екстремно добри детали. Кај другите категории треба прилично да се оддалечите од субјектот што го фотографирате за да можете успешно да фокусирате.
    9.jpg
    Макро објективите ви даваат резултати и слики што со голо око е речиси невозможно да ги забележите. Резултатите од овие објективи се во нереална големина и има преголема репродукција. Focal length (не знам превод на терминов) е многу битен фактор во макро фотографијата бидејќи ја одредува дистанцата од субјектот што го фотографирате.

    3. Телефото/зум
    Телефото или зум објективите имаат голем focal length што дозволуваат фотографирање на голема дистанца. Најчесто се многу потешки од било кои други објективи и за телефото се сметаат над 70мм. Докај 200мм се сметаат за медиум телефото, а над тоа е веќе супер телефото. Ако гледаме на 35мм сензор медиум телефото ќе ви овозможи одприлика од 30 до 10 степени field of view, а супер телефото од 8 до 1 степен.
    10.jpg

    Овие објективи претежно се користат во спортска или wildlife фотографија. Секако имаат намена и во други категории како на пример портретна фотографија.

    4. Широкоаголни
    По мое мислење едни од најкористените објективи. Најчесто поради големиот field of view што го овозможуваат и можат да се користат и во секојдневна употреба. Обично апаратите денес ако ги купите доаѓаат со кит објектив кој е најчесто широкоаголен (18-55мм). Зависно од focal length-от претежно има големи дисторзии и искривувања на фотографијата. Ако ги земеме 8мм или 11мм и фотографираме архитектура т.е. прави линии видливо може да се забележат пореметувањата.
    6.jpg

    Најчесто доаѓаат со 2.8 или 4 отвор на бленда. Има модели кои се страшно остри но лично јас избегнувам да ги користам и преферирам фиксни објективи. Екстремно широкоаголните објективи даваат 180 степени field of view и абстрактни резултати.


    Сега да објасниме што е focal length, бленда и image stabilization и зошто се многу битни.

    1. Focal Length
    Focal length е преставуван во милиметри т.е. мм како скратеница. Најчесто се греши и луѓето мислат дека тоа претставува должина на објективот - не, тоа е оптичкото растојание од точката каде светлосните зраци пропуштаат и формираат слика па се до сензорот. Focal length на објектив се одредува кога ќе се фокусира на инфинити. Поедноставно кажано е колку поголем focal length, толку поголемо зголемување и помало поле на видливост. Колку помал focal length толку пошироко поле на видливост и помало зголемување.
    1.jpg


    2. Бленда

    12.jpg

    Кога се купува објектив, многу е битен отворот на бленда. Тука лежи целата магија. Колку помал f толку повеќе светлина, но и фокусот е помал. Колку поголемо f толку поголем фокус но и помалце светлина. Блендата е таа што ја пропушта целата светлина до сензорот. Зависно од потребите користиме различни отвори на бленда. Со блендата го контролираме полето на фокус. Со 1.4 фокусирано би било она што е пред нас, а се друго би било надвор од фокус и се постигнува таканаречениот bokeh ефект, и обратно. Со ф16 се што е пред нас ќе биде во фокус.
    13.jpg

    3. Image Stabilization
    Некои објективи го поседуваат некои не. Оваа техника го намалува блурот при подолга експозиција односно помал шатер спид. Оваа техника се користи и кај телескопи, понапредни двогледи и слично. Кај апарати или камера за перфектно чиста слика би било убаво објективот да биде со IS за да нема блур фотки или нестабилизирано видео. Со IS убаво е да се знае дека кога апаратот е на трипод ова треба да биде изгасено. Самата леќа т.е. објектив ќе бара некаков вид на движење и ќе проба да го редуцира и автоматски имате обратен ефект.
    14.png

    4. Фул фрејм и кроп фактор
    Многу битно! Има специјално објективи кои се наменети за фул фрејм апарати, и посебни за кроп тело. Објективите кои се наменети за фул фрејм апарати може да се користат на кроп тело апарати, но не и обратно. На пример 55-250 е зум објектив за кроп тело. Истиот објектив на фул фрејм апарат не може да се искористи додека 70-200 е објектив за фул фрејм и на кроп тело ќе функционира како 105-300. Оваа бројка варира од апарат до апарат во зависност од кроп факторот. При избор на објектив внимавајте колкав кроп фактор има вашиот апарат и соодветно пресметајте:
    Ако кроп фактор апаратот има 1.5, а објективот е 20мм на кроп тело field of view ќе добиете 30мм. Кроп факторот го множиме со focal length-от.

    Сума сумарум тие се категориите и битните работи што треба да ги запазите при купување на објектив. За полесна ориентација:
    [​IMG]

    Спортска и wildlife фотографија:
    Се што е над 70мм. Отвор на бленда тука не ви игра никаква улога затоа што секако ќе користите над ф5.6 па и повеќе. Тука повеќето објективи доаѓаат со IS, но ако немаат препорачливо е да земете некој што има, но не и задолжително. Со тек на време или со зголемување на шатер ќе го постигнете ефектот на IS.
    Идеален објектив: 70-200mm 4

    Портретна фотографија:

    Од 50мм па се до 150мм. Отвор на бленда многу битен. И фиксната 50ка и за Канон и Никон е 1.8 што е одлично. Идеална должина би било 85 бидејќи дава и најреални резултати меѓутоа фиксната 85ка е прилично скапа, така да може да комбинирате со зум ленс 70-200 или 55-250 за кроп сензор.
    Идеален објектив: 85mm 1.2

    Макро фотографија:
    Макро леќите варираат и зависно од потребите ќе си изберете потребна должина. Тука игра улога во зависност од тоа дали ќе сликате од голема далечина или имате можност да се приближите до субјектот. Отворот на бленда е исто така важен затоа што се фотографира многу мал објект и е многу битно да изберете што ќе ви биде во фокус и колкав depth of field ќе имате.
    Идеален објектив 100mm 2.8

    Пејсажна фотографија:
    Од 16мм па се до бесконечност. Се што е под 16мм ќе ви дава големи дисторзии и ќе ви ја уништи сликата. Тука се користат и телефото објективи но претежно се широкоаголните. Блендата е скроз небитна бидејќи тука секогаш блендата е нешто над 5.6 идеално 8.
    Идеален објектив 16-35 2.8

    Астрофотографија:

    Само широкоаголно и што поголем отвор на бленда.
    Идеален објектив 14мм

    [​IMG]
    [​IMG]

    Уште еден совет е дека фиксен објектив секогаш ќе биде поостар од било кој зум објектив. Зум објективите внатре имаат неколку стакла кои при фокус се изместуваат за да го постигнат ефектот на фокус. Кај фиксните е едно стакло, и затоа секогаш тие имаат поголема бленда т.е. пропуштаат повеќе светлина. Едно стакло ќе пропушти повеќе светлина од 3-4-5 итн. Генерално тоа е се што треба да знаете, нема да навлегувам во многу детали не сакам да ве збунам. Најдобар почетнички објектив што би го препорачал е фиксна 50ка 1.8. 7000 денари, и одлични резултати. И секако, никако да користите или купувате апарати со кит објективи. За парите може да се купи многу подобар објектив.

    Брендови кои произведуваат добри објективи се Канон, Никон. Тамрон, Сигма, Токина до некаде и Сони. Се друго би избегнувал во моментов.
     
    Последна промена: 31 Јануари 2018
    На HardCorec, EXBNN, Koen и уште 38 други им се допаѓа ова.
  2. fikiki

    fikiki
    Gaining Experience

    62
    120
    8 Јануари 2010
    Одличен пост, убаво објаснети основните поими за објективите.
    Околу терминот "focal length", најсоодветен превод на македонски би бил „фокусно (или жаришно) растојание“.
     
    На moongose и M.Pix им се допаѓа ова.
  3. Whisky Vishera

    Whisky Vishera
    Гостин

    Јас би кажал во следниот редослед според ниво квалитет - производители за објективи - Zeiss, Nikon, Sony, Canon, Sigma, Tokina, Tamron - од тоа што е достапно кај нас во PixPlus.
     
  4. psyside

    psyside
    Rising Star

    24,253
    23,944
    4 Септември 2008
    Се знае кога ќе видам тема од тебе уште пред да ја отворам дека е нешто посебно, свака част. Ида важна одма.
     
    На M.Pix му/ѝ се допаѓа ова.
  5. sostius

    sostius
    Gaining Experience

    128
    350
    16 Јануари 2017
    Машко
    Фотограф
    Тука не се согласувам воопшто. Сигма во последните неколку години направи бум со Арт серијата. Како активен корисник на нивните објективи можам да кажам дека, на пример 50 мм ф1.4 арт објективот е на исто скалило со zeiss 55mm otus, којшто чини 6 пати повеќе, a e мануелен објектив без автофокус. Споредба со актуелниот лајнап на никон воопшто нема. Исто така, во мирорлес сегментот, кај Сони е-маунт, Sigma 16mm f/1.4 е најдобар прајм објектив без конкуренција.


    Испратено од [device_name] преку IT.mk форум апликација
     
    stefano, stefan_off и на M.Pix им се допаѓа ова.
  6. smole

    smole
    Unstoppable

    2,666
    2,812
    18 Април 2007
    Супер тема, надополни го постот со објаснување за tilt-shift ако можеш.
     
    На M.Pix му/ѝ се допаѓа ова.
  7. M.Pix

    M.Pix
    Practice makes perfect

    494
    1,705
    27 Јануари 2014
    Машко
    Исто, не се согласувам воопшто. Сони се толку добри што скоро никој не ги користи нивните објективи, па корисниците често со адаптер користат објективи од Канон и Никон. Zeiss не ги ставив воопшто во листава бидејќи воопшто ги нема кај нас, ниту пак во соседството. Квалитетни се многу, ама у државава ако најдеш Zeiss е веројатно 10 години минимум стар објектив. Јас користев Distagon серија и беше одличен, ама Сигма со арт серијата сменија многу работи.
    Во план ми е и за тилт шифт и за Cine Lens да објаснам.
     
    На smole му/ѝ се допаѓа ова.
  8. hipo

    hipo
    Practice makes perfect

    1,556
    1,277
    27 Јануари 2011
    Машко
    Сите што преминале на Сони веќе имаат Канон/Никон и затоа користат адаптери и објективи кои веќе ги имаат.
     
  9. moongose

    moongose
    Practice makes perfect

    1,547
    1,726
    19 Јули 2013
    Браво за напорот и времето.

    Само би замолил да користиш македонски термини, барем оние што се одамна во употреба. Тоа англиските ми параат очи. А и оние што ќе го читаат текстот за да се запознаат со проблематиката, ќе ги научат правилните термини.

    Focal length=фокусно растојание или фокусна должина
    Depth of field=длабинска острина
    Field of view=видно поле
    Камера оПскура
     
    flashgordon007, kirev и на fikiki им се допаѓа ова.
  10. Whisky Vishera

    Whisky Vishera
    Гостин

    Zeiss има во PixPlus неколку модели, еве една 50-ка за Sony FE Mount Zeiss Loxia 50mm f/2 Planar E Mount еве и уште едно ѕеишче: Sony Vario-Tessar T* FE 24-70mm f/4 ZA OSS Lens

    За Sigma се согласувам дека со Art серијата се искачија многу високо на „стакло“ рангот, чекам да извадат нешто за sony mount па да истестирам со мојата A-7ца.

    За Nikon стакло можеби е прашање на вкус ама фактите кажуваат дека 90% од научните институции у јуесеј што прават некакви експерименти или истражувања каде што е потребна критичка острина и прецизност се oпремени со никон тела и стакла, а чим и NASA решила да го качи секој можен објектив од Nikon горе на ISS у задњи 20 години - мислам дека е тапија за квалитет.


    NASA just ordered 53 Nikon D5 DSLRs for the ISS and training purposes

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]
     
  11. Oktar

    Oktar
    Guru

    2,999
    7,959
    23 oктомври 2012
    Машко
    Ја би го ставил Канон пред Никон и Сони. Канон го нема најдобриот сензор ама објективите им се мн подобри од другиве.
     
  12. gokica

    gokica
    Модератор

    7,806
    8,912
    13 Јуни 2009
    Фантастична тема. Браво!

    Јас само би рекол дека најдобар бренд за објективи е, и секогаш ќе биде дискутабилно. Ама ако, убаво е да се дебатира и да спротиставиме мислења.
     
    На psyside му/ѝ се допаѓа ова.
  13. psyside

    psyside
    Rising Star

    24,253
    23,944
    4 Септември 2008
    Ај едно прашање малце офтопик, колку разлика (од тепка) би требало да направи во ниска осветелност разлика од F 1.7 > F 1.5? ако може некоја претпоставка изразена во проценти, зборувам за телефони иначе.
     
  14. Taurus

    Taurus
    Модератор

    2,230
    811
    13 oктомври 2007
    Машко
    UI Designer
    10-15%. Со мобилни леќи не си играм, ама моја претпоставка е таа.
    Кај апарат, пример 50мм 1.4 е дупло поскапа од 50мм 1.8.
    Моментално две леќи користам 50мм 1.8 и китот 18-55mm f/3.5-5.6. Разликата за осветленост е ден и ноќ.
    Ноќе во затворен простор немам потреба од блиц со 50мм, а тоа беше причината што ја земав, да можам бебето да си го сликам без користење на блицеви ;)
     
    На psyside му/ѝ се допаѓа ова.
  15. psyside

    psyside
    Rising Star

    24,253
    23,944
    4 Септември 2008
    Ова подобрување би требало да е од сите аспекти? или само пример во детали и шум? знам дека има многу други фактори, сензор, големина на пиксели, процесирање итн, но хипотетички еднаков сензор, се друго исто, само F1.5 v F1.7 во таа ситуација разликата е повторно иста?

    Извинување за офтопик.
     
  16. moongose

    moongose
    Practice makes perfect

    1,547
    1,726
    19 Јули 2013
    28,4% ако пресметав точно.
     
    На psyside му/ѝ се допаѓа ова.
  17. M.Pix

    M.Pix
    Practice makes perfect

    494
    1,705
    27 Јануари 2014
    Машко
    Зависи, би требало да варира. Обично апаратите користат 35мм сензори. 1.5 т.е. 1.4 кај дслр и мобилен е скроз различно. Отворот, дијаметарот се многу поголеми и пропуштаат многу светло, кај мобилен не е така. Разликата на 1.5 и 1.7 моја претпоставка би била некаде околу 20% но пак тука влијаат други фактори. Ќе добиеш поголемо bokeh ама и различен depth of field. Која големина на сензор користат мобилните? Ако Еџ и Ајфон користат различна големина на сензор, а и двата се 1.8 џабе е споредбата. Реални споредби на бленда само со ист сензор, инаку нема логика да се споредува.

    50мм на фиксен и 50мм на 18-55 е различно. Отворот е тој но кај фиксна леќа имаш едно стакло додека кај кит повеќе и затоа пропушта помала светлина.
     
    На Taurus и psyside им се допаѓа ова.
  18. Taurus

    Taurus
    Модератор

    2,230
    811
    13 oктомври 2007
    Машко
    UI Designer
    Зборувам за подобрување само за потребата од светлина, кога станува збор за исти телефон, иста леќа..... Споредба помеѓу F1.5 и F1.7 на два различни уреди не може така едноставно да се изрази, има премногу математика и од другите фактори.
     
    На psyside му/ѝ се допаѓа ова.
  19. psyside

    psyside
    Rising Star

    24,253
    23,944
    4 Септември 2008
    Не знам дали се рабравме, исти телефон, иста леќа, исти процесор, исти драјвери, ист софтвер, буквално се исто. Но едниот F 1.5 vs F1.7...
     
  20. moongose

    moongose
    Practice makes perfect

    1,547
    1,726
    19 Јули 2013
    Така де, само така и има смисла споредбата.
    28,4%, што е нешто помалку од 1/3 EV. Тоа нешто помалку е 17% :)
    Со други зборови до сензорот со 1.5 ќе стигне 28% повеќе светлина отколку со 1.7. Тоа значи дека исото може да се симне за соодветно толку или времето на експозиција за исто толку да се скрати.
    Во првиот случај би добил маааалку помалку шум, во вториот маааалку понезаматена слика заради движење дали на телефонот дали на субјектот што се слика.
     
    Boce!, fikiki, M.Pix и на уште 1 им се допаѓа ова.
  21. psyside

    psyside
    Rising Star

    24,253
    23,944
    4 Септември 2008
    Great great, фала ептен. Супер објаснето.......дали и колку би правела разлика големината на пикселите кога се работи за оваа тематика?

    Уред 1, 1.4 микрона пиксели F 1.7

    Уред 2, 0.9 микрона пиксели F 1.5

    Дали е можеби премногу комплицирано тоа да се пресмета, знаејќи дека сега се работи за уреди со различен хардвер?
     
  22. moongose

    moongose
    Practice makes perfect

    1,547
    1,726
    19 Јули 2013
    Тукушто уфрли 67 непознати во равенката :)
     
    На psyside му/ѝ се допаѓа ова.
  23. Boce!

    Boce!
    Gaining Experience

    101
    129
    4 Август 2017
    1.7 би требало да е за 1/3 потемно од 1.5 (тој сооднос е на 1.8 према 1.6).
    Тоа е со 0.67 к-ент потемно.
    Е сега, 0.9 х 0.67 = 1.503 [микрони].

    Со други зборови, 1.5 микронски пиксел на 1.7 бленда ќе прими исто светло со 0.9 микронски пиксел на бленда 1.5.
    Бидејќи овде пикселите со потемна бленда се 1.4 микрони, ќе примат помалку светло.

    На кратко - втората опција би била за нијанса (1.5/1.4=7%) посветла од првата.
    Во услови кога се друго е исто, што никогаш не е така .
     
    На omegaRED му/ѝ се допаѓа ова.
  24. DarkEnchanter

    DarkEnchanter
    Practice makes perfect

    1,808
    1,355
    17 Август 2014
    Машко
    Сакам за земам сигма 18-35 1.8 за канон.

    Имам 80д.

    Видов дека имало проблеми со фокусот

    View: https://youtu.be/BsKxlHY5zmM


    Ама од пред три месеци има апдејт на фирмверот и викаат е средено
    (new firmware released) Sigma 18-35 1.8 ART inaccurate with DPAF in LiveView on 80D or newer: Canon EOS 7D / 10D - 80D Talk Forum: Digital Photography Review


    Што мислите?


    Sent from my iPhone using Tapatalk
     
  25. DarkEnchanter

    DarkEnchanter
    Practice makes perfect

    1,808
    1,355
    17 Август 2014
    Машко
    Сепак пак имаше проблеми со фокусот, не го земав, ама моа ќе погодеше мн оштар објектив.

    Само на 1.8 бега ама пак што ќе ми 1.8 објектив ако не работи како што треба.

    Инаку имам 80д со 18-135 и 70-200 ф4

    Е сеа др недела ќе земам 6д марк два и исм простор за уште еден објектив и се мислам вака.

    За 80д да земам и сигма 17-50 2.8
    А 6д марк 2 да го користам до 70-200

    Што мислите?


    Sent from my iPhone using Tapatalk
     

Сподели

Вчитување...