1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Водич за избор на фото апарат

Дискусија во форумот 'Дигитални апарати, камери и слично' започната од M.Pix, 6 Август 2017.

  1. M.Pix

    M.Pix
    Модератор

    765
    2,555
    27 Јануари 2014
    Машко
    Зашо да не. Кога веќе има водич за склопување на конфигурација, редно е и за апарати и објективи да има. Во последно време често го слушам ова прашање “Кој апарат/објектив да го земам?” па да ги разјасниме малку работите.

    Има многу видови на апарати, од мали point-and-shoot па се до професионални DSLR.
    Поделбата и апаратите на кои ќе се задржам е следна:
    - DSLR
    - Mirrorless
    - Point-and-shoot

    Овие 3 вида се најзастапени и популарни. Да ја објасниме разликата.


    1. DSLR – Digital Single-Lens Reflex

    Дигитална камера со механизми, оптики и дигитален сензор. Спротивно од аналогните апарати т.е. оние што користат филм. Главните и големите разлики помеѓу видовите на апарати е како светлото патува до сензорот. Овие типови на апарати светлото го пропуштаат преку објективот кое потоа иде до огледалото (mirror) и потоа до сензорот односно viewfinder-от. DSLR камерите почнуваат да ги заменуваат филмските камери некаде во 2000те, а во последно време доста популаризирани се мирорлес апаратите, но сепак DSLR остануваат на врвот. И кога ќе ви текне на скапи апарати прво што ви текнува е на DSLR.
    DSLR.jpg
    DSLR апаратите се создадени од главно 2 дела. Тело и објектив. Објективите кај овие камери можат да се вадат и да се заменат со други, зависно од потребите на фотографот. Благодарение на сензорот кој се наоѓа во телото, корисникот има live view на она што сака да го фотографира. Големината на сензорите е одрпилика колку 35мм филм или нешто помало. Предноста на поголем сензор е што нуди одлични перформанси во слабо осветлени средини односно помалку шум. Кога се купува овој тип на апарат се прават големи грешки. Често корисникот сака подобар апарат, и го комбинира со ефтин објектив. НЕ!

    Кога станува збор за квалитет на слика објективот ја има главната улога. Објективот е тој што го собира светлото, па затоа многу поважно е да имате добар објектив со лош апарат одколку добар апарат со лош објектив.


    2. Mirrorless


    Овој тип на апарати е најсличен со DSLR. Сепак колку се слични толку и се различни. Самото име кажува овие апарати го немаат тоа огледалце во телото. Функционираат на скроз различен начин од оној на DSLR-те. Имаат неколку предности и маани. Предноста кај овие апарати е што се многу помали и полесни. Негативната страна е што повеќето од нив имаат многу помали сензори од DSLR апаратите и нудат лоши услови односно повеќе шум, вадат полоши слики во слабо осветлени простории и слаб depth-of-field.
    mirrorless.jpg
    Во последно време овие апарати земаа голем замав и голем број професионалци полека почнуваат да ги употребуваат бидејќи многу брзо почнаа да се развиваат. Мало тело, а голем сензор е голема предност. Фул фрејм сензорите веќе ги има и кај овие апарати и нудат одлични услови. Исто така и овие апарати имаат објективи кои се вадат и менуваат, но изборот е драстично помал, па затоа често корисниците користат адаптери и користат објективи од Канон или Никон. Ако порано овој тип на апарат го користеа само обични луѓе за хоби, сега почнаа и професионалци.
    difference-dslr-mirrorless.jpg
    Разликата меѓу DSLR и мирорлес


    3. Point-and-shoot или познати како идиотчиња


    Овој тип на апарати е најраспространет меѓу оние кои не се сметаат за фотографи. Користат вградени објективи кои сами фокусираат и доаѓаат со вграден блиц. Предноста е што се доста мали па ги собира во секој џеб. Порано сите сме ги имале. Кога немаше добри камери на телефоните ги користевме овие. Повеќето доаѓаат со 1/2.3" сензор или понови модели со 1”, а има и такви кои доаѓаат со APS-C па и со фул фрејм.
    pas.jpg
    Негативната страна кај овој вид на апарати е што имаат недостаток од мануелни функции па се е оставено на автоматското сликање и големината на сензорот. А, поради нивната големина сензорите се доста мали па нудат лоши перформанси.

    sensorsize.png

    И ниедна фотографска тема не може да помине без ова – Џабе најскап апарат ако немаш око. Дај му на професионалец point and shoot ќе извади фотографија каква што ни аматер со најскап DSLR не може. Совет до сите почетници е да се фокусираат на себе и да вежбаат техники со тоа што го поседуваат. Нека не биде пречка еј неам пари за камера иам една со 5 мп катастрофа е… Најдобар апарат е тој што го имаш со себе во моментот.

    На што да внимавам кога купувам апарат?


    1. Мануелни функции

    Не знам за другите ама мене знам дека многу ме нервира кога ќе видам некој со скап апарат и наместен да слика автоматски. Тогаш која е потребата од скап апарат? Кажав погоре, тој што знае како со апарат ќе извади добра слика. Разликата од ефтин DSLR и скап е во големината на сензорот, и некој други функции кои даваат нијанса подобри услови.

    Кога сликате автоматски без мануелни сетинзи, самиот апарат ги подесува shutter-от, блендата и ISO-то. Има и полу-автоматски модови како Av, Tv и S. Едниот ви менува само шатер другиот само бленда итн. Доста е корисно кога сте почетници. Што побрзо го научите мануелниот мод толку подобро за вас. Сепак кога веќе имате професионален апарат, извадете го максимумот од него.
    Главните модови што ве интересираат се M, Av и Тv. Повеќето DSLR и Mirrorless апарати ги поседуваат овие модови, кај идиотчињата е друга ситуацијата, пред да купите убаво проверете.


    2. ISO

    Многу важен дел. Исото контролира колку е сензитивен сензорот на самиот апарат. Зголемувајќи го сензивитетот на сензорот имате опција да сликате во лошо осветлени услови без дополнително светло. Поголемо ISO подобри слики во темница, но и повеќе шум.
    iso1.jpg
    iso2.jpg
    Некои апарати имаат опција за исо од 25.600 па се до 102.000. Поновите модели на апарати дозволуваат поголемо качување на исо. Секогаш кога купувате апарат, ако сакате да сликате во ноќни услови без светло или слабо светло гледајте го ISO-то. Повеќето нудат одличен квалитет до 1000 ISO, се над тоа дава шум. Но нека не ве спречува шумот, експериментирајте.

    3. Megapixels

    Обично кога сите купуваат апарат гледаат да има што повеќе мега пиксели. Тотална грешка. И со 4 мегапикселна камера ќе извадите одличен квалитетен принт. Пикселите играат улога во големината на фотографијата и острината на истата. Да битни се, но не најбитни и не е прво нешто што треба да го проверите.


    4. Ергономија

    Мене ова ми е едно од најважните при купување апарат. Порано кога сликав по дискотеки користев Канон 5Д Марк 3 со батери грип + 2 батерии + блиц + 24-70. Замислете како е да сликате 4-5 саати со 3 кила во рацете. Многу битна улога игра самата тежина на апаратот. Тежината мене не ми е пресудна, ама поставеноста на копчињата и функциите да. Џабе е топ апаратот ако не ви лежи во рака. Секој тип на фотографија е различен ама тогаш многу битна улога ми играа копчињата и брзо да можам да пристапам до секоја функција. Сега кога сликам скроз друго па и не ми е битна брзината.

    Денешно време голем дел имаат скоро иста поставеност на копчиња. Главните разлики се во поставеноста кај фул фрејм и кроп сензори.


    5. RAW

    Да не дојде до забуна овој формат кај Никон е наречен NEF. Овој формат зафаќа многу повеќе простор во меморијата од JPEG бидејќи не е завршен продукт односно не е компресиран.
    Кога сликате во RAW формат имате целосна контрола врз сликата. Проблемот е што овој формат ретко го има на помалите апарати. Интересен факт е што секој апарат слика во овој формат но самиот апарат ја компресира сликата во JPEG формат. Кога апаратот ќе ја прими светлината преку објективот поминува низ Баеровиот калкулатор и се добива JPEG форматот. Додека RAW форматот содржи само ISO вредност. Се надевам сликата ќе ви појасни:
    raw1.gif
    Светлината пропуштена низ сензорот во овој формат е од 4096 до 16384 нијанси додека кај JPEG форматот е само 256. Ова е опишано и како битови. JPEG форматот е само 8 битови додека RAW слика или 12 или 14 битови.
    Затоа при едитирање на сликите односно на овој формат не се губи никаков квалитет на сликата.
    За најдобро да ја воочите разликата помеѓу овие 2 формати пробајте да сликате во многу темна просторија или на директна светлина. Со RAW формат при едитирање ќе можете многу податоци кои се изгорени од светлина или се претемни да ги вратите, додека кај JPEG форматот ќе добиете само дополнителен noise и ќе изгубите квалитет.
    raw2.jpg
    RAW форматот доаѓа како негатив во аналогната фотографија и се добива приказ на сликата но тоа што треба да го има го нема, и треба да се намести.
    RAW сликите зафаќаат повеќе простор одколку обичните JPEG фотографии, а исто така и побавно се запишуваат на картичките на апаратот. Ова е воочливо доколку сликате долга експозиција или фотографирате повеќе слики во секунда. Затоа трудете се секогаш да ја имате оваа опција кај апаратот што сакате да го купите.


    Ова се главните карактеристики што треба да ги барате кај секој апарат при купување. Има уште милион други функции но воопшто не играат улога во квалитетот на сликата, а и на останатите ретко ќе им најдете примена.

    На што да внимавам ако сакам да фотофрафирам...

    Астрофотографија

    - Големина на сензор (Препорачливо: фул фрејм сензор)
    - Што поголемо ISO
    - Мегапиксели


    Спортска фотографија


    - FPS или Frames Per Second
    Некои апарати дозволуваат 3 слики во секунда, додека некои и по 10. Во зависност од потребите изберете колку слики во секунда ви се доволни.

    Овие 2 категории ми се главни со највеќе разлики. Кај секоја друга тематика доволни ви се првите 5 точки. Сите останати функции се џиџимиџи. И како што кажав, многу е побитно објективот кој ќе го користите одколку телото т.е. апаратот.


    1. Астрофотографија

    - Ниска класа

    - - Canon 800D


    24.2 MP APS-C CMOS Сензор
    DIGIC 7 Процесор
    ISO 100-25600 (Extended Mode: 100-51200)


    - - Nikon D5600

    24.2 MP DX-Format CMOS Сензор
    EXPEED 4 Процесор
    ISO 100-25600

    - Средна класа

    - - Canon 77D

    24.2 MP APS-C CMOS Сензор
    DIGIC 7 Процесор
    ISO 100-25600 (Extended Mode: 100-51200)

    - - Nikon D7500


    20.9 MP DX-Format CMOS Сензор
    EXPEED 5 Процесор
    ISO 100-51200 (Extended Mode: 50-1640000)

    - Висока класа

    - - Canon 80D

    24.2 MP APS-C CMOS Сензор
    DIGIC 6 Процесор
    ISO 100-16000 (Extended Mode: 100-25600)

    - - Nikon D810A

    36.3MP FX-Format CMOS Сензор
    EXPEED 4 Процесор
    ISO 200-12800 (High Sensitivity Mode: 32-51200)

    Други камери:

    Canon 6D, Canon 7D Mark II, Nikon D500

    2. Спортска фотографија

    Тука применете ги горните совети + FPS. Во спортската фотографија најбитно е колку слики во секунда се прават.

    Исто така кога купувате апарат земете во обзир колку трае батеријата и колку слики можете со истата да направите.
    Астрофотографијата и спортската се најспецифични. За било која друга тематика да бирате апарат, што и да земете нема да згрешите. Сконцентрирајте се на објективите. Мислев во една тема да пишам и за објективи, ама таа ќе биде преголема тема па нека остане за друга тема.
     
    На XAKEP, Ragnar, toshex и уште 62 други им се допаѓа ова.
  2. gokica

    gokica
    Модератор

    8,550
    10,639
    13 Јуни 2009
    Фантастично добар текст и појаснувања. Фалеше ваква тема. Благодарност.
     
  3. krema

    krema
    Professor

    10,701
    10,271
    24 Јуни 2009
    Машко
    Одлично, и ние нубишите да се проветлиме :)
     
  4. Boce!

    Boce!
    Gaining Experience

    119
    165
    4 Август 2017
  5. SiPy`

    SiPy`
    Unbeatable

    2,645
    4,524
    23 Јуни 2015
    Машко
    Секоја чест!
     
  6. psyside

    psyside
    Rising Star

    26,749
    27,430
    4 Септември 2008
    Ѕвер, секоја чест колега, имаш пиво од мене за ова следен пат :D
     
  7. Isak Keyten

    Isak Keyten
    Practice makes perfect

    1,124
    1,265
    25 ноември 2014
    Еден од ретко асалните водичи на форумов во однос на фотографија.
     
    На Fatal1ty_ му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,829
    26,030
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    Единствен колку што знам

    Испратено преку nokia 3310
     
  9. PC_GAMER

    PC_GAMER
    Gaining Experience

    194
    113
    16 Јуни 2017
    Машко
    Неверојатно поедноставено, а сепак истовремено прецизно објаснето. Секоја чест друже!;) Едвај чекам за следен пост на било која тема поврзана со фото апаративе.

    п.с. Благодарност и до модераторот на овој дел од форумот што ни дозволи на нас останатите да му го вреднуваме вложениот труд на колегата кој се потруди несебично и со голема желба да ни приготви ваков крајнио феноменален прилог.:)
     
  10. Vampo

    Vampo
    Gaining Experience

    353
    238
    24 oктомври 2010
    Машко
    Ај еве прв да поставам нубско прашање, пошо сум тотален аматер кога доаѓа збор за фотографија. Жена ми сака да и купам некој полупрофесионален фотоапарат, па би сакал да чујам ваше мислење.
    Цена околу 400 еур -+50
    Моментално сум во Грција па сакам да го купам од некоја продавница тука за да си вратам данок.
    Мој избор до сега Nikon D3400 ili Nikon B700
    Молам за совет.
    Фала
     
  11. Oktar

    Oktar
    Epic

    3,667
    10,931
    23 oктомври 2012
    Машко
    Кулпиксот го има најмалиот можен сензор (1/2.3"), као баш многу пати помал (ме мрзи да пресметувам) од другата опција Д3400 кој е АПС-Ц. Види фото:
    [​IMG]

    Кулпиксот не нуди ништо повеќе од квалитетен мобилен телефон, освен ете, оптички зум, али од секој друг аспект е фрлање пари. Ја би другата опција.
     
    На Boce! и Војвода им се допаѓа ова.
  12. smole

    smole
    Unstoppable

    3,190
    3,705
    18 Април 2007
    Купи го D3400 или било кој DSLR (што се менуваат леќи). Ем има простор да мења објективи, додава блицеви и сл. ем ако не и се допадне полесно ќе го продадеш од B700.

    Или Canon или Nikon, друга марка ДСЛР немој, највеќе леќи има за нив и по најдобри цени.
     
    На Boce! и Oktar им се допаѓа ова.
  13. Vampo

    Vampo
    Gaining Experience

    353
    238
    24 oктомври 2010
    Машко
    Тханкс. А продавница? Plaisio, e-shop.gr или Public? Или некоја специјализирана


    Sent from my iPhone using Tapatalk
     
  14. smole

    smole
    Unstoppable

    3,190
    3,705
    18 Април 2007
    Плаисио или Паблик. Е-shop последниот пат ме заебаа со ДДВ формуларот и на граница не ми удрија печат у царина грчка.

    Ако сакаш можеш и од fotomarket.gr (немам зимано од нив) или од Repella (имам зимано враќаат цел ДДВ ама мора да се вратиш до кај нив у продавница). Сите овие продавници се наоѓаат во центар на Солун.
     
    Vampo, Boce! и на Oktar им се допаѓа ова.
  15. Enigma

    Enigma
    On your way to fame

    1,089
    507
    1 Септември 2012
    Машко
    IT филозоф
    Која би била минималната цена која би можела се даде за едно "идиотче" според вас? Едноставно би се користело за солидни фотки (што и да значи ова) пред домашна публика :rolleyes:
     
  16. Oktar

    Oktar
    Epic

    3,667
    10,931
    23 oктомври 2012
    Машко
    Околу 550 евра и се вика Самсунг Галакси С8. Идиотите се во изумирање а воедно и не се подобри од добар телефон.
     
    На mdeni му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Војвода

    Војвода
    Unstoppable

    2,137
    3,480
    26 oктомври 2012
    Машко
    Исто така ако буџетот е помал, S7/S6 имаат фантастични камери, но со значително пониска цена.
    Или телефон за генерално фотографирање или Mirrorless/Dslr за позахтевни корисници кои сакаат нешто посериозно, се измеѓу е непотребен експеримент.
     
    На Oktar му/ѝ се допаѓа ова.
  18. psyside

    psyside
    Rising Star

    26,749
    27,430
    4 Септември 2008
    LG G5 ја има најдобрата камера за парите (на ново)
     
  19. gego

    gego
    Gaining Experience

    253
    264
    6 Декември 2009
    Машко
    Телекомуникациски Техничар
    Овде не станува збор за моб. со добра камера. Така да добро е да не се разводнува темата. Искрено мислам дека тф примарно е за зборење, а за сликање си има апарат за сликање и кој има мерак за сликање да си купи апарат. Пример А: замислете во сред местење за сликање на добар момент, ти зазвони тф. Отиде моментот! Пример Б: (обратно од пример А) додека збориш, гледаш добар момент.
     
    На Boce! и moongose им се допаѓа ова.
  20. Oktar

    Oktar
    Epic

    3,667
    10,931
    23 oктомври 2012
    Машко
    Пример В. гледаш добар момент и апаратот не е со тебе. А тф е секогаш со тебе. Квалитетот на фотките е безмалку ист кај идиот и добар телефон.
     
    Boce!, mdeni и на AlexanderMK им се допаѓа ова.
  21. AlexanderMK

    AlexanderMK
    Practice makes perfect

    1,141
    1,798
    19 Мај 2011
    Машко
    Ама добар идиот од типот на Sony Rx100 пепел ќе ги направи телефониве во квалитет на слика.


    Sent from my iPhone 8 Plus using Tapatalk
     
    На stefano и Oktar им се допаѓа ова.
  22. Oktar

    Oktar
    Epic

    3,667
    10,931
    23 oктомври 2012
    Машко
    Вистина, ама Сони РЏ100 е уред од 500 евра и иако е мало апаратче не би го класифицирал баш како идиот. Од друга страна, за 500 евра веќе се купува и ентри левел ДСЛР. Така да, трики е целата работа.
     
    На Boce! и AlexanderMK им се допаѓа ова.
  23. filipkir

    filipkir
    Practice makes perfect

    1,065
    1,375
    17 Јуни 2009
    Машко
    Јас го имам RX100 mark 1 од 2012 година и при сликање во доста темни услови пепел ја прави камерата на Ноте 8. Едино што е полошо на сонито споредено со нотето се боите. Нотето вади далеку по реалистични бои од сонито.
     
    На Oktar му/ѝ се допаѓа ова.
  24. Oktar

    Oktar
    Epic

    3,667
    10,931
    23 oктомври 2012
    Машко
    Дали си сигурен во ова? Да не можеби сакаш да кажеш поубави? Предноста кај телефоните е софтверот што директно ти ги шминка сликите, тоа ги прави да бидат добри идиоти, додека класичните идиот не се баш по шминкањето на сликите.
     
    На kirev му/ѝ се допаѓа ова.
  25. filipkir

    filipkir
    Practice makes perfect

    1,065
    1,375
    17 Јуни 2009
    Машко
    Сигурен сум. Сони имаат историја со лоши бои на своите апарати. Пред RX100 користев уште 2 Сони point and shoot апарати, едниот беше од 2005 а другиот од 2008 и двата имаа ужасно нереални бои. Каноните од тоа време се сеќавам дека пепел ги правеа апаратите на Сони на поле color accuracy.
     

Сподели

Вчитување...