1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Водич за избор на делови при Склопување на конфигурација

Дискусија во форумот 'Конфигурации' започната од KireAMD, 7 Февруари 2013.

  1. KireAMD

    KireAMD
    On your way to fame

    247
    878
    29 Август 2011
    Машко
    Во последно време се повеќе членови се заинтересирани за склопување на свои компјутери и избор на делови. Поради оваа причина ви препорачуваме да го прочитате овој водич преку кој ќе добиете до некаде јасна слика околу тоа кој делови да ги одберете и зошто токму тие делови .

    Овој водич ке се придржува да ве води низ деловите кој се актуелни во сегашно време, и кој се достапни низ нашите ИТ продавници.

    Направете си кафе и навалете на читање :

    Ке почнеме со избор на Процесор ( CPU )

    Изборот на процесор ке го сведеме во неколку категории :

    I ) Нискобучетни офис /гејминг процесори
    -Intel G530 - 550 Сокет 1155 - Amd Athlon II x2 240-250 сокет АМ3
    -Intel G620 - 645 Сокет 1155
    -Intel G840 - 860 Сокет 1155
    II ) Солидни офис / гејминг процесори
    -Intel i3 2100-2120 Сокет 1155 - Amd Athlon II x4 631-651 сокет АМ3
    -Intel i3 3220-32xx Сокет 1155
    III ) Просечни ( Midrange ) гејминг процесори
    -Intel i5 2320-2500 Сокет 1155 - Amd FX 4100 сокет АМ3
    -Intel i5 3450-3570 Сокет 1155 - Amd FX 6100-200 сокет АМ3
    IV ) Силни ( High – end ) гејминг процесори
    -Intel i5 3450-3570 Сокет 1155 - Amd FX 8120-83xx сокет АМ3
    -Intel i7 3770 Сокет 1155 - Amd FX 8150-83xx сокет АМ3
    V )Моќни ( Entusiastic ) отклучени процесори
    -Intel i5 3570k Сокет 1155 - Amd FX 8120-83xx сокет АМ3
    -Intel i7 3770k Сокет 1155 - Amd FX 8150-83xx сокет АМ3
    VI ) Најмоќни ( Workstation / rendering ) процесори
    -Intel i7 3930k Сокет 2011
    -Intel I7 3960x Сокет 2011

    ·Сите интелови процесори кој немаат К/X ознака после името , се процесор со заклучен множител и неможат да се оверклокуваат

    1.Кога склопувате нова конфигурација , земете во предвид за што поточно ке ја користите и водете се по горе наведените категории.

    -Доколку се одлучите за користење на компјутерот најчесто за Офис пакети, работа, интернет и по некоја игра тогаш вашиот избор треба да се ориентира околу категорија ( I )и ( II ) во зависност од вашиот буџет.
    -Доколу се одлучите за користење на компјутерот најчесто за играње игри, стриминг, нормално едитирање ,работа и слично , тогаш ви препорачуваме да се ориентирате околу категорија ( III ) и ( IV ) во зависност од вашиот буџет.
    -Доколку се одлучите за користење на компјутерот најчесто за Играње,Рендерирање, користење бенчмаркови и оверклокување тогаш вашиот избор треба да се сведе на категориите ( V ) и ( VI ).

    Продолжуваме понатаму со изборот на елементите. Сега ке разгледаме околу изборот на плоча која ке одговара за веќе избраниот процесор. Кога се избира матична плоча треба да се разгледаат некој клучни опции кој истата ги нуди , па затоа нив ке ги поделиме во 3 категории .

    Избор на Матичните плочи кои ги подредуваме по чипсетот кој го имаат

    I ) Нискобуџетни офис /гејминг матични плочи

    -Intel H61 Сокет 1155 - Amd 760G ( 780L ) Сокет ам3/ам3+
    -Intel H67 Сокет 1155

    II ) Просечни / силни матични плочи

    -Intel b75 Сокет 1155 - Amd 870/890x Сокет ам3/ам3+
    -Intel H77 Сокет 1155 - Amd 970/990x Сокет ам3/ам3+

    III ) Моќни / ентузијастички / workstation матични плочи

    -Intel Z77 Сокет 1155 - Amd 990fX Сокет ам3/ам3+
    -Intel X79 Сокет 2011

    1.Кога одлучувате да земете плоча со еден од горенаведените чипсети, битно е да знаете за каква намена ви е плочата и што очекувата од неа. Од нашите категории погоре може да се добие груба слика за тоа која плоча каде припаѓа но сепак да објасниме малку подетално:
    -Доколку комбинирате нискобуџетен / солиден процесор од типот на GXXX серијата на Интел или I3 serijata, ili AMD Athlon II X2 тогаш за вас би било идеално да одите на H61/67 Платформа или АМД 760. Овие плочи не дозволуваат оверклок на процесорот, па затоа се препорачани да се користат во комбинација со заклучени процесори.
    -Доколку комбинирате просечно силен процесор од типот на интел I 5/7 или Fx serijata na AMD , Тогаш за вас е е препорачливо да одберете плоча со intel b75,h77 ili amd 870-970 серијата чипест. Овие чипсети на интел исто така не дозволуваат оверклок но имаат повеќе слотови за рам, подобра струја за процесорот, повеќе сата 3 излези за харддискови и усб портови.
    -Доколку комбинирате моќен и отклучен процесор од серијата на intel I 5/7 3X70k , ili FX процесор од амд тогаш најтопло ви се препорачува да одите на Z77 платформа или доколку сте корисник на АМД на 990fx чипсетот. Овие чипсети имаат изобилие на опции кои самите ги нудат : Дозвола за оверклок и подесувања на процесорот и рамот, мн добра напонска секција и довод на струја, брз сата 3 контролер, повеќе PCI-E слотови за графички и слично.
    -Доколку комбинирате Workstation процесор од серијата на I7 3930k I 3960x Тогаш за оваа платформа потребна ви е плоча со X79 Чипсет. Оваа плоча ги подржува само процесорите i7 3930k I 3960x на сокет 2011. Овој чипсет овозможува Quad – Channel работа на меморијата и може да подржи голем број на PCI-E излези.

    2.Откако ги поминавме базичните детали околу изборот на плочата сега може да објасниме зошто некој плочи со ист чипсет се разликуваат по себе по цена и перформанси. Ке ги земеме за пример популарните Z77 плочи.

    -Секоја плоча е различна по себе во зависност од тоа кој бренд ја изработува и за која намена е изработена плочата. Битно е корисникот да знае за која потреба му треба Матична Плоча. Доколку се тргне од поглед на способности за Оверклок тогаш битно е да се запазат неколку фактори :

    -Број и квалитет на фази кој плочата ги има за довод на струја кон процесорот
    -Ладење на мосфетите и на фазите на самата плоча
    -Изработка и квалитет на биосот ( и можностите кој биосот ги нуди )
    -Додатни контролни точки за мониторинг на волти
    -Clear Cmos достапно копче , и копчинја за подигање и сетирање на плочата.

    Доколку се тргне од поглед на практичност на плочата од поглед на излези и додатоци тогаш треба да се запазат исто така неколку фактори :

    -Колкав број на УСБ излези има плочата
    -Дали има квалитетна вградена саунд карта
    -Дали има Spdif,Firewire,Coaxial и ред други излези
    -Колку Сата портови има и каква е подршката за Raid
    -Дали има доволно PCI-E Слотови за повеќе карти / елементи и на кој Bendwith работат.

    Од горе наведеното може да се заклучи дека плочите имаат доста за што може да се зборува, но сепак изборот останува на вас. Секогаш запрашајте се што ви треба од матичната плоча па тргнете во нејзин избор.

    Избор на графичка карта

    Изборот на графички карти како и погоре во предходните постови ќе го поделиме во категории за подетален и чист преглед.

    I ) Нискобуџетни офис / Low гејминг Графички карти

    -Radeon HD 6450 - Geforce GT 640
    -Radeon HD 6670 - Geforce GT 630
    -Radeon HD 6450 - Geforce GT 610

    II ) Midrange - Просечни гејминг/офис графички карти

    -Radeon HD 7750 - Geforce Gtx 650
    -Radeon HD 7770 - Geforce Gtx 650ti
    III ) Солидно моќни графички карти
    -Radeon HD 7850 - Geforce Gtx 660
    -Radeon HD 7870 - Geforce Gtx 660ti

    IV ) Врвни ентузијастички графички карти

    -Radeon HD 7950 - Geforce Gtx 670
    -Radeon HD 7970 - Geforce Gtx 680

    1.Кога се одлучувате да купите графичка карта , секогаш имајте напамет за што ке ја користите и на која резолуција ( на каков монитор ) ке работите.

    -Доколку ви треба графичка карта која ви е најчесто за офис работа, интернет, HD филмови и по некоја игра чат пат , тогаш вашиот избор треба да се сведе на категорија ( I ) од картите, при што овие карти се тивки, мали, не трошат струја и се доволни за нормална секојдневна работа
    -Доколку ви треба графичка карта која ви е најчесто за игри но не сте при голем буџет, офис, интернет и работа тогаш ви ги препорачуваме картите од категорија ( II ). Овие графички се доволно моќни да ги пуштат сите игри на нормални медиум сетинзи, и на нормални резолуции. Од нив не се очекува најновите игри да ги гонат со 60 fps на ултра но сепак се доволни за просечните гејмери.
    -Доколку ви треба графичка карта на која воглавно ке играте игри на поголема резолуција или на високи сетинзи, но сепак немате буџет за екстремните карти, тогаш вашиот избор треба да се сведе на категорија ( III ). Овие графички 90% од игрите ке ги гонат на највисоките сетирања на Full HD резолуција.
    -Доколку ви треба графичка карта на која воглавно ке играте игри на огромна резолуција, или на повеќе од 1 монитор, да ставите све на максимум и да имате константни 60 fps во најновите наслови, тогаш вам ви е потребна карта од категорија ( IV ). Овие карти се препорачливи за екстремни гејмери и оверклокери, оние кој го сакаат максимумот од својот компјутер и оние кој користат бенчмаркови.

    2.Кога ја поминавме базичната поделба на графичките карти сега може да разгледаме и како да се одбере од кој бренд на карта да се земе. Обично секој Бренд си има свој уникатен дизајн на картите па затоа ке набројме некој клучни фактори кога се избира карта:

    -Секој бренд си има свој дизајн на кулер . Доколку ви е битна тишина на компјутерот тогаш мора да одберете карта со AfterMarket кулер кој е доста потивок и поефикасен од референтните. Такви се Asus DC и DCII serijata, Msi TwinFrozer серијата, Gigabyte Windforce serijata на кулер и слично
    -Секој бренд исто така изработува свој PCB ( Плоча ) за графичката. Овдека треба да се запази доколку се бира карта за оверклок , тогаш од големо значење е изработката на PCBто бидејќи компаниите ги подобруваат струјните доводи, квалитетот на чиповите и додаваат свој опции за регулација на волти на графичката.
    -Секој бренд исто така и нуди своја гаранција на графичките, па доколку тоа е битно тогаш се избира карта со најдолга гаранција
    -Секој бренд исто така нуди додатни делови со графичките ( Accessories ). Разни конвертери за приклучок на монитор, додатни кабелчиња за струја, лепенки, гратис игри и слично.

    Избор на рам меморија

    Рам мемориите се воглавно произведувани од многу брендови. Нив можеме да ги разликуваме според нивната работна брзина ( MHZ ) , според нивниот работен такт ( C – Cycles ) , Според ладењето, според волтите кој се потребни за нивна работа и слично. Подолу ќе објасниме неколку работи при изборот на рам меморијата

    1.Кога бирате рам, секогаш пректикувајте да купувате рам во парови, за да го исполните условот на Dual-Channel работа на матичната плоча при што ке добиете поголеми перформанси наместо да ставите 1 плочка
    2.Капацитетот на рам е во зависност од вашите потреби. Доколку склопувате HTPC или офис конфигурација тогаш најверојатно ви се доволни 4 гб . Но доколку сте решени за конфигурација за мултитаскинг, работа и гејминг тогаш ви се потребни 8 -16гб во зависност од работата која сакате да ја користите.
    3.Рамот како што напоменавме погоре се разликува во својата брзина. Имаме разни типови на рам со разни брзини и работни тактови како што се :

    Ram : 1333mhz c7/c8/c9
    Ram : 1600mhz c7/c8/c9
    Ram : 1866mhz c7/c8/c9
    Ram : 2000mhz c8/c9/c11
    Ram : 2133mhz c8/c9/c11
    Ram : 2400mhz c9/c11

    При нормална работа и играње фрекфенцијата на рамот и не прави голема разлика. Разликата значително се осеќа кога ке земете рам кој има најмали/ниски C латенции а највисока фрекфенција, како што е примерот 5 2400mhz на C9. При нормално користење ви ги препорачуваме рамовите од 1600-1866 на стандардни C9 латенции при што овие рамови во 90% од случаите доаѓаат со ладилници. Цената помеѓу 1333/1600/1866 е минимална па затоа изборот останува на вас.
    Квалитетни рамови кои можете да ги најдете кај нас се : Kingston, Corsаir, Mushkin, Patriot, G-skill и слично.

    Избор на напојување
    Изборот на напојувањето се сведува врз основа на изборот на горенаведените компоненти. Секогаш имајте предвид дека напојувањето е главниот носител на струјата на целиот компјутер и ако треба 10 пати ке потенцираме во овој пост но СЕКОГАШ купувајте квалитетни и моќни напојувања.
    Изборот на напојувањето зависи од тоа што сте одбрале , па затоа ке се задржиме на некој клучни факти околу тоа како грубо да направите избор на напојување и колку од снагата ви е потребна
    1.Процесорите групо можат да потрошат од 75-130w при полна оптеретеност. Во мирување тие трошат многу помалку од горенаведените бројки.
    2.Графичките карти се малку по комплицирани за пресметка но ќе пробаме грубо да ви дадеме слика за како тоа може да се направи. Секоја графичка карта е приклучена на матичната плоча на PCI-E излезот. Самиот излез може да спроведе до 75w снага на графичката. Секоја графичка која има побарувачка од накнадни 6 или 8 пински струи од напојувањето троши повеќе. 6 пинскиот излез може да донесе снага до 75w a 8 пинскиот може да донесе снага до 150w. Доколку вашата карта која ја ставате на плоча има накнадни 2 6пински струи кои треба да ги прикачите, практично можете да и донесете струја од 75w од плочата + 75w од првиот 6 пин и уште 75w од вториот 6 пин = 215w. Тоа не значи дека графичката троши 215w туку дека има можност да и се донесе толкава струја.
    3.Кога веќе ги поминавме процесорот и графичката карта можеме да кажеме дека скоро и да сме завршиле работа при пресметката. Не заборавјте дека сите компоненти трошат струја некој на 12v. некој 5v , некој 3.3v. Грубо правило е секогаш кога ке пресметате максимум колку може да трошат процесорот и графичката оставете луфта од 100-150w + за да го заштитите животниот век на напојувањето и да остане ладно при работа.
    4.При изборот на напојувањето исто така битно е колку Ампери може да донесе при 12v секција. Амперите можете да ги пресметате при што ги делиме Wattage ( ватите ) со Voltage ( Волтите ) и добиваме ампери. Пример : Ако едно напојување пишува дека може да обезбеди 480w на 12v секција, тогаш тоа напојување може да придонесе 40 ампери.
    5.Амперажата треба да се запазува најчесто доколку купувате напојување со повеќe 12v излези. Доколку да речеме напојувањето исто може да придонесе 480W на 12v секција но таа секција е поделена на 2 излеза, тогаш тоа значи дека може да придонесе по 20A на секоја поединечно. Треба да пазите доколку ставите графичка која бара 25 ампера , иако вашето напојување придонесува 40 , сепак тоа на 2 риот излез каде што карикирано ке биде вашата графичка карта придонесува само 20 и 20 на 1рвиот.

    -Во зависност од тоа што се одбрале , мислам дека може да направите после овој водич за напојувања груба слика од тоа колку максимално вашите компоненти можат да повлечат струја.
    -Груба препорака од нас е доколку користите Офис,HTPC, интернет конфигурација со графичка од категориите ( I ) и ( II ) со 400-500w квалитетно напојување сте повеќе од доволни.
    -Доколку користите просечно солиден компјутер наменет за игри и работа со карти од категоријата ( III ) тогаш сте доволни со квалитетно напојување од 500-550w
    -Доколку користите Моќен процесор и овеклокната машина , со графичка од категоријата ( III ) или ( IV ) тогаш сте доволни со напојување од 600-700w.
    -Квалитетни напојувања кај нас кој можат да се најдат сеод брендот на : Coolermaster, Corsair , Seasonic, Chieftec

    Избор на Хард диск и ССД
    Изборот на хард – дискот и ссдто е секогаш субјективен во зависност од тоа колкав капацитет ви треба . Но сепак ние можеме да ви помогнеме во изборот при што ке ги земеме предвид брзината, издржливоста и квалитетот на дисковите и ссдата.
    1.Доколку се одлучите да користите ССД ( Solid State Drive ) тогаш имате 2 опции. Доколку го користите како OS драјв тогаш можете ако сте тенки на буџет да пројдете со 60 гб , но препорачливо е да се има минимум 120гб во зависност од намената за која ке се користи. Доколку пак го користите како everyday драјв за работа и игри тогаш препорачливо е да идете на капацитет од 256-512гб.
    2.ССД дисковите исто така варираат и во перформанси и во изработка. Во зависност од буџетот доколку сте одлучите да земете диск кој е издржлив и релијабилен. Кој има долга гаранција и одлични перформанси, тогаш нема да згрешите со серијата на Samsung и ОCZ. Доколку ви треба ССД кое е со пониска цена, помала гарнција и перформанси тогаш можеме да ги препорачаме Kingston Драјвовите кои се исто така солидни.
    3.Доколку сакате поопширно да разберете за разликата помеѓу ССДата тогаш отидете на темата за ССДа , и текстуално и визуелно се конструктивно разработени деталите на оваа тема.
    Избор на куќиште
    Овој избор највеќе се сведува на надворешниот дизајн на купувачот, но сепак многу важни се внатрешниот дизајн и можностите кој ги нудат куќиштата.
    1.Препораки кој би можеле да ви ги дадеме при избор на солидни куќишта се следниве :

    -Преферирајте напојувањето да биде позиционирано на долниот дел од куќиштето.
    -Преферирајте куќиштето да има дупки за криење на каблите од задната страна
    -Преферирајте куќиштето да има доволен број на слотови за вентилатори за подобра циркулација на воздухот
    -Преферирајте да има филтри за прашина за полесни чистење
    -Преферирајте да има повеќе простор за можни надградби на графички или хард-дискови
    -Преферирајте Хард-Дисковите да бидат сместени во гумени или убави подлоги / кафези за да се намали нивната бука
    Предложени конфигурации од страна на членовите кој се балансирани во склад со потребите :
    I ) Нискобуџетна офис конфигурација: II ) Нискобуџетна гејминг конфигурација
    матична: Intel H61 Матична : Intel H61
    процесор: G550 Процесор : G550
    графичка: / Графичка :HD7770, GT650
    HDD: 500GB 7200RPM HDD : 500GB 7200rpm
    SSD: / SSD : /
    RAM: 2x2GB DDR3-1333 RAM : 2x2GB ddr3 – 1333mhz
    II) Нискобуџетна гејминг конфигурација III ) Солидна офис конфигурација
    матична: Intel H67 Матична : Intel B75
    процесор: G860 Процесор : Intel i3 3220
    графичка: HD7770, GT650 Графичка : /
    HDD: 500GB 7200RPM HDD : 500GB 7200rpm
    SSD: / SSD : 60-120GB ( зависно од потребата )
    RAM: 2x2GB DDR3-1333 RAM : 2x2GB DDR3-1600

    IV ) Солидна гејминг конфигурацијаV ) Солидна workstation конфигурацијаматична: Intel B75, AMD 970 Матична :Intel Z77
    процесор: i3/i5, FX-63xx/83xx Процесор :Intel i5/i7 3xxx
    графичка: GT650Ti,HD7850,HD7870,GTX660 Графичка : / ( доколку има птореба )
    HDD: 1TB 7200RPM HDD : 500gb-2TB 7200rpm ( Raid )
    SSD: 120-256GB (зависно од потребата ) SSD : 60-256gb ( Raid доколку треба )
    RAM: 2x4GB DDR3-1600 CL9 RAM : 2x4, 4x4 или 2x8 ddr3-1600 cl9


    VI) High-end гејминг конфигурација
    матична: Intel B75/H77/Z77, AMD 970/990X/990FX
    процесор: Intel i5/i7, AMD FX-83xx
    графичка: GTX660, HD7950, GTX660Ti, GTX670, HD7970, GTX680, HD7970GHz
    HDD: 1-2TB 7200RPM
    SSD: 120-256GB, едно или две SSD-a во RAID0 доколку се оди на Z77 чиспет
    RAM: 2x4GB DDR3-1600 CL9
    VII) Enthusiast/Gaming
    матична: оверклокерска Asus/Gigabyte Intel Z77
    процесор: Intel i5/i7 3x70K + кулер CM 412, CM 612S, Noctua NH-D14 и слично
    графичка: една или две HD7950, GTX670, HD7970, GTX680, HD7970GHz, GTX690
    HDD: 1-2TB 7200RPM
    SSD: 120-256GB, едно или две SSD-a во RAID0
    RAM: 4x4GB DDR3-2000+
    VIII) High-end workstation конфигурација
    матична: Intel X79
    процесор: i7 39xx
    графичка: Во зависност од тоа дали има потреба за рендер
    HDD: 500GB до 2TB 7200RPM, по потреба два диска во RAID 1
    SSD: 60-512GB, едно или две SSD-a во RAID0 доколку има потреба
    RAM: 4x4, 8x4 или 4x8GB DDR3-1600
    IX) HTPC
    матична: AMD FP2
    процесор: APU A4-4xxxM
    графичка: /
    HDD: 500GB до 2TB 7200RPM, по потреба
    SSD: /
    RAM: 2x4GB DDR3-1333
     
    На Bojan87, turbiny, xristijanGTI и уште 53 други им се допаѓа ова.
  2. MasteR_#0

    MasteR_#0
    Unstoppable

    2,700
    2,276
    14 Декември 2010
    Машко
    Убаво се си напишал, само мислам дека да се препорачува SB/IB i5 за лајт упортеба и кежуал гејминг е малце претерано, таму работата еден i3 или Pentium Gxxxx сосема солидно ќе ја заврши работата :)
    Исто кај графичките малце си ги потценил 7770 и GTX650Ti, сосема се доволни да се пушти било која игра од 2012 на медиум сетинзи на 1080p без AA, со пристоен фрејмрејт, некои и на хај.

    Се друго е добро напишано, стики одма да иде темава :)
     
    На AnTToNNiO му/ѝ се допаѓа ова.
  3. uwemi

    uwemi
    Unbeatable

    4,828
    4,367
    20 Февруари 2011
    Машко
  4. KireAMD

    KireAMD
    On your way to fame

    247
    878
    29 Август 2011
    Машко
    mhm dokolku administracija odobri moze da ide stiki, inace se vodev za site onie koi se so povisok budget nad 30k+ za konfiguracija, bidejki 90% od clenovite koi baraat pomos se za konfiguracii koi sakaat da gi koristat 2 godini + i najcesto za igri, zatoa ne bese opfatena i3 i gXXX serijata na procesori
     
    На AnTToNNiO му/ѝ се допаѓа ова.
  5. d_yor8

    d_yor8
    Gaining Experience

    1,218
    498
    27 Јуни 2011
    no love 4 amd cpu's :(
     
    На RagingDemon и uwemi им се допаѓа ова.
  6. Tomislav96

    Tomislav96
    On your way to fame

    657
    697
    7 Февруари 2013
    Машко
    Студент, Информатика
    Сосема се согласувам, со HD5750 на 1680x1050 играм игри како Call of Duty, Need for Speed (најновите изданија) и можам да кажам дека без проблем полесните игри ги играм на Ultra, а потешките на High.
     
  7. KireAMD

    KireAMD
    On your way to fame

    247
    878
    29 Август 2011
    Машко
  8. Roncic

    Roncic
    Гостин

    Ма какви АМД, тука смртен греФ е АМД!
     
  9. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    8,572
    11,347
    23 Јануари 2008
    Манга
    1) Гајдов е со ограничен и времен карактер. За да биде корисен ќе треба редовно да се ажурира
    2) Треба да се напише на кирилица.
    3) Фалат SSD-а
    4) Гејминг е само една споредна намена на PC. PC се користи за многу повеќе од гејминг
    5) Иако многу ретко, се слагам со Рончич дека треба да се додаде Vishera базираните FX процесори од AMD
    6) Моја препорака перформанси/цена:

    I) Нискобуџетна офис конфигурација:
    матична: Intel H61
    процесор: G550
    графичка: /
    HDD: 500GB 7200RPM
    SSD: /
    RAM: 2x2GB DDR3-1333

    II) Нискобуџетна гејминг конфигурација
    матична: Intel H61
    процесор: G550
    графичка: HD7770, GT650
    HDD: 500GB 7200RPM
    SSD: /
    RAM: 2x2GB DDR3-1333

    III) Солидна офис конфигурација
    матична: Intel B75
    процесор: i3 3xxx
    графичка: /
    HDD: 500GB 7200RPM
    SSD: 60GB до 128GB (во зависност од потребата)
    RAM: 2x2GB DDR3-1600

    III) Солидна гејминг конфигурација
    матична: Intel B75, AMD 970
    процесор: i3/i5, FX-63xx/83xx
    графичка: GT650Ti, HD7850, HD7870, GTX660, HD7950
    HDD: 1TB 7200RPM
    SSD: 120-256GB (во зависност од потребата и можностите)
    RAM: 2x4GB DDR3-1600 CL9

    IV) Солидна workstation конфигурација
    матична: Intel Z77
    процесор: i5/i7 3xxx
    графичка: Доколку има потреба за рендер
    HDD: 500GB до 2TB 7200RPM, по потреба два диска во RAID 1
    SSD: 60-256GB, едно или две SSD-a во RAID0 доколку има потреба
    RAM: 2x4, 4x4 или 2x8GB DDR3-1600 CL9

    V) High-end гејминг конфигурација
    матична: Intel B75/H77/Z77, AMD 970/990X/990FX
    процесор: i5/i7, FX-83xx
    графичка: GTX660, HD7950, GTX660Ti, GTX670, HD7970, GTX680, HD7970GHz
    HDD: 1-2TB 7200RPM
    SSD: 120-256GB, едно или две SSD-a во RAID0 доколку се оди на Z77 чиспет
    RAM: 2x4GB DDR3-1600 CL9

    VI) Enthusiast/Gaming
    матична: оверклокерска Asus/Gigabyte Intel Z77
    процесор: i5/i7 3x70K + кулер CM 412, CM 612S, Noctua NH-D14 и слично
    графичка: една или две HD7950, GTX670, HD7970, GTX680, HD7970GHz, GTX690
    HDD: 1-2TB 7200RPM
    SSD: 120-256GB, едно или две SSD-a во RAID0
    RAM: 4x4GB DDR3-2000+

    VII) High-end workstation конфигурација
    матична: Intel X79
    процесор: i7 39xx
    графичка: Во зависност од тоа дали има потреба за рендер
    HDD: 500GB до 2TB 7200RPM, по потреба два диска во RAID 1
    SSD: 60-512GB, едно или две SSD-a во RAID0 доколку има потреба
    RAM: 4x4, 8x4 или 4x8GB DDR3-1600

    VIII) HTPC
    матична: AMD FP2
    процесор: APU A4-4xxxM
    графичка: /
    HDD: 500GB до 2TB 7200RPM, по потреба
    SSD: /
    RAM: 2x4GB DDR3-1333
     
    На damil, LadiC, Ljupco94 и уште 15 други им се допаѓа ова.
  10. psyside

    psyside
    Rising Star

    24,984
    25,222
    4 Септември 2008
  11. KireAMD

    KireAMD
    On your way to fame

    247
    878
    29 Август 2011
    Машко
    Guidot bese napisan bidejki vo posledno vreme na forumot se bara pomos okolu izbor na delovi za konfiguracija vo koi 90% od clenovite koj pobarale pomos , kompjuterite im bile nameneti za Igri i light rabota.

    guideot bese namenet , za da se dobie grupa slika na neinformiranite clenovi okolu biranje na delovi, a ne preporaki za celi konfiguracii. SSDa,HDDS,Kukista,Hladnjaci i slicno se trgnati od tamu bidejki ne e vozmozno jas da im pomognam na luge okolu kapacitetoy na drajvot koj im e potreben, a isto taka i okolu SSDta, bidejki sekoj subjektivno go koristi nivniot kapacitet.

    Isto taka navedeni bea intelovite delovi zatoa sto , 99% od vremeto na sekoj toplo bi mu preporacal intel, a megu niv sporedbata bese naprena zasto clenovite da ne idat so 3570k procesor i h77 ploca i obratno, kolku da se dobie grupa slika koja ploca i procesor kade pasuva i grubo zasto sluzi

    Nie do utre mozeme da pravime najdbori konfiguracii price/preformance no povtorno nekoj ke prasa zasto da ne idam na onaa ili ovaa ploca a koja e razlikata i slicno.

    Guidot pred se imase namena da Pomogne pri izbor, a ne da Izbere veke gotov model za clenot.
     
  12. Scarface

    Scarface
    Intern

    102
    35
    19 Јануари 2013
    Машко
    Еве пример, мојата GTX 650 Ti (ја имам пробано кај другар, кој има i5 750), на Battlefield 3 (иако не е игра од 2012 сепак е меѓу најзахтевните) 1080p се максимум, тераше околу 25-28FPS, а ако го намалев AA, тогаш тераше над 40ФПС без проблем... затоа и ти си ги потценил...

    Друже, а RAM?
     
    На MasteR_#0 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    8,572
    11,347
    23 Јануари 2008
    Манга
    updated

    @KireAMD
    Секоја чест на трудот и намерата. Јас само сакав да дополнам, критиките се најдобронамерни и во функција на целта која си сакал да ја постигнеш.
    BTW, аргументите кои ги кажа за SSD-ата, хладњаците и слично важат и за процесорите, графичките и останатото. Не знаеш кој корисник каква потреба ќе има од CPU, а каква од GPU, т.е. не знаеш кои игри ќе ги игра на каква резолцуија и сетинзи и слично. Препораката треба да биде како пакет најсоодветно перформанси/цена решение за најголемото мнозинство од корисниците.
     
  14. KireAMD

    KireAMD
    On your way to fame

    247
    878
    29 Август 2011
    Машко
    Te svakam sto sakas da kazes , zatoa i napraviv kategorii do negde MN grubo opisano od koja graficka sto da se ocekuva, pred se target grupa mi e bea konfiguracii za soliden gaming bidejki tie bea najveke i barani. isto taka vo mnogu slucai clenovite odbivale da stavat SSD a idele na pojaka graficka i slicno, pa zatoa ostaviv subjektivno sekoj clen da moze da odluci okolu toa. inace ja napisav nabrzinka inspiriran od temata za pomos okolu konfiguracija do 840 eur , taka da utre cim devojka mi dojde ke go prekuca kirilicno , ke napravime popravki i ke vmetneme i AMD platformi, ke stavime i kako da se pravi izbor na kukista, hladnjaci i HDDs/SSD i tvojte preporaki neka idat vo eden isti post za clenovite da mozat da procitaat kako da go sledat izborot, no isto taka da imaat i veke predlozeni price/preformance konfiguracii .
     
    На uwemi му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Sylvester

    Sylvester
    Intern

    430
    38
    24 Март 2009
    Машко
    Студент
    Браво одлично, требаше ваков пост на форумов многу одамна... Со тоа што редовно да го ажурирате!!!
    Дури ако сака некој и да направи повеќе конфигурации од различни ценовни рангови нормално и за различни намени нешто како gOJDO но со повеќе избор во ист ценовен ранг.

    Или поточно можда за одредена сума што е best buy за нашиов пазар тука. Знам дека со цените нема да може секогаш најточно али бар ориентационо
     
  16. KireAMD

    KireAMD
    On your way to fame

    247
    878
    29 Август 2011
    Машко
    mhm ke se nafatam ili vecer ili utre, cim ima pobaruvacka za podetalno i poopsirno objasnuvanje , togas dobro e :) , na kirilica sve komplet ke vmetneme i predlozi, i gotovi price/performance, bukvalno da opfatime se , jas grubo pocnav ali ko sto gledam dosta luge sakaat da bide po specificno sto i me raduva.
     
    На uwemi и Sylvester им се допаѓа ова.
  17. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    8,572
    11,347
    23 Јануари 2008
    Манга
    Може да се дадат и конкретни препораки на модели, на пример матична: Gigabyte M3 sniper / Asus Maximus V Gene.
     
  18. theMAD

    theMAD
    Practice makes perfect

    1,073
    1,383
    6 Декември 2012
    Машко
    Студент
    ми се свиѓа темава, одлична помош за некој што сака да купува нов пц :D + и за гојдо :D
     
  19. JasSum

    JasSum
    Practice makes perfect

    1,730
    1,806
    8 Мај 2007
    Машко
    кире, зошто латиница?
     
    Alucard, StalkeR, Трајче Дрварчето и на уште 1 им се допаѓа ова.
  20. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,296
    24,792
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    Одлична идеа е темава. Редовно ако ја обноуаме на многумина не многу упатени ќе им биде од корист при купување на конфигурација. Браво кире.
     
  21. gsarievski

    gsarievski
    Баниран/a

    105
    18
    13 ноември 2010

    Се ти е убаво објаснето,па и во првиот пост,ама ова болдираното горе не ти требаше.Барем не на член со Амд префикс во името:D
     
  22. D3N1EL

    D3N1EL
    Practice makes perfect

    2,843
    1,370
    10 Август 2010
    Машко
    Браво за трудот секако, само една забелешка од мене - кирилица, наместо латиница. :)
     
  23. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    8,572
    11,347
    23 Јануари 2008
    Манга
    Не е префикс туку суфикс!
     
  24. Necromancer

    Necromancer
    Unstoppable

    3,191
    3,496
    24 Февруари 2012
    Машко
    GIS
    Одлична е идејата на Кире, и она дополнување на gOJDO. Моја препорака е да се додаде и ценовна компонента. Пример, конфигурација до 20к, до 30к, итн. Монитори, до 6к - тој, до 8к - тој, до 10к.... Ќе му дојде нешто слично како листовине што ги имаат во Анхоч, конфигурации, со плус периферија. Би се подразбирало дека оние поевтините конфигурации би биле солидни за канцелариска работа (10к), па се до ентузијастички гејминг.
     
  25. imperial

    imperial
    V.I.P

    1,401
    2,000
    12 Август 2009
    Машко
    Не ќе е лошо да се истанчи одредена(и) конфигурација и да се предложи на продавачот кој ги има сите делови да ја нуди како „Препорачано од ИТ форум„
    Нормално ќе има комплетна рецензија на форумов за конфигурацијата, која ќе можат да ја посочуваат, а со тоа и нови членови на форумов.
     
    На bate mile и MasteR_#0 им се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...