1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Туторијал Водич при купување на Android TV Box

Дискусија во форумот 'Електроника - гаџети, електронски компоненти' започната од DrMTR, 2 Јуни 2018.

  1. DrMTR

    DrMTR
    Guru

    6,097
    6,151
    27 Март 2014
    Бидејки се доста популарни овие уреди, решив да напишам еден туторијал (водич) при купување на Андроид ТВ бокс, и на кои сегменти при купување на боскот треба да се обрне внимание. :)

    На пазарот се достапни милиони ТВ боксови, со различна цена, производител, и дизајн. Иако повеќето од боксовите имаат ист/сличен хардвер некои од нив се добри само на хартија, т.е не го испорачуваат очекуваното корисничко искуство, кое што се очекува од него. Доколку се купува Андроид бокс од популарнитее брендови, туке нема што да се коментира многу бидејки истите си имаат реноме, и корисничкото искуство со ние е загарантирано. Тука зборувам за Android HD Fire, Nvidia Shield, Apple TV, RokuBox итн.

    Да окренеме повеќе внимание на кинеските боксови кои што на пазарот се достапни во повеќе димензии, можности, и цена се разбира, соодветна на перформансите кои што ги поседува уредот. Сега се поставува прашањето, на кои боксови да се насочи вниманието. Да почнам по ред, и ке објаснам што е битно да се гледа при купување на истите.

    1. CPU или Процесор

    На андроид бокс пазарот застапени се воглавно 3 производители на процесори, кои што се одличуваат со различни особености и тоа AmLogic, RockChip и Allwinner. Да поченеме со првиот производител.

    1.1 Allwinner

    Allwinner последните 2 години прави напори да се покаже како сериозен играч во индустријата на микро процесори. Но последните 2 години, се многу критични за овој производител. Нивните процесори добиваат слаби резултати при декоридирање на видео стримови, лош квалитет на репродукција, како и софтверски проблеми поради некомпатибилноста со некои хардверски делови. Со еден збор, овој процесор не вреди за парите, и треба да се одбегнува при купување на бокс. Истотака, битно е да се напомене дека девелоперите на Коди, популарниот медиа стрим пакет, одбиваат да дадат софтверска поддршка на боксовите со овој CPU.

    1.2 RockShip

    RockShip процесорите делуваат доста добро и даваат импресивни бенчмарк ресултати, но повеќето од нив се добри само на хартија. :) Откако ке започнете да го користите уредот со овој процесор, истиот добро работи само додека температурата е околу 50-55 степени на истиот. Сo оглед на тоа што има Андроид апликации што знаат значително да ја покачат температурата (како игрите, или мрежно гладните апликации), овој процесор ја покажува својата лоша страна, почнува најпрвин да "сече" од перформансите на видео декодерот, и истиот испорачува слика со осакатен квалитет и звук воедно. Истотака каарактеристично за овој процесор е тоа што самиот производител има конструирано специјална верзија на Коди оптимизирана за тој чипсет, наречена RKMC (RockChip Media Center). Како и кај Allwinner процесорите, Коди девелоперите ја имаат стопрено подршката за овие чипсети. Според сите изгледи оваа компанија се има ориентирано кон создавање на свои Коди форм, кој што ке работи како што треба со нивната технологија.

    1.3 AmLogic

    Ова е можеби најдобриот процесор за андроид боксови, на кој што треба да се фокусирате при купување на истиот. Доколку погледнете подобро, скоро сите попознати производители на Андроид ТВ боксови користат AmLogic процесори. Кога зборувам за познати производители, мислам на

    - Xiaomi
    - Zidoo
    - Minix
    - Mecool
    - Wetek

    Значи совет од мене ! Барајте бокс со Amlogic CPU и тоа почнувајки од буџет варијантата S905 па за до High End S912. ;)

    2. Количество на RAM меморија во боксот?

    Слично како и кај Андроид телефоните, големината на рам мемеоријата е пресудна за доброто работење на боксот и нивото на мултитаскинг, кој што на корисникот му е потребно. Секако дека колку е поголема рам меморијата која што е достапна на уредот, истиот ке работи одлично и нема да се осети кочење или рилоад поради недоволното количество на рам меморија. Доколку земеме предвид дека Андроид е истиот оперативен систем, кој што ги придвижува смартфоните и андроид боксовите, ке направам една паралела помеѓу потребната количина на рам кај смартфоните и кај андроид боксор. На пазарот имаме андроид боксови со рам меморија од 1ГБ па се до 8ГБ рам кај некои екстремни модели. Доколку погледаме кај хајенд смартфоните како Samsung S9 , истиот има 4GB RAM меморија. Во пракса, има некаков теоретски максимум на рам меморија која што корисникот може да ја користи, и таа изнесува 4GB. Што значи штом еден flagship нема да забележи предност со рам над 4ГБ, истата филозофија би била и кај андроид боксовите. Во теорија просечен корисник, нема никогаш да ги наполни тие 4ГБ рам.

    Што препорачувам..

    Избегавајте купување боксови со рам од 1ГБ. 1ГБ е премалку рам за нормално функционирање на боксот, а не пак да правиме муабет за некаков ви мултитаскинг без рилоад. Бокс со рам од 2ГБ е според мене сосема пристојна количина за боксот да работи брзо и да се користи мултитаскинг до некаде 15-тина просечни апликации. Бокс со 3ГБ рам се препорачува доколку играте игрици на истиот, или пак имате погладни апликации за рам. Бокс со 4ГБ рам е нешто надпросечно и не верувам дека просечен корисни кке види бенефит од тие 4ГБ рам, ниту пак ке ги наполни некогаш, и според мене се беспотребно фрлени пари, или попознато како маркетиншки трик. Повеќето од андроид Боксовите на пазарот се со DDR3 рам меморија, и истите се сосема пристојни. Иако на пазарот има боксови со DDR4 рам меморија истотака, не гледам причина зошто би земал бокс со DDR4, иако истата е околу 20% побрза од DDR3.

    3. Големина на РОМ меморија или флеш меморија

    Кога се појавија првите андроид боксови истите без со капацитет од 8ГБ вградена меморија. Но со развојот на оваа технологија (во последните 2 години масовно) се неметнува потребата од зголемување на оваа меморија, со цел на корисникот да му биде достапна поголема меморија, без пристоа да се најде затекнат од недостаток на истата (нешто што беше доста чест проблем и кај смартфоните од 2016-та година). Повеќето боксови на пазарот денес се со ром меморија од 16ГБ, што е нешто пристојно за иснталирање на сите потребни апликации за корисникот, со оглед на тоа што на корисникот се достапни некаде околу 10ГБ за користење. Мислам дека во овој 10ГБ може да се инсталирааат над 50 апликации, нешто што реално ниеден корисник не го прави. Истотака може да се најдат боксови и со 32ГБ ром меморија, како и со 64ГБ. Реално гледано , не гледам потреба од олкава ром меморија, со оглед на тоа дека истата се користи за инсталирање на апликации од корисникот. Се разбира, дека на таа меморија, корисникот може да смести филмови или музика, но сепак јас преферирам да сочитувам фајлови од екстерни уреди како
    SD карта, или УСБ флеш меморија. Да резимирам: 16ГБ е доволна количина, се над тоа е маркетиншки трик, со кој што ве тераат да дадете повеќе пари. Во реалност, таа количина останува неискористена !

    4. WiFi конекција и влезни порт

    4.1 WiFi
    Со оглед на масовната примена на бежичната технологија во овие уреди, се нематнува потребата од подобра бежична технологија, како би се задоволиле побарувањата при стриминг на видео со висока резолуција, HD,2K,4K итн. Тука нема што многу да се објаснува. При купување на бокс, гледајте истиот да има минимум N стандард, што значи во теорија да може да направи пренос од 75mbps - 100mbps. Подобритите боксови имаат и 802.11AC стандард, што значи 2.4гхз и 5гхз истовремено, кои што може да се користат. При стриминг на 4K видео користење на 5гхз мрежа е строго препорачливо поради поголемиот проток на сообраќај кој што може да помине низ оваа мрежа.

    4.2 Ethernet LAN порта

    Речиси кај сите боксови е присутна и LAN портата, која што претставува жичана конекција со вашиот рутер. Кај поефтините боксови оваа порта е Fast Ethernet, односно 10/100mbps, додека кај поскапите боксови е присутна и Gigabyte порта која што во теорија би можела да поднесе брзини до 1000mbps, но сепак мислам дека оваа брзина неможе да се добие на бокс поради лимитираните хардверски перформанси на истите. Совет: Нека LAN портата кај боксот не биде одлучувачки фактор при купување, бидејки 100mbps портата е сосема доволна за стриминг на било кој видео запис, или содржина, се разбира доколку имате толкава брзина од операторот. Кај боксовите од поновата генерација, оваа порта полека се исфрла од употреба поради влегување на WiFi AC стандардот на негово место. Сепак доколку имате можност да го поврзете боксот со кабел, направете го тоа. Веднаш ке ги забележите разликите, споредено до WiFi. Од останатите влезни интерфејси, повеќето се стандард дури и кај најефтините боксови, така да нема многу што да се дискутира тука . Единствено битно е да ссе напомене дека се препорачува боксот да има HDMI 2.0 или HDMI 2.0a стандард, бидејки само со помош на тој конектор може да се гледаат 4К содржини со 60 рамки во секунда. Стариот HDMI стандард 1.4 може да врши трансфер на 4К содржина но само со 30 рамки во секунда. Значи задолжително HDMI 2.0 ;)

    5. Други работи

    5.1 Dynamic Refresh Rate Switching

    Dynamic Refresh Rate Switching всушност е вредноста со колкава фрекфенција ке се освежува сликата. Повеќето боксови имаат 24Hz извор. Ова и не е некоја битна работа, бидејки уредот со кој што се репродуцира и боксот автоматски се подесуваат за надобрата конфигурација, со цел поквалитетна слика.

    5.2 HDR (High Dynamic Range)

    HDR (High Dynamic Range) е нов начин на подобрување на приказот на сликата, со помош на посебн алгоритми. Сликата кај HDR боксовите, е подлабока, поизразена, и боите се живи и флуиди. Не сите боксови ја имаат оваа функција.

    5.3 Google’s Widevine DRM

    Google’s Widevine DRM е безбедносен сетрификат, кој што е неопходен за апликации како Netflix и Youtube за да прикажат 4К содржини на истиот уред. Така да доколку сакате да гледате вакви видеа онлајн, добро проверете дали боксот е Google сертифициран, вообичаено со Level 1 ознака, која што означува дека уредот е сертифициран и одобрен од Гугл. Овие податоци се достапни преку апликацијата DRM info. Повеќе за овие сертификати овде.

    Сосема за крај, би ставил листа на добри андроид боксови кои што ги препорачувам да се набават и користат.

    1. Најдобар буџет бокс - Tanix Tx3 Mini / Max до 40$.
    2. Најдобар мид ренд бокс - Mecool M8S Pro L / до 75$
    3. Најдобар хај енд бокс - Nvidia Shield / Minix Neo U9 без дилеми !
     
    Изменето од модератор: 14 Август 2018
    На Avid, CBB_6, ivan88 и уште 56 други им се допаѓа ова.
  2. DareDevil

    DareDevil
    Gaining Experience

    184
    152
    25 Април 2011
    Секоја чест за туторијалот!
    Незнам како сум ја промашил темава на форумов, дури сега ја видов.
    Што се однесува до текстот имам неколку добронамерни замерки.

    • Прво TV Box-овите немаат само процесор туку цел SoC кој што го содржи процесорот, графичкиот процесор итн.
    • Големината на РОМ меморија не секогаш е маркетиншки трик, во зависност од намената на самиот бокс се одбира и меморијата.
      Ако намената на BOX-от е само за видео стриминг 16GB е и повеќе од доволно, но ако го користите BOX-от за играње на плус некоја игрица како мене 16GB може да е малку меморија. Она што е многу важно, а не си го напоменал е и брзината на внатрешната меморија која игра преголема улога на перформансите на уредот. Еден од клучните фактори по кој се разликуваат квалитетните од неквалитетните брендови.
    • И најважното што е промашено е софтверот и поддршката.
      Освен хардверот софтверот е она по кое може да се направи разлика од квалитетен и неквалитетен производител. Секогаш пред да купувате уред информирајте се за верзијата, стабилноста и поддршката на софтверот за истиот. Погледнете некое review, ги има илјадници во денешно време по YouTube па потоа одлучете се.
      Порано требаше да се обрне многу внимание на верзијата на андроидот, посебно затоа што на андроид 5 нема опција за adoptable storage за разлика од андроид 6, но сега нема потреба да се внимава на тоа се додека не се појави некоја таква поголема разлика меѓу верзиите.
      Исто така постојат два вида на андроид кои што може да се најдат на TV Box, чист андроид или андроид кој што е ист со оној што го имаат таблетите и АндроидТВ. Секој од нив си има свои предности и недостатоци и се бира повторно според потребите на корисникот. Јас лично ги користам и едната и другата на два различни телевизори.
      Последното нешто на кое што треба да се обрне внимание е поддршката. Minix е таму кај што е денес не само затоа што има квалитетен хардвер, туку затоа што секогаш имал добра поддршка и community.
    Уште еднаш браво за туторијалот, и само вакви постови да има во иднина наместо цигари и бела техника!
     
    ivan88, Noumenon, Psycore и на уште 1 им се допаѓа ова.
  3. MartinGR1MR

    MartinGR1MR
    Intern

    113
    15
    14 Јуни 2014
    Машко
    А прашање во врска со бокс тука може ли да се постави?Ако неможе префрлете го на соодветното место.Пошто јас веќе купив еден и реално се осеќам заебано,и ме интересира дали можам некако да го средам пошто би го користел за Коди и ИПТВ а во моментов не е корисен ни за тоа пошто многу споро ги отвара истите.Па сакам да поставам прашање да ми дадете некој ум како да го потсредам барем малце за овие 2 работи да врват без проблем.Дали со менување на софтверот или незнам.Купен е од Анхоч и не е чепкано ништо од кога е купен,освен што бришев непотребни апликации синкир ќе се ослободи РАМ меморија и ќе се убрза.
    http://anhoch.com/product/39732/android-smart-ott-tv-box-mxq-pro-64bit-quad-s905x-20ghz1gb-ddr38gb2k4kwifiremotea712
     
  4. DrMTR

    DrMTR
    Guru

    6,097
    6,151
    27 Март 2014
    1GB ram е премалку за било какви модификации на истиот.
     
  5. eX3v1l

    eX3v1l
    On your way to fame

    1,026
    553
    2 Мај 2011
  6. HardCorec

    HardCorec
    Unstoppable

    2,910
    3,919
    4 ноември 2013
    Машко
    Ако не ти смета интерфејсот, уредот е коска, го имав истиот но го продадов бидејќи не можев да го флешнам со друг андроид, а го купив за да му е вадам душата ама не се предаде...јас се откажав, иначе со неговиот андроид (7.0) уредчето работеше брзо и лесно.
    Си вреди за парите.
     
  7. eX3v1l

    eX3v1l
    On your way to fame

    1,026
    553
    2 Мај 2011
    Идејата е да инсталирам NeoTV апликација за телевизија и некој програм за торенти и тоа е тоа. Ке уклучам екстерен од 1 тера и ке снимам филмови.

    Sent from my Redmi Note 3 using Tapatalk
     
  8. HardCorec

    HardCorec
    Unstoppable

    2,910
    3,919
    4 ноември 2013
    Машко
    Уредот го тестирав со EON апликацијата на TotalTV, ставив екстерно дискче со некое видео чисто колку да видам како ке се однесува уредот.
    После тестот заклучив дека уредот е повеке од одличен.
     
    На philldm му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Zippo

    Zippo
    Gaining Experience

    543
    492
    22 oктомври 2014
    Data Analyst
    Мене и те како ми е доволно за Mygica TV и Perfect Player.
     
  10. eX3v1l

    eX3v1l
    On your way to fame

    1,026
    553
    2 Мај 2011
    Mi Box 3 вреди за 6000 ден? Барам андроид бокс некое време и незнам дали да идам на поскапа или овие од Анхоч ке завршат работа за 2000 - 3000.

    Sent from my Redmi Note 3 using Tapatalk
     
  11. HardCorec

    HardCorec
    Unstoppable

    2,910
    3,919
    4 ноември 2013
    Машко
    Зависи за што ке го користиш.
     
  12. DareDevil

    DareDevil
    Gaining Experience

    184
    152
    25 Април 2011
    За тие пари ќе си земеш U9-H, MiBox се наоѓа многу поефтино.
     
    На DrMTR му/ѝ се допаѓа ова.
  13. eX3v1l

    eX3v1l
    On your way to fame

    1,026
    553
    2 Мај 2011
    Бев решен за TV Box MXQ Pro+ ама читав доста негативни работи за него па се мислам кога веќе давам повеќе пари да идам на Mi Box, демек проверено е.

    Ке користи за NeoTV телевизија, торенти и стримање 4к филмови/серии со екстерен диск. Нормално ако веќе го земам Mi Box може да си земам и некој гејмпад да се изигра некоја игричка.
     
  14. 123456

    123456
    Gaining Experience

    501
    209
    12 Април 2013
    Машко
    многу скапо кај нас и јас го гледав ми боксот, на али 40% поефтини и јаче
     
  15. DrMTR

    DrMTR
    Guru

    6,097
    6,151
    27 Март 2014
    Ако земате бокс, гледајте за истиот да има каква таква софтверска поддршка за во иднина. Да не останете на истата андроид верзија која што била од фабика. Значи строго, Mi Box ама не 3-ката. пошо нема некоја голема значајна разлика од двојката, а џабе ке си ги дадете парите.
     
  16. eX3v1l

    eX3v1l
    On your way to fame

    1,026
    553
    2 Мај 2011
    Нема многу избор кај нас. И тоа што го има е со напумпана цена. За ова што мислите?

    TV Box TX3 MINI, 16/2GB RAM, Android
     
  17. DrMTR

    DrMTR
    Guru

    6,097
    6,151
    27 Март 2014
    јас го имав истиот. Ако не ти значат 4К содржини на Youtube и слично, тогаш е добар избор.
     
  18. eX3v1l

    eX3v1l
    On your way to fame

    1,026
    553
    2 Мај 2011
    По спецификација има 4к ова.
     
  19. Steam.

    Steam.
    On your way to fame

    604
    546
    31 Мај 2011
    Што препорачувате највеќе за филмови нa MXQ Pro+от? Го земав овој модел и дојде со Коди, ставив адони, ама многу од тие се или спори или едноставно не лоадаат, шо ми доаѓа за џабе. Некако да стаам екстерен диск на него ако не па преку мрежа да му ставам фајлови..
     
  20. DrMTR

    DrMTR
    Guru

    6,097
    6,151
    27 Март 2014
    Има да, според спецификација, НО нема лиценца од Гугл за да репордуцира 4К видеа.. Мора да има некоја си лиценца (заборавив како се викаше) за да ти даде. Додека го имав пробав да пуштам 4К јутуб видео, ама макс беше 1080п.
     
  21. MartinGR1MR

    MartinGR1MR
    Intern

    113
    15
    14 Јуни 2014
    Машко
    Кај можам да најдам најнов фирмвер или некој што ќе одговара на мојот бокс?Овој што ми дојде со боксот беше наџиџкан со ствари ставени безвезе од кинезиве,сакам на чист софтвер да го преинсталирам :D Неам мн искуство со Андроид и боксови,нешто налик формат на ПЦ.
     
  22. Zippo

    Zippo
    Gaining Experience

    543
    492
    22 oктомври 2014
    Data Analyst
    Имаш апликација за рутирани боксови со која ќе ги замрзнеш непотребните апликации. Јас така од 700MB RAM стигнав до 300MB RAM зафатени. Link2sd се вика.
     
    На MartinGR1MR му/ѝ се допаѓа ова.
  23. 123456

    123456
    Gaining Experience

    501
    209
    12 Април 2013
    Машко
    Android TV Box T95N, 2GB, 4K, WiFi

    Како се бара за ова нов фирмвер, пошто автоматик не сака, најдов неколку ама неуспешно
    @Zippo ова како што гледам е за кратење, префрлување од интерна на сд, не е за нов фирмвер?
     
  24. MartinGR1MR

    MartinGR1MR
    Intern

    113
    15
    14 Јуни 2014
    Машко
    Појма немам што да замрзнувам ептен многу апликации има... Едвај 90мб од РАМ ми се слободни,незнам што да disable од непотребниве апликации на боксов(пошо може да утнам некоја што не е баш непотреблива) :D
     
  25. NiceNaumoski

    NiceNaumoski
    Intern

    37
    6
    16 oктомври 2014
    Машко
    Ако може некој да ми понуди до кај 3000 денари бокс,ми треба само за ИПТВ,други апликации не ми биле потребни,би го користел неколку часа дневно,и со какви спецификации би требало да биде за да не сецка,кочи и слично?
    Поздрав !! :D
     

Сподели

Вчитување...