1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Водено ладење во МК

Дискусија во форумот 'Overclock & Modding' започната од xenon, 11 oктомври 2013.

  1. xenon

    xenon
    Guru

    3,791
    9,444
    15 Јануари 2011
    Машко
    Ќе ги замолам членовите со профили на социјалниве медиуми (фејсбук, твитер итн.) да постираат на јавните страници на фирмите кои дистрибуираат хардвер (Сет, Анхоч..Амц) да донесат китови за водено ладење и поединечни елементи. За разлика од многу други хардверски компоненти, водените ладења не застаруваат па можат и по неколку години да седат на полиците.

    Предлагам:
    - 360мм радијатори
    - 1150/1155/2011 водени блокови
    - пумпи, црева, фитинзи итн.

    Пишете дека има публика за ова.

    Coolermaster и Corsair играчките што се носат не се ништо подобри од просечен воздушен кулер.

    Секој обид да се нарачаат истиве од ибеј и сл. за обичните смртници е непотребен ризик, фрустрации со царини, непредвидливи трошоци и сл.
     
    На goran.n, dejan_str, prichina и уште 7 други им се допаѓа ова.
  2. Molec

    Molec
    Unstoppable

    1,361
    2,172
    18 Мај 2011
    Машко
    Све ме занима
    Предлагам да се потпишеме сите што би купиле делови или комплети за водено ладење, при што би се видел бројот на потенцијални муштерии и би се привлекло вниманието на нашите увозници.
     
    На prichina и xenon им се допаѓа ова.
  3. FrukaZ

    FrukaZ
    Gaining Experience

    312
    361
    16 Август 2013
    Машко
    Фудбал
  4. xenon

    xenon
    Guru

    3,791
    9,444
    15 Јануари 2011
    Машко
    Јас би купил еден кит кој потоа би продолжил да го користам подолго време со промена на блокот над процесорот. Но не би сакал да плаќам шпедиторски и слични маржи кој на кит условни 300 евра би му ја зголемиле цената за уште 200е.
     
    На dejan_str му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Steff_Maja

    Steff_Maja
    Practice makes perfect

    4,157
    1,713
    30 Мај 2010
    Ај, ај, добро си е вака.
    Ако донесат ќе треба да банкротираме :p :p
     
    На dejan_str му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Molec

    Molec
    Unstoppable

    1,361
    2,172
    18 Мај 2011
    Машко
    Све ме занима
    Сега за сега планирам да земам:
    - 1 пумпа,
    - 1 резервоар,
    - 1х280 тенок радијатор,
    - блок за процесор,
    - блок за графичка,
    - цревo од тајгон проѕирнo или цевки проѕирни,
    - конектори...ќе требаат минимум 12,
    - течност - пастелно црвена од Mayhems,
    - термалeн медиум - Phobya LM или Colaboratory Liquid Ultra

    Не мора конкретно овие марки/модели, ради референца, значи тука има 500-600 евра, така да само од мене ќе ќарат бајаги.
     
    На shifty му/ѝ се допаѓа ова.
  7. prichina

    prichina
    Cuda 5.5

    7,816
    5,015
    24 Мај 2009
    Машко
    Мултимедиа (Филм и Тв)
    Пастелите на Mayhems се Pure gold.
     
    На Molec му/ѝ се допаѓа ова.
  8. KireAMD

    KireAMD
    On your way to fame

    244
    879
    29 Август 2011
    Машко
    Носењето на ваква опрема кај нас е голема загуба за фирмите бидејќи :

    1. Опремата е доста скапа и не секој ке ја купи, како што погоре се наведе ова е ентузијастички потег
    2. Неможе да склучат набавка и со ЕК , Phobia, Bitspower , Mayhem, Faser, Alphacool, Laing ако би донеле би донеле една фирма
    3. Воденото ладeње е кастом работа , со која се превзема голем ризик на големи пари и треба да се купуваат посебни делови од посебни фирми
    4. Кај нас ретко се продаваат рефернтни карти или Extreme матични при што за секој модел треба посебен блок.

    Би го поткрепил погоре напишаното бидејќи јас продавав тука EK supreme, D-tek блокови, x2 240mm radijatori od HW со фитингс , по ниски цени и никој не се нафати да ги земе затоа што сума сумару излегува доста пари за комплетирање. На ebay се продадоа одма.

    Едно е желба , друго е спремност за фрлање 500-600 еура на Bling за компјутер кој може да кородира, да направи Cloging на Loopot поради разни причини ( боја, биоцид, алги , корозија од не добро пониклување кои ретко се признаени на гаранција )

    Не е само кај нас вака , многу големи земји немаат шопови за вакви ексклузивни делови. Најголемите дистрибутери се UK, Slovenia i US , скоро сите други земји нарачуваат од нив.

    Јас сите делови ги нарачував од странство, како што кажа Xenon доста платив за шпедиција, царина, данок и шипинг, али нормално е бидејќи секоја земја си ги има тие трошоци.

    Моментално користам :

    EK EN Nickel plated Waterblock za Asus Maximus IV Extreme
    EK EN Nickel plated Waterblock za CPU so nickelplated mod
    x2 Magicool 420 radiator
    Laing d5 vario pumpa
    Bitspower Multi-Z tank 150ml
    Faser 10-13 crevo
    EK/Phobya fittings Nickel plated compressions
    Mayhem red Dye dropper
    Mayhem Biocide
    Mayhem Anticorosion

    Продадов :

    HWlabs Black Ice Xtreme II 240mm rad
    HWLabs Black ice GTX 240mm rad
    EK Supreme LTX copper cpu water block
    D-Tek Fuzion v2 Copper cpu water block
    Rebrendiran Laing d5 design na pumpa
    13-16 fittings

    Целта на се ова напишано ми е дека доколку се има желба и пари , ништо не ве спречува да ги нарачате деловите од страна, јас до сега како што можете да видите имам доста роба од овој тип нарачано и користам, ризик нема , едноставно мора да си регулирате даноци и царина , не сум против донесувањето на оваа роба кај нас , напротив, но мислам дека е не изводливо и не коректно од наша страна да бараме вакви делови , при што и самите сме свесни дека процентуално 1-3% ќе бидат заинтересирани.
     
    На dejan_str, NecrotoX, Molec и уште 4 други им се допаѓа ова.
  9. Molec

    Molec
    Unstoppable

    1,361
    2,172
    18 Мај 2011
    Машко
    Све ме занима


    Затоа предложив да се потпишат сите што би биле заинтересирани за да се има груба бројка, како би можело да се направи есап дали ќе се исплати да се донесе бар една пратка. Евентуално може и секој што се потпишува да наведе конкретна листа на делови што би ги купил и буџет кој би го одвоил за истите.
     
  10. pane96

    pane96
    Gaining Experience

    372
    164
    28 Септември 2013
    Машко
    Ја се нафатив на потег сам да направам водно ладење.. елементите се едноставни доста,можеби малце прости се ама ја вршат истата работа со куповните.. е сеа математиката излезе доста скапа,па ќе видиме.. :)
    Блокот за CPU на дремонг да го направат од бакарна плочка 1500 ден.. се повеќе и повеќе се откажувам од идеата.. :(
     
  11. NecrotoX

    NecrotoX
    Unstoppable

    2,848
    2,701
    4 Март 2013
    Машко
    Илустратор
    Кога едни NewEgg до скоро немаа ништо од водено ладење... Да се донесе во МК е научна фантастика. Еве, да напаравиме анкета колку од нас би купиле комплети за водено ладење доколку утре би донеле по нашите продавници.
     
    На Molec му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Molec

    Molec
    Unstoppable

    1,361
    2,172
    18 Мај 2011
    Машко
    Све ме занима


    Не мора да носат ништо (лагер што ќе им дреме на полици) само нека се спојат со фирма како EKWB, Alphacool, Aquacomputer, XSPC...нека шлапнат скромна маржа (да не излезе поскапо од самиот компјутер ко шо имаат навика). Еден сајт со МК цени и тоа е тоа, си седнеш на ПК уз кафенце си нарачаш/склопиш комплетче по кејф и ти стигне дома за недела-две, без замарање со царини и шверцање по гастербајтери :blush:.

    Доволен е 1 бренд што нуди цел дијапазон производи (пумпи, црева, радијатори, блокови, комплети...).

    На пример XSPC има одлични комплети за 250-300 евра, комплети со солидни можности за надградба (блок на графичка, матична...уште еден радијатор итн), и EKWB...па уствари скоро сите фирми што праат компоненти за водено ладење имаат интересни комплети, како за почетници така и за понапредни примени.

    1 + за анкетата
     
  13. KireAMD

    KireAMD
    On your way to fame

    244
    879
    29 Август 2011
    Машко
    еве ви ја вкупната цена да си нарачате вие компоненти од EK Slovenia за следниве компоненти кој го сочинуваат еден нормален лооп на кој по избор може да се додаде уште 1 240мм радијатор.

    1. Cpu block
    1. GPU block
    1. 360mm radiator
    1. d5 pump + top
    1. rezervar
    10. Compression fittings
    1. crevo
    1. 1l tecnost premix

    voda.jpg


    Гранд тотал = 409 евра сосе шипинг преку брза пошта ЕМС за 3-5 дена до врата , на ова удрете си 5% данок, 15% царина и 30тина еура за шпедиција искача сума сумару до врата пакетот за 3 дена околу 520 еур ( 32.000 денари )

    Само рачунајте дека ова е нај нормален Simple лооп со 1 радијатор 45мм thick и нормални Compression straight fittings. Каде се Mayhem Pastel 15eur e samo 250mll dropper, кај се Аголни фиттингс, Drain ports , Quick Disconnects , уште 1 240мм радиатор, вентилатори, фан контролер, мерач на проток на вода , и ред други тркатанци со што све на све за CPU i GPU да ладите асално ќе опне 600-650 еур ( 38.000 ) денари.

    Направете ја анкетата со овие цифри во глава бидејќи тоа горе ви треба за комплетен систем, и да се донесе вакво нешто кај нас не очекувајте да се софпадне со цените погоре, бидејќи во тие цени ДДВто од словениа е тргнато автоматски бидејќи сте интернационален купувач.

    Пак ќе напоменам , само 2-3 земји во Европа имаат вакви ексклузивни шопови, не сме ние црна овца што ги нема кај нас , сите си ги покриваат овие додатни трошоци, многу луѓе со кој сум во контакт од UK/DE кога прават нарачка од Словениа плаќаат на целта сума 20% данок бидејќи се без царинска зона , кај нас е истото 5% данок + 15% царина = 20% посто.

    За правење на нарачка не ви треба PayPal, со Visa-Ellectron си плаќате , така да нема никакви скриени финти, ризици и слично што би отежнало на секој просечен купувач

    така да не критично е да се гњават нашите фирми за волку ексклузивна опрема кога целиот свет функционира на исти начин како и ние.
     
    На shifty му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Molec

    Molec
    Unstoppable

    1,361
    2,172
    18 Мај 2011
    Машко
    Све ме занима

    Таа е математиката +-50 евра, со тоа што ако ја имаш тука фирмата може полесно/поефтино да вратиш фаличен дел или/и да искористиш гаранција. Ај врати дупнат радијатор у Словенија....со парите од шипингот ќе купиш уште еден таков.

    Никој не сака да ги гњави кутрите локални фирми, и тие ќе ќарат и ние ќе бидеме среќни, сигурни и водено ладени :).


    Затоа реков дека не мора да носат лагер роба, ќе си нарачаш преку нив а ќе ти стигне директно од произведувачот, предност е гаранција, локална фирма и отсуство на замарање со царини, лежарини и даноци.
     
    На KireAMD му/ѝ се допаѓа ова.
  15. KireAMD

    KireAMD
    On your way to fame

    244
    879
    29 Август 2011
    Машко

    Шипингот при гаранција го покриваат они во 2 правци, Мене првиот блок EK Supreme LTX Copper / Plexi што ми стигна беше со погрешен моунт механизам , им пишав маил за неполна недела ми стигна комплетен нов моунт механизам на нивна сметка, истото е и со радијаторите кога ги купував, имаат по 1 година гаранција, доколку било што има на него ( освен сам ако не ги дупнеш со штрафови ) они ти испраќаат дирекнтно нов.
     
    На Molec му/ѝ се допаѓа ова.
  16. smole

    smole
    Unstoppable

    3,198
    3,718
    18 Април 2007
    Kire ima pravo, basko pribivanje distributivni kanali ne e lesno ni eftino...

    Gledajte kako sami da si zavrsite rabota, tesko koj covek/firma bi se nafatil da vi donese bilo sto makar imalo i nekoja marza za nego.

    Ova go pisuva cisto za da ne gubite vreme molejki nekogo. Ja imate sofija solun i belgrad.
     
  17. Molec

    Molec
    Unstoppable

    1,361
    2,172
    18 Мај 2011
    Машко
    Све ме занима
    Е ова не сум знаел...ондак...темава у канализација :D.


     

Сподели

Вчитување...