AMD_fan
Gaining Experience
- 10 ноември 2007
- 3.646
- 139
Дел од производите и услугите на светски водечката мобилна комуникациска група „Водафон” од денеска се достапни и во Македонија преку операторот „ВИП“.
Претставници на британската групација и на третиот мобилен оператор во Македонија денеска во Скопје официјално го претставија нивното ексклузивно стратешко партнерство.
Притоа беше соопштено дека корисниците на „ВИП“ ќе и се приклучат на глобалната заедница на „Водафон“, која во моментот брои преку 520 милиона корисници низ целиот свет. Преку ова партнерство корисниците на „ВИП“ ќе уживаат во поиновативни услуги, ексклузивни апарати, како и во меѓународната роаминг покриеност на „Водафон“.
Главниот извршен директор на „ВИП”, Никола Љушев рече дека на македонскиот пазар се спојуваат глобалното знаење на „Водафон” и локалната експертиза на „ВИП”.
Претставникот на „Водафон“, Штефан Ваил изрази задоволство што неговата групација е во можност да влезе на уште еден балкански пазар.
„Партнерството со „Водафон“ ќе осигура дека целиот асортиман на интернационални стандардни продукти ќе бидат достапни заедно со уникатните локални услуги за сите „ВИП” корисници”, рече Ваил.
Првиот заедничкиот производ на овие две компании што од денеска за прв пат се појавува во Македонија, е „BlackBaerry” решението што обединува заедно интелигентен телефон, софтвер за лесен пристап до е-меил, мултимедијални содржини и друго.
Извор: А1