1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Во врска со лаптоп кога играм игри

Дискусија во форумот 'Преносни компјутери и таблети' започната од Karrix, 5 Април 2020.

  1. Karrix

    Karrix
    Intern

    18
    0
    3 Април 2020
    Машко
    Здраво.

    Нов сум на форумов, и сакам да знам зошто кога го ставам лаптопот на полнење играта не ми кочи, а кога го вадам полначот (кога лаптопот е веќе полн) по малце ми кочи играта. Dell Inspiron 3584 е лаптопот, со АМД Радеон 520 2gb и Интел i5 процесор 1.60GHz 1.80 GHz. Знам дека конфигурацијава не е нешто за игри, ама за CS:GO не е лоша.
     
  2. petkotrajko

    petkotrajko
    Gaining Experience

    96
    73
    16 Јуни 2017
    Најверојатно поради baterry/power settings, односно како да се однесва лаптопо ко ќе е директно на струја (тогаш е сигурно наместен на high performance), а ко е на батерија, со цел да заштеди троа, за да пружи поголема минутажа без полнење, влегува во некој balanced моде, каде ја ограничува процесирачката моќ на процесоро и на графиката.
    Чарето е цело време да го клајш на high performance, или поедноставно кажано, ко ќе го исклучиш од струја, оди со маусо до сликчето со батеријата долу десно, и лизни го на десно тоа линифчето (кон Best performance).
    Ова под услов да имаш виндоус десет (а најверојатно е тој).

    Иако, одредени конфигурации на лаптопи, без разлика на сетинзите, ко ќе бидат на батерија, сепак знаат да намалат од перформансите....
     
    Astro, Ticklah и на Karrix им се допаѓа ова.
  3. fuzzjaw

    fuzzjaw
    Unstoppable

    1,325
    2,060
    13 Јануари 2014
    Машко
    99% сум сигурен дека кога ќе го извадиш лаптопот од полнач, дедицираната графичка не работи за да заштеди батерија. Лаптопот се префрла на интегрираната од процесорот, и заради тоа губиш перформанси.
     
    На TATA_MATA му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Karrix

    Karrix
    Intern

    18
    0
    3 Април 2020
    Машко
    Се работи за Windows 10, скоро е земен пред 1 месец. Ама ме интересира дали тоа што се случува со мојов лаптоп се смета како проблем или така е кај сите лаптопи (вклучувајќи ги и гејмерските лаптопи)?
     
  5. Ticklah

    Ticklah
    Gaining Experience

    149
    68
    14 ноември 2014
    Машко
    Така е кај сите, иди во control panel, hardware мислам беше делот и таму чепкај, се мести.
     
    На Karrix му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Karrix

    Karrix
    Intern

    18
    0
    3 Април 2020
    Машко
    Кога играм игра со полнач на него, не кочи ама загрева дури и бучи.. Е сега, ако купам кулер за лаптопот, ќе има ли такви проблеми или исто ќе биде како претходно? Ако може и за кулерите да ми појасните како одат, дали има некоја врска со конфигурации нешто (мислам на тоа дали треба на кулерот да се местат колку да лади таму шо знам)..
     
  7. Sludge.Factory

    Sludge.Factory
    Practice makes perfect

    738
    1,076
    7 Февруари 2014
    Машко
    Stomatolog
    тој лаптоп не ти е за интензивно играње, затоа и загрева, а кочи на батерија. Смени power plan на high performance ама искрено, не си го уништувај лаптопот играјќи. ЦС е ипак интензивна игра. Тој е ентри левел лаптоп за солитери. 1.6гхз, најверојатно е и У серија процесори, за подолготрајна батерија.
     
    На Karrix му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Karrix

    Karrix
    Intern

    18
    0
    3 Април 2020
    Машко
    @Sludge.Factory Кантер и не играм секој ден ради онлајн часовите и немам баш време за играње. Ама некојпат кога сакам да изиграм добра партија, да не ми кочи, да не прегрева многу и да бучи.. Ако купам кулер, може да се среди тоа или исто ќе остане?
     
  9. ARMac

    ARMac
    Орган

    6,459
    7,445
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    Не се игра на батерија. Имаш опција override да направиш со custom power plan.
    Сите лаптопи бучат, особено во гејминг (част изузетцима).
    Подлога нема многу да ти намали температури. Проблемот не е таму него во едниот пљоснат хитпајп што влече топлина и од процесорот и од графичката. Да се излади тој хитпајп е задолжен вентилаторот. Усисот во зависно од моделот може да е доле (најверојатно), но тој усис иде во перките на вентилаторот а не во хитпајпот.
     
    На Gaston и Astro им се допаѓа ова.
  10. Astro

    Astro
    Guru

    6,645
    9,321
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Она што кажа Армац.

    Не се игра на батерија, ќе ја уништиш батеријата. Секогаш играј кога е вклучен во струја.
    Ако лаптопот не е гејминг лаптоп или пак workstation; тогаш не ни треба да играш на него интензивни игри зошто не е дизајниран за тоа.
     
  11. Karrix

    Karrix
    Intern

    18
    0
    3 Април 2020
    Машко
    Добро, фала на информација.

    Заклучувам тема.
     

Сподели

Вчитување...