ContentBot
Робот (content unit)
Изутринава бевме пријатно изненадени кога во инбоксот ни пристигна ПР соопштение со наслов: “South Side Cocktail Bar – првиот крипто бар во Македонија“. Очекувањето од мејлот и од насловот ни беше дека ни претстои соопштение кое издржано ги користи термините крипто и криптовалути – нешто кое на локално тло до сега е вистинска реткост, бидејќи често сме сведоци на неиздржани ставови и промоции на крипто темата кои на крај или не даваат резултати или пак воопшто не се ни ставаат во пракса – а за теорија, може сите да се согласиме дека на ниво на менталитет воопшто не ни е проблем и сме одлични теоретичари. Мотивирани од насловот, во еден здив го исчитавме соопштението...
Иако официјално и јавно им го честитаме отворањето и на Крипто клубот на The House Скопје, и на „првиот крипто“ коктел бар во Струмица на South Side, на кои навистина им посакуваме огромен успех во работата, би сакале да појасниме дека нашето разочарување (видно од текстот) е дека како ИТ професионалци и ентузијасти во 2022-ра година, кога има уште еден циклус на падни-стани во криптовалутите, чиј пазар и со овие вредности се брои во милијарди долари, кога веќе дојде време и кај нас да се легализираат криптовалутите, наместо да зборуваме за како некој навистина имплементира блокчејн технологија и ги искористува криптовалутите, треба да прифатиме само пиење на коктели именувани по криптовалути и тоа да го промовираме како голем и значаен чекор.
@South Side коктел бар, ништо лично, меѓутоа за нас како ИТ медиум не е прифатливо тоа и искрено се надеваме дека ќе ни докажете дека грешиме во ова размислување преку реални и конкретни примери во иднина – нека бидат тоа и чести вистинско едукативни работилници од кои можеби утре некој доволно ќе se едуцира да направи и примени барем нешто практично поврзано со криптовалутите.
Прочитај повеќе @ Во Струмица се отвори „крипто“ коктел бар, но коктелите сѐ уште не може да ги плаќате со крипто ⋆ IT.mk