• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Во Србија се користат околу 7 милиони мобилни телефони

Статус
Затворена за нови мислења.
  • Ја почнал/а темата
  • #1

D

Администратор
31 март 2007
3,271
1,909
www.iwmnetwork.com
Во Србија се регистрирани повеќе од седум милиони мобилни телефони и околу 1,4 милиони корисници на Интернет, соопштил државниот секретар во министерството за телекомуникации и информатика, Миленко Цветиновиќ.

На предавање за состојбата во телекомуникациите Цветиновиќ рекол дека во таа област последниве неколку години се вложуваат значајни средства, а дека само "Телеком Србија" од 2001 година до 2006 година вложил 1,3 милијарди евра. Тој додал дека постојат конкретни активности, кои водат кон уште побрз развој на телекомуникациите во Србија.

Тоа се укинување на аналогните централи, зголемување на пристапот на Интернет со голема брзина, ширење на примената на безжична технологија WiMax (Worldwide Interoperability for Microwave Access), овозможување на брза интернет конекција за сите училишта во Србија, развој на нови телекомуникациски услуги, користење на оптичката мрежа на српската електро компанија (ЕПС) за државната администрација, за школството и за здравството.

НетПрес
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,530
Мислења
822,726
Членови
28,053
Најнов член
ro0tkid
На врв Дно