• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Во Русија ќе биде објавен роман напишан од компјутер

Статус
Затворена за нови мислења.
  • Ја почнал/а темата
  • #1

D

Администратор
31 март 2007
3,271
1,910
www.iwmnetwork.com
Идниот месец во Русија треба да излезе од печат првиот роман во светот што го има напишано компјутер.

Специјалната компјутерска програма „ПиСиРајтер“ е изработувана осум месеци, а филолозите бирале текстови врз основа на кои компјутерот би можел да создаде своја фабула.

Главните ликови во романот се оние од „Ана Каренина“, односно во компјутерот се внесена детални информации за сите нив и им е доделена определена почетна позиција.

Компјутерот романот го напишал за три деноноќија и го нарекол „Вистинска љубов“. Јунаците од романот на Лав Толстој живеат во наше време на непознат остров.

Ќе се фрли ли некој под воз на крајот на романот или „ПиСиРајтер“ има поинаков план за судбината на Ана, ќе се знае во јануари.
Издавачите на романот наведуваат дека како експеримент е интересно да се види што мисли компјутерот за љубовта, бидејќи ниту еден човек нема да може никогаш да биде објективен.

Писателите и критичарите уште сега се против романот. Но, меѓу нив има и поедници кои сметаат дека не постои причина за страв. Тие сметаат дека останува на читателот сам да ја процени вредноста на проектот.

„Доколку некој сака да се восхитува на она што магаре може да го наслика со опашката, тогаш компјутерот може да напише подобро од многу генијалци на нашето време. Но, тоа нема да биде таа уметност за која луѓето некогаш мечтаеја“, вели познатиот руски писател Михаил Велер.

Издавачите, пак, веќе се сигурни дека книгата ќе биде барана. Па и хонорарот на програмерите и филолозите е далеку помал од оној кој им се дава на писателите.

Затоа ризикот за издавачите е минимален, а не треба да се заборава и на Гинисовата книга на рекорди, во која ова прво дело на компјутер сигурно ќе биде запишано.

Во Мексико годинава веќе беше спроведен сличен експеримент, но творецот на компјутерската програма, која е исто така способна да развива сижејна линија и да измислува авантури на ликовите, реши да не го печати опусот на својот компјутер.

Извор: А1
 

SwIPE

Intern
29 мај 2007
346
5
А книгава планирана е да излезе во печатена или електронска форма... мислам како се плановите за издавање ?
 

Alexandar

Gaining Experience
21 мај 2007
2,514
90
Е значи некои претеруваат со компјутериве. Ќе дојде и денот кога компјутерите ќе ни објават војна.
 

vik

Intern
14 април 2007
1,936
31
Ова е само дело на многу слободно врема или да се нема што да се прави. Иначе супер е што се развиваат технологиите ама како што вика aleksandar_te ептен се претерува.
 

Vavo

Intern
20 октомври 2007
270
15
Skopje
Книгата најверојатно личи на колекција од произволни реченици, во кои се конзистентни само имињата и времето на глаголите
 

SwIPE

Intern
29 мај 2007
346
5
Специјалната компјутерска програма „ПиСиРајтер“ е изработувана осум месеци, а филолозите бирале текстови врз основа на кои компјутерот би можел да создаде своја фабула.
Книгата најверојатно личи на колекција од произволни реченици, во кои се конзистентни само имињата и времето на глаголите
@ Vavo

Па најверојатно е така, но сепак останува да видиме кога ќе излезе книгата заедно со повеќе информации за тоа на кој принцип е '' напишана '' .
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,557
Мислења
823,248
Членови
28,062
Најнов член
Nacev
На врв Дно