- Ја почнал/а темата
- #1
AMD_fan
Gaining Experience
- 10 ноември 2007
- 3,646
- 139
МАКПОС СО 14 АКТИВНИ GPS-СТАНИЦИ
Република Македонија воспоставува Национална референтна мрежа од активни GPS-станици со кои ќе се забрза примената на технологијата на сателитско позиционирање и ќе се овозможи побрз и сигурен начин да се дојде до геопросторни податоци на која било позиција на цела територија.
Системот за глобално позиционирање ќе го носи името МАКПОС - Македонски позиционен систем и ќе се состои од вкупно 14 активни GPS-станици, кои ќе бидат поставени на меѓусебно растојание од 50 до 70 километри рамномерно на целата територија во Македонија. Ќе биде завршен како целина и ставен во функција до крајот на 2009 година, по што ќе следува негово пуштање во комерцијална употреба. Дотогаш сите заинтересирани корисници ќе може да ги користат податоците од овој систем бесплатно.
Досега е воспоставена мрежа од пет активни GPS-станици кои се наоѓаат во Скопје, Велес, Прилеп, Кичево и Тетово и покриваат околу 45 отсто од територијата на Република Македонија, а до крајот на годината ќе бидат поставени уште две вакви станици во Охрид и Битола со што покриеноста ќе се зголеми на околу 60 отсто.
Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, кој присуствуваше на денешната презентација на новата услуга на Агенцијата за катастар на недвижности, рече дека самиот систем треба да овозможи перманентен сервис на геопозиционирање, односно одредување на положбата во просторот во реално време со прецизност од неколку сантиметри на кое било место на целата територија во Република Македонија.
Според директорот на Агенцијата за катастар на недвижности Љупчо Георгиевски оваа нова услуга ќе најде примена кај голем број корисници од областа на геодезијата, инженерството и инфраструктурата, сообраќајот, рударството, земјоделството, екологијата, управувањето со кризи и научните истражувања.
Придобивките од воспоставувањето на овој систем се што со него ќе се овозможи брз и сигурен начин на доаѓање до геопросторни податоци на која било позиција на територијата на Република Македонија, ќе се овозможи побрз и поефикасен начин на премерување на недвижностите, ќе се создадат предуслови за поекономично работење на приватните геодетски фирми, а со тоа и можност за намалување на цените на нивните услуги кон граѓаните и ќе се создадат предуслови за воведување во употреба на европскиот координативен систем во согласност со препораките на Европската комисија, Со ова за првпат ќе има единствена и хомогена геодетска мрежа на целата територија на Република Македонија.
Извор: Сител