• Важно
    Имате проблем со најава или регистрација на it.mk?
    Побарајте го решението на вашиот проблем ТУКА!

Внимавајте: Вируси за вљубените!

Статус
Затворена за нови мислења.

AMD_fan

Gaining Experience
10 ноември 2007
3.646
139
На интернет деновиве се појавија два нови вируса Nuwar.OL i Valentin.E, кои се поврзани со Денот на вљубените, соопшти компанијата Panda Security.

Доколку деновиве добиете e-mail под називот „I LoveYou So Much“, „Inside My Heart“ или „You ... In My Dreams“, добро размислете пред да го отворите зошто може да ви го зарази компјутерот.

Таквата порака „црвот“ најчесто го кријат во линк за Интернет страница која изгледа едноставно и безопасно. Ќе помислите дека некој ви праќа романтична честитка со големо розово срце. Сепак, не станува збор за љубовна изјава.

Штом го „инфицира“ компјутерот, вирусот препраќа e-mail на други корисници. „Црвот“ ја отежнува работата на компјутерот, а може да го избрише и хард дискот.

И вирусот Valentin.E делува слично. Мејловите под називот„Searching for True Love“ или „True Love“ кога ќе се отворат ослободуваат „црви“. Прво ќе ви понудам бројни слики за десктоп, а потоа почнуваат да копаат по вашиот компјутер.

Од Panda Security советуваат:

1. Не ги отворајте e-mail од непознати адреси, ниту пак линковите кои стигаат од познати лица
2. Ако навистина ве копка за што станува збор ископирајте го линкот во adress bar
3. Добро размислите пред да кликнете на љубовната разгледница или на кратките видеа
4. Најдобро би било на време да го заштитите својот компјутер со соодветен антивирус

Извор: ИДИВИДИ
 

Blagojce

Gaining Experience
26 декември 2007
900
74
Прилеп
Blagojce's setup  
Processor & Cooler
Intel Core i5-3570 3.40GHz
Storage
2 TB
RAM
8 GB
Monitor
ASUS 24" LED Full HD
OS
Windows 10
Фала за советот.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43.153
Мислења
894.616
Членови
31.869
Огласи
334
Најнов член
hikagenius
На врв Дно