1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Внимавајте на ДДКОМ!!!

Дискусија во форумот 'ДДком' започната од Daniel86, 31 Декември 2016.

  1. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,575
    3,567
    12 Јануари 2016
    Машко
    Здраво Ивица.
    Прилично добро напишан пи-ар материјал, но се плашам дека за нашите потреби во оваа дискусија - доволни се само цитираниве делови. Всушност сметам дека само подвлечениот текст е доволен.

    Многу кажа ама никако не објасни како е нормално на клиент да му биде продаден користен, поправан, и изгорен производ.
    Не можеш. Затоа што не е нормално, и никакво објаснување за нечесни дистрибутери не може да го смени тоа.

    Никој овде не може со сигурност да тврди дека со намера сте сакале на клиентот да му подвалите користен и поправан производ. Но вие како продавница сте по дифолт криви заради фактот дека од ДДКОМ/ДДСТОР е продаден производ кој не бил во оригиналното пакување, и притоа производ кој е очигледно користен, поправан.
    Не сте провериле крајно сомнителен производ. Криви сте 100%. Дури и нов производ, со оригинална амбалажа, нормално е визуелно да се провери пред да се (пре)продаде на клиент.

    Единствено не разбирам дали ни кажуваш дека „бизнис моделот“ на ДДКОМ е продавање отпакувани производ, без оригинална амбалажа, без воопшто да се фрли макар еден површен поглед со кој за една секунда може да се види дека производот е ГОРЕН и ПОПРАВАН??

    Еве за што зборуваме, ова е вашиот производ кој со изгорени слотови е продаден како нов:
    upload_2017-1-2_23-7-44.png


    Понатаму, многу потценувачки е за вашиот клиент, коментарот дека производот го купил „во 5 до 12 и пробува да скрпи компјутер за да може да игра за време на празниците“.

    Навистина?
    Официјален претставник на ДДКОМ се дрзнува да коментира кога купуваат клиентите и за што ќе ги користат производите купени во вашата продавница??


    Можеби не ти е јасно Ивица, ама ти воопшто не им правиш на ДДКОМ услуга со ваквите изјави. Веројатно ти е наложено да го поправиш пи-ар рејтингот, не да го доутепаш.





    Ова е чесно објаснување. „Клиентите што добро го познаваат пазарот... НЕ ни се таргет клиенти.
    Фер. Тоа е тоа.

    Патем ова ме провоцира да го кажам и моето кратко искуство со вас. Пред десетина дена, исто како Стефан, ми требаше 1155 плоча и некој од форумов ме советуваше да се обратам кај вас. На телефон рековте дека ќе видите, и на следното слушање направивте понуда за одредена плоча за 3 илјади денари. Само пола саат претходно за истата плоча добив понуда од 1.700 денари, најверојатно од истата фирма во која во меѓувреме сте се јавиле.
    Нормално, ви се заблагодарив на „понудата“ и плочата ја пазарев директно од изворот. Самиот факт дека пробавте да отидете со толкава маржа, зборува многу за вашиот „бизнис модел“.

    Уште посмешно е поназад како се жалиш дека денес „биле многу мали маржите“. Па ако на плоча од 1.7к (а вашите дилерски цени се сигурно пониски) - правите 1.3к заработка, навистина сте за жалење. Колкави ви се маржите на хај-енд компонентите? :)


    Секој си го бара лебот на некој начин во ова тешко време. Не можам да ве судам за тоа што денес се нарекува „претприемништво.
    Но сепак некој чиј „бизнис модел“ го емулира Дел бој од Only Fools and Horses - би можел барем да не ги навредува клиентите со изјави како „во 5 до 12 и пробува да скрпи компјутер за да може да игра за време на празниците“. Не бива.

    Ќутете и работете.
    Како што самиот кажа, „таргет групата“ и онака не ви се типичните учесници на овој форум. Така да, No Harm Done...
     

    Прикачени датотеки:

    На Necromancer, ivan88, DennyMK и уште 13 други им се допаѓа ова.
  2. Dexter26

    Dexter26
    Gaining Experience

    186
    95
    16 Септември 2010
    Машко
    Бреееј, сите генијалци испаднавте од прв до последен и за хардвер и за трговија, да не сум Македонец и да не знаев какви се сељаци лекуваат лични комплекси по македонскиве форуми, ќе речев дека сте трговци увезени од Јапонија или од Тајван.

    Не ви се допаѓа како дечкото си ја брани фирмата со коментари од типот "5 до 12", а посветивте 3 страници од новоотворена тема на форумов за да му ја испомавате фирмата со дрва и камења.

    Единствената грешка која дечкото ја направил е тоа што воопшто ја прочитал темава и посветил време за да даде свој коментар, со оглед на фактот дека е потребен памет за да се покрене фирма како ДД Ком со над 30000 артикли со плаќање преку Интернет и испорака низ цела Македонија, ако има малку повеќе памет дечкото, ќе се пресели себеси, семејството негово и ќе ги советува газдите на фирмата да ја преселат во друга држава, некаде каде што знаат дека грешки се случуваат и ќе се случуваат.

    Кога излезе PlayStation 4 во 2013 година, речиси 20% од сите првично испорачани конзоли беа неисправни, подоцна се откри дека намерно биле саботирани од страна на студентите кои ги склопувале бидејќи биле на пракса во фабриките на Фокскон, каде што ги условувале да работат прекувремено или нема да им издадат потврди за успешно поминатата пракса, а без тие потврди не ќе можеле да дипломираат. За да му вратат мило за драго на Фокскон, студентите ставиле олово во термалната паста, со што буквално го саботирале системот за ладење на конзолата. Кога студентите беа откриени, штетата веќе беше направена, Сони си претрпе загуби и лоша репутација, но никој не маваше со дрва и камења по Волмарт или Таргет или било кој друг продавач на големо или мало бидејќи продавале неисправни производи или бидејќи не им текнало да ги отворат и да ги тестираат производите кои ги продаваат.

    А тек па минатава 2016 година фијаското на Самсунг со Galaxy Note 7, не видов некој да мава со дрва и камења по Самсунг или некои од неговите дистрибутери.

    А инаку и јас имам купувано од ДД Стор и ми пристигнал погрешен производ, но откако сум се пожалил, истиот бил набрзо заменет со производот кој сум го нарачал, па не се нафрлив да ги демонизирам ДД Ком на Интернет бидејќи немам друга занимација.

    Не бе деца, за такви како вас само гулаг, минимум 2 години сталинистички третман, мотика и лопата, да видите како се вади лебот, па после да видиме како ќе го трошите времето во 5 до 12.
     
    Последна промена: 3 Јануари 2017
    AleXXL, StOrMK и на igor_igor им се допаѓа ова.
  3. HocusPocus

    HocusPocus
    On your way to fame

    981
    603
    3 Јули 2007
    И јас имам позитивно искуство со ДДстор и баш поради нивниот принцип на работа купувам од кај нив производи што не се достапни секаде а ги има на нивниот сајт. Знам дека ги нарачуваат производите од дистрибутери затоа и прво прашуваш дали можат да го набават производот, ако може си правиш нарачка и си нарачуваш, ти го праќаат по пошта и готово.

    Во глобала си купуваш од дома и не луташ по продавници да бараш кај го има кај го нема производот што го бараш, нешто што мене лично ми одговара.

    Поради принципот на работа што е јасно наведен на нивниот сајт нема причина за лутење ако нешто не работи или ако не е како што треба. Доколку се случи тоа и тие не сакаат да го заменат или да ви ги вратат парите тогаш се криви и заслужуваат критика.
     
    На igor_igor му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Enforcer_

    Enforcer_
    Practice makes perfect

    946
    1,042
    26 Декември 2012
    Momentot koga makedonskiot narod probuva da voskresne so toa sto ke gi oprai IT firmite vo Makedonija. Nie uste ne znaeme koj ni ja vodi drzavata i dali ke postoime, ke sme pocituvale zakoni za IT proizvodi i ne znam sto... mnogu detsko/tetkinski stana forumov...videte kolku clenovi se otkazaa od nego kako i jas.. 1-2 mesecno listam so ima i samo ova citam...kenjanje za firmi i losi iskustva.. je*es vakov forum. Stvarno lici deka poveketo si lecat kompleksi i si gi merat. Dajte da se cita i diskutira za nesto inovativno,recenzii, maani/prednosti na proizvodi, a ne koja firma poveke ke te zaebe. Ako mislis deka si osetetn imas pravni subjekti idi zali se vodi postapki so inspekcii (demek funkcioniraat i tie ama aj). A vaka so zalenje na forum so ke dobies? Ama aj ako vi e interesno vaka da funkcionira da se vklopime u celost :D Ne kupuvajte od DDKOM prevaranti se, oni se krivi i AMC se krivi i SET se zimi takvo i Anhoch se tinja i Neptun ne se happy i Mebius se selendri i Neksio se pola Mebius..............tragedii se ova XD. Ja stvarno sakam da znam dali site se prosetani i imaat licno iskustvo kako vo zapadnive drzavi funkcioniraat ovie raboti i tamu site se bezgresni ili da mu umre kozata na komsijava e rabotava?
     
    На igor_igor му/ѝ се допаѓа ова.
  5. stojatoni

    stojatoni
    Intern

    10
    7
    3 Декември 2012
    Машко
    Со дечкиве сум си имал позитивно искуство. Пред неколку години купивме компјутер за сестра ми од кај нив.
    Беа многу пријатни за муабет. Си плативме однапред нешто ни го склопи компјутерот наредниот ден, си доплативме и се помина во најдобар ред.
    И јас мислам дека беспотребно се напаѓаат луѓево.
    Се пробува со разговор прво, па ако не ја бидува работата тогаш се пишува.
    Пробувале до сега да ме зафркнат и мене неколку фирми, но со разговор најчесто сум ги завршувал работите.

    Штом дечкото се понуди тука да објасни мислам е доста коректно од него.
    Без лутење но мене ми делува овие неколку што напаѓаат повеќето како да му љубоморат на ддком или се некоја конкуренција.

    Дечково Стефф ми помогна при купување на мојот лаптоп па можам да осетам дека е супер дечко и баш ми е мило што ете си завршил работа на овој или оној начин.
     
    На igor_igor му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,575
    3,567
    12 Јануари 2016
    Машко
    Дискусијава почна како пренесување искуство со фирмата од насловот, а сега дигресира во нешто што наликува на хистерична караница.
    Можам да разберам ако некој е пријател со луѓето од ддком и ја ценам лојалноста, но „гулази и 2 години сталинистички третмани“? Навистина? Воскреснувања на народот, и други народни приказни... :)

    Не може клиентот да е крив затоа што добил неисправен производ кој не приметил веднаш дека бил видливо оштетен. За се може да збориме ама тоа е грешка на ддком и не може да се оправдува како да е ништо важно, па сеедно што направил клиентот со грешката на продавачот.
    ДДКОМ доволно беше да се извинат, и толку ќе беше. Но не, тие мораа да кажуваат колку се они супер а колку им се клиентите за никаде, и да ја искористат можноста за една цела колумна со пи-ар за нивниот „бизнис модел“.



    Баче, неколку факти за тебе. :)
    - Никој не ги „напаѓа луѓето“ - едноставно нивен клиент пренесува искуство што го имал со нив. Ниту лаже, ниту измислува, за се има фотографии и документи.
    - Пренесувањето искуство е благородна работа.
    - Ти на пример ете не си пренел твои искуства (кога пробувале да „те зафркнат неколку фирми“), иако искуствата ќе им помогнеле на други.
    - „Дечкото Стефф“ што ти помогнал тебе, сега ни помага на сите преку тоа што не се воздржува од споделување на искуствата (за разлика од тебе)

    Ништо лично, само сакав да ти објаснам некои работи кои можеби ете не ги разбираш.





    Стеф веќе имал процесор, имал меморија. Му требало само плоча за тој процесор и таа меморија. Ако земе нова плоча, ќе му треба нов процесор, ддр4 меморија, веројатно и кулер а којзнае можеби напојување?
    Знаејќи го сето тоа, дека ќе остане без плоча и компјутер, тој отишол кај некој за кој се знае дека си работи работата. Плочата ете му ја сега поправена, и тоа е тоа - ќе се користи затоа што 1155 плочи денес нема ни за лек.

    Инаку да, и јас би им „ја лупнал плочата од глава“ во првиот момент би ја видел таква со горени пластики.



    Со цела должна почит кон Даниел (кој извесно е добар сервисер и познавач), но случајов повеќе зборува за тоа колку е низок просекот на стручност на сервисерите овде (што и не е баш чудно, со оглед на платите).

    Ако би морал да правам некаква „форензичка“ анализа, би рекол дека работата првобитно ја заебал оригиналниот (непознат) корисник на плочата, со флеширање на несоодветен фирмвер. Или тоа го направил некој „сервисер“ кога решавал некој друг проблем (и со тоа направил нов, проблем). Потоа извесно некој друг, или истиот сервисер, ја „поправал“ плочата со топтан палење греење со индустриски фен (при што спалил пола од пластиките).
    Потоа плочата, таква каква е, некако дошла до Стефан и... Останато веќе го знаете. :)
     
    На ivan88, smole, DennyMK и уште 3 други им се допаѓа ова.
  7. psyside

    psyside
    Rising Star

    25,682
    26,304
    4 Септември 2008
    Ова често се врти деновиве, не навлагам во другите дискусии, но ме интересира кои се тие многу корисници што се откажале од форумов?
     
    На Necromancer, AlexanderMK, Lokvan и уште 2 други им се допаѓа ова.
  8. Astro

    Astro
    Guru

    6,157
    8,536
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Ајдееее, еве почнаа нови ликови да продаваат памет на темава. Па вие да имавте поима што зборувате бе немаше да живеете во Пустец и да доаѓате на форум по порачка и да пишувате глупости. Вака ли ќе ја оправате работата ДДКОМ?
    Се споредува измамничкиов случај со Самсунг? Зар вие нас за ретардирани не сметате?
    Назад ајде во дупката од каде што ве викнаа.

    Sent from my Redmi 3 Pro using Tapatalk
     
    На AlexanderMK, alumen :), Ceco и уште 7 други им се допаѓа ова.
  9. TylerMkD

    TylerMkD
    Unstoppable

    2,079
    3,418
    7 ноември 2014
    Машко
    Не ја носи ти темава како модератор во неповрат сега, цитирај го во друга тема.

    П.с. За ДДКОМ, бизнис моделот на „ние препродаваме, земаме ќар и не сме криви ако компонент е неисправен“ е тотално безобразен.

    Некој погоре во нивна одбрана спомна како PlayStation 4 идел со фабрички дефект, а криви биле студентите во Foxconn. Тоа е комплетно точно. Сепак, вината отишла кај Sony?!
    Епа, овде е крив одреден добавувач, ама логично е вината ултимативно да отиде кај DDCOM, зашто они го продаваат производот.

    Можеби DDCOM треба да се ребрендира како IT пошта, па да не сноси никаква одговорност за било кој компонент.
     
    На ivan88, bxxxn, Lokvan и уште 3 други им се допаѓа ова.
  10. Avid

    Avid
    Guru

    4,055
    6,032
    21 Јануари 2009
    Ти си царот на аналогиите.
    Како успеа да направиш ваква споредба, а бе за истото до точка се збори во темава :D
    Па ова е најдобрата рецензија на матична во последно време.
     
    На alumen :), bxxxn, Lokvan и уште 4 други им се допаѓа ова.
  11. gego

    gego
    Gaining Experience

    252
    264
    6 Декември 2009
    Машко
    Телекомуникациски Техничар
    Во сите фирми се праат пропусти од кои на клиентите, а богами и на газдите (ова газдите неважи за јавно претпријатие) им се крева коса на глава. Вакви случаеви треба да се изнесат и да се знаат, што во полза на клиентот што во полза на фирмата од аспект на наравоучение. На крајот исходот е ист: сите следниот пат ќе си отворат 4 очи. Зар Стефф, јас и вие останатите повеќе нема да пазариме во фирмиве што продаваат техника? Колку се, толку се, можеби и токму се, повеќе внимание следниот пат, не само со ддком него и со сите производи што ги купуваме и од други продавници, а вклучително и поготово прехрамбените производи
     
    На Lokvan му/ѝ се допаѓа ова.
  12. DennyMK

    DennyMK
    On your way to fame

    638
    976
    5 Февруари 2009
    Машко
    Додаток на старово искуство.
    Нарачките ми беа правени преку интернет, а жалбите по телефон експлицитно негирани од страна на ДДСтор/ДДКом.
    Секогаш купувачот виновен за билокаква намерна или ненамерна грешка на продавачот @DDCom! Зошто? Затоашто продавате непроверена роба.
    Ми се гади од вашиот третман на клиенти Ивица @DDCom и затоа се` што имав купено откај вас го продадов по ниска цена само за да си го сочувам спокојот на душата во случај некој дел да откаже.
    НИКОГАШ ПОВЕЌЕ!
     
    На ivan88, STEFF, Astro и уште 2 други им се допаѓа ова.
  13. JasSum

    JasSum
    Practice makes perfect

    1,775
    1,888
    8 Мај 2007
    Машко
    Почнав да читам и рипнав се за да кажам мое искуство со Ивица.
    Од кего купувам делови од кога склопувам компјутери. Од кога си работеше од дома од стан. Се што сум купил било во супер состојба, а сум купил верувајте многу. За Ивица имам само пофални зборови. Тоа е моето искуство.

    Критиката за склопување во 5 до 12... Ако се оставиш да склиопуваш компјутер во последен момент, многу лесно може некоја компонента да излезе фабрички неисправна, па да се апеш за задното месо..

    За тоа дека требало да проверат дали е исправна матичната... Може да проверат визуелно дали е се ок, ама не секогаш продавач на делови е и сервисер за истите па да знае што да гледа. Ако е цела и не тропаат делови, тоа е тоа. Имаш законско право да си побараш парите назад ако не ти се допаѓа бојата на матичната и ти двои од внатрешност на куќиште, па после продавачот треба да враќа на добавувачот.. а патни трошкови натаму наваму, и се заедно треба да биде со зијан за проклетиот продавач и ќар на обесправениот купувач.

    Сите се крстите во @the_maker за неговата услуга и како вреди да се даде некој денар повеќе за да се добие добра услуга. Од Ивица сум имал беспрекорна услуга за секој дел што сум го набавил. А човекот треба и да заработи. Исто како и секој друг на планетава.
     
    На xenon и igor_igor им се допаѓа ова.
  14. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,445
    12,607
    2 Август 2012
    Машко
    Прво и основно. Одлепи се од улогата на полтрон, прочитај ја темата од почеток, сети се дека имало теми и за други трговци и дојди до констатација дека никој не бил поштеден од критика.
    Дечкото си ја бранел фирмата! Бреј!
    И макрото си ги брани проститутките ама тоа не имплицира на поштена работа.
    Тоа што ојле дојле има 20 вработени не значи дека е поларна мечка и дека никој не смее да му мава критика.
    Колку ли поголем ефект ќе имаше да напишеше "Се посипуваме со пепел заради нашата површност. Дојди да ти дадеме нова плоча и извини за непријатностите"
    Место тоа читаме препотентни изјави "кај си нашол да ти се составуе компјутер пред нова година во ова гужвиве"
    Бацето да се поклопи на ушите, да си ги спастри герилците и да се преиспита како една купи-продај зделка завршила вака.
    Гулаг, затвор, леб и вода реториката ќе си ја чуваш за на плоштад.
     
    На -={K-O-R-U-N}=-, Lokvan, Astro и уште 8 други им се допаѓа ова.
  15. smole

    smole
    Unstoppable

    3,057
    3,483
    18 Април 2007
    Приметена е тенденција на "контра-форумџии" како нова тактика, досега не употребена ниту од АМЦ, ниту од Сет, ниту од Мебиус.

    Анонимуси кои одеднаш се појавуваат, и се задоволни од споменатата фирма. Чесен ислучок за @JasSum кој не е анонимус. (Сега очекувам мрчење што е анонимус, кој си ти да кажеш такво нешти и сл.)

    Па добро бе, за што не сметате нас форумџиите? За од дрво симнати?

    Простачки тактики, простачки реторики и простачки обраќања. Па да, нападот е најдобра одбрана:
    -Зашто Стеф склопувал компјутер кога ќе му прднело (да не требало да праша некого, комшијата/нас/фирмата од кај ја купил матичната ?!);
    -Најголема интернет продавница сме со најмала залиха;
    -Даниел врска нема и си лечи комплекси итн итн.

    Ова е исто кога не улица ќе му свирам на некој што ќе помине на црвено, и после он ми се буни зашто сум го опоменал. Не зашто некој направил пи*дарија туку зашто друг го опоменал.

    Затоа од сега покрај фирмата во која стално купувам (име небитно) поради добриот муабет за услужливоста на една друга релативно нова фирма, нејзе ќе и ги дадам моите пари, ако услугата им е стварно толку добра а и еден од дечките знам со алал ќе им платам и ќе ги фалам. АКО. Ако не ќе им пишам чкртка, али ради добрите форумџиски искуства ќе им дадам шанса. Добро/лошо искуство - ќе го пишам на форум, за и другите да знаат. (Скоро) секој заслужува шанса.

    И не се сложувам дека форуми се за корисници, а ако фирма пише е маркетинг. Не, тоа е уште еден комуникациски канал кој ако се користи правилно ќе донесе повеќе приход.

    Ау не, заборавив, луѓе кои имаат дилерски ценовници и луѓе кои сакаат во живо да видат 10 модели на хардвер (т.н. јајчари) не се таргет група, пошто они бараат физичка локација и лагер. Најубаво е парите по пошта да се праќаат, а ако немора ништо да се даде за возврат најубаво.
     
    На ivan88, Astro, DennyMK и уште 2 други им се допаѓа ова.
  16. JasSum

    JasSum
    Practice makes perfect

    1,775
    1,888
    8 Мај 2007
    Машко
    Не гледам што таква галама се крена за ваква работа?
    Да го врател назад делот, па да го гњавеле, па да одиме да го влечеме Ивица за уши, ама нит пријавил проблем нит ништо, туку директива го носи кај неовластен серивсер. Ивица е будала што сега му ја прифаќа матичната назад. Јас би кажал дека е оштетена од сервисерот кој сега се пере за својата грешка и оштетување на производ, набедувајќи го продавачот.

    И после ова ќе следи како го знаеме овој сервисер и тој е златен човек и он секогаш се најдобро има сработено у живот. Исто и јас ќе кажам за Ивица. И? Секој прави грешки кога работи. Битно е дали ги поправа кога ќе му се укажат или се прави идиот. Во случајов Ивица најфер прифаќа да признае грешка што може и не е негова. И пак го распнувате оти и како направил. Еј вие безгрешни. Па каде се криете вие и кај живеете оти општествово е целото килаво и грешно, па сигурно или сте ботови и не постоите или живеете во паралелен универзум.
     
    masterficx, draganamon, xenon и на уште 1 им се допаѓа ова.
  17. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,575
    3,567
    12 Јануари 2016
    Машко
    Убаво кажано, посебно подлеченото.
    На тоа би требало да се сведе темава.

    Инаку јасно е дека вработените прават пропусти, ама газдите треба да се справат со тоа - а на клиентот да му се извинат за грешката и ништо друго.
    Не да го прават крив клиентот и да му попуваат кога купувал компоненти и дека за „играње игри му биле наменети“. Тука почнува дисконектот со реалноста во случајов. :)



    Не разбирам.
    Како може времето на купување (кое секако е во официјално работно време на фирмата), да влијае на исправноста на компонентите?

    Ако ова за времето на купување е вистина, тогаш добра финта би била да ги знаеме кои времиња од денот се најдобри за купување хардвер. Тогаш даваат поголеми гаранции? ;)


    Значи може плочата да е изгорена и на прв поглед да се гледа дека е поправана, ама за продавачот се во ред - освен евентуално ако плочата не е физички скршена на пола „и не тропаат делови“?
    По тој критериум имам барем дузина дефектни плочи на работа, да земам да ги огласувам како „исправни“ и да ги продавам?? ;)

    Риалити чек, просечна интелегенција и пар функционални очи се доволни за проверка во случајов за кој дискутираме - прилично општ услов за продавачи во продавница за хардвер. Не мора да си искусен сервисер за на прв поглед да видиш горени пластики и лошо лемење:
    [​IMG]
     
    ivan88, smole и на DennyMK им се допаѓа ова.
  18. M.Pix

    M.Pix
    Модератор

    707
    2,349
    27 Јануари 2014
    Машко
    Пристапот "зар ние се што ќе ни помине низ раце треба да го проверуваме" е се, само не е океј и коректно. Ова исто детето да го пратам у маркет и да се врати со производи на кои рокот им е поминат, а нели маркетот нема време се да прегледа. Уствари вашите сопствени деца кога ќе се најдат во ваква ситуација по кој плукате? Маркетот или чичкото доставувач на милка чоколада?

    Кој сака нека е краен купувач ваша должност и цел треба да бидат задоволни клиенти односно исправен хардвер. Пошто верувај подобар маркетинг од задоволен клиент нема.
     
    На Zippo, kirev, smole и уште 3 други им се допаѓа ова.
  19. JasSum

    JasSum
    Practice makes perfect

    1,775
    1,888
    8 Мај 2007
    Машко
    Не разбираш затоа што трегнуваш со претпоставки во старт.
    Во секое време моќе да добиеш дефектен производ, ама ако купуваш пред почеток на блок празници, во последен момент, имаш добра шанса да остнеш без функционална конфигурација. Едноставно не се остава за последен момент, оти марфи работи, и ќе останеш да гледаш мтв1 и сител3 за нова година.
    Се надевам сега разбираш. А и многу други разбираат пред да почнат да плукаат, оти нели безгрешни и богови...
     
  20. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,575
    3,567
    12 Јануари 2016
    Машко
    Токму на ова се сведува целта на дискусијата, ама на жалост... :-/


    Небитно.
    Небитно е за она за кое зборуваме, а тоа е фактот дека фирмата како нов продала користен и неисправен хардвер. Пошто се работи за лесно видлив проблем (горени пластики), грешката секако е на фирмата.
    Тоа што потоа направил потрошувачот со производот, ниту ја менува грешката на фирмата ниту е тема на дискусијава. Што ќе направи купувачот е во рамките на негово право на избор. Дури и да остануваат последици по гаранцијата за производот, тоа нема никаква врска со грешката на фирмата.


    Даниел не би направил таква „грешка“ да изгори пола плоча за да одлеми еден еепром чип. Толку барем знаеме за него.

    Можно е само да решил намерно да и наштети на ддком, за што решил дури и цела матична плоча да набави од нив, и тоа заедно со уште еден „заговорник“ Стефан, со кој направиле „злосторничко здружување“ со цел да го оштетат ддком. Ова ли го инсинуираш?
    Пошто ова е веќе тешко обвинување, а без никакви аргументи.


    Мислам дека работава излегува дебело надвор од пропорции.
    Повторно ќе кажам дека ја ценам лојалноста - ама никако не им правите услуга на ддком со палп фикшн и вакви евтини прикази. Напротив, смешно станува.

    Требаше едноставно ддком да се извинат и со тоа да се заврши дискусијава.
    Вака се полошо и полошо станува за нив, а верувам дека тоа на никој овде не му беше цел.
     
    На smole му/ѝ се допаѓа ова.
  21. JasSum

    JasSum
    Practice makes perfect

    1,775
    1,888
    8 Мај 2007
    Машко
    Стави го производот во кутија во која веројатно доаѓал, па во фолија во која исто веројатно бил спакуван. Погледни го и каќи дека ќе го приметиш ова без да го отвориш и провериш.
    Кажете ми дека Ахноч го прави ова за секој производ што го продава. Кажете ми дека било која фирма го прави тоа.
    Затоа има закон и ти дава право да го вратиш производот. Истиот закон те обврзува да не го носиш во неовластени сервиси со кои ја губиш гаранцијата. (Ама битно сакал да игра па решил да поништи гаранција и да си тера мерак...)

    Нешто не е јасно од ова?
     
  22. TylerMkD

    TylerMkD
    Unstoppable

    2,079
    3,418
    7 ноември 2014
    Машко
    =
    Таман работа Веро да ги проверува сите производи за поминат рок, како и за лажни рокови од нивните ДОБАВУВАЧИ (страшно ме иритира што не се знае разликата во ДДКОМ). Уствари чекај, они како сериозна фирма имаат вработени специјално за тоа.
     
    ivan88, smole и на Lokvan им се допаѓа ова.
  23. JasSum

    JasSum
    Practice makes perfect

    1,775
    1,888
    8 Мај 2007
    Машко
    Абе ајде?
    Јас не го знам тој даниел. Ама ете изгледа е бог што нема згрешено. Престанете со глупости, ок?
    Секој може да направи грешка. И ддком и данеил. Со тоа што ддком прифаќаат одговорност и признаваат. Зошто е отворена темава? За да се плука по некого. Дали прво е вратена назад плочата? НЕ. Побарано е од ддком да се оправдаат за грешката? НЕ. Одма на нож.
    Епа каде бе така?

    Тоа дека е изгорена матичната се гледа под аголот под кој што е сликано. Ај ставете ја во фолија, па во кутија и сликајте ја под 90 степени. И покажете каде се гледа оштетување.
    Најпрофесионално ви се извинија, се обврзаа да примат сервисирана матична од неовлалстен сервис. ЕЕЕЈ АЛООО. Нема никаква обврска за ова. Ова е чисто добра воља. И вие на тоа уште со дрва и камења. Сериозно???
     
    На Necromancer, -={K-O-R-U-N}=-, masterficx и уште 3 други им се допаѓа ова.
  24. architect

    architect
    Unstoppable

    1,932
    2,301
    27 ноември 2008
    Машко
    Архитект
    Моментот кога правдаш некој што ти шитнал користена матична како нова па у спат и да не критикуваш зашто ете со 2 збора пробал да се испере за цела таа ситуација ? Мислам после ебење нема каење - стара народна поговорка, а принципот на работа наложува дека ќе има уште многу изебани странки кои може не се познавачи на хардвер и софтвер како форумџиите тука, туку само обични корисници. Е за нив специјална препорака, да си понесат и вазелинче за да лизга поубаво. Зашто ? Зашто за нив нема да има извинување него стандард дриблање лево десно додека не поминат законските 45 дена. Прљавите работи секогаш излегуваат на виделина, само прашање е на време, кога, каде и како :)
     
    Последна промена: 3 Јануари 2017
    DennyMK, smole и на Lokvan им се допаѓа ова.
  25. NecrotoX

    NecrotoX
    Unstoppable

    2,818
    2,670
    4 Март 2013
    Машко
    Илустратор
    Мое крајно гледиште пред да престанам да ја следам темава:

    Производов немал фабрички квар, производот е продаден како нов а уствари е веќе користен и поправан. Како што разбрав и од постот на DDCom, нивниот бизнис модел е таков што дозволува да има вакви пропусти и тие не можат да гарантираат дека и во иднина вакво нешто нема да се случи, посебно кај некои вакви постари модели на хардвер што не може да се најдат регуларно на лагер по продавниците.

    Тука е целата работа со "Внимавајте на ДДКОМ". И толку. Ќе внимаваме.
     
    На kirev, CeeTour, Daniel86 и уште 7 други им се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...