- Ја почнал/а темата
- #1
Daniel86
Guru
Daniel86's setup
- Processor & Cooler
- i7 3770 & Cooler Master Hyper 612 V2
- Motherboard
- Asus P8Z77-V PRO
- Storage
- Samsung 860 EVO 250GB & WD Blue WD10EZEX 1TB
- PSU
- Cooler Master-Silent Pro Gold 600W
- RAM
- Geil 2x8GB
- Video card
- Asus R7 250 2GDDR5 & Intel HD 4000
- Case
- Deepcool Tesseract SW Black/Blue
- Mouse
- Logitech MX1000
- Keyboard
- Verbatim KU-0725
- Audio
- Realtek ALC887 & Kenwood KRF-V5020 + Kenwood LS76
- Monitor
- Philips 222EL
- OS
- Windows 7 Ultimate SP1 x64 И НЕ ГО МЕЊАМ!!!
Драги форумџии, еве ви уште еден доказ за каква компанија станува збор, којашто секојдневно многу луѓе гледам дека ја фалат и преферираат заради нивните попусти во цените, а мене никогаш досега не ми оставиле позитивен впечаток, и не престануваат да ме изненадуваат, иако никогаш не сум купувал од таму, ниту пак планирам да си имам работа со препродавачи на хардвер и магла.
Имено, во конкретниов случај се работи за нова матична плоча, купена од нивната продавница од страна на нашиот добар член @STEFF на кој му се заблагодарувам што ми даде пермисија да го спомнам јавно во темава.
Уште при првата употреба, плочата давала знак на неисправност, со тоа што вториот слот за рам меморија бил нефункционален, поточно плочата работела само во single channel mode, за подоцна тотално да откаже вториот слот за рам меморија.
Нормално, прво се посомневавме во веќе постоечкиот хардвер, т.е. процесорот и рам меморијата, па поради моментален недостиг од друг хардвер, мораше да се оди по малку потешкиот пат, односно тестирање дел по дел и евентуално дијагностицирање на дефектот, за да биде членот сигурен дека неговиот хардвер е исправен, кој претходно работел сосем нормално на друга плоча.
Бидејќи од тестирањето излезе само мака и неуспех, членот ја донесе кај мене да ја ѕирнам, и пред да го осудите зошто не ја вратил на рекламација, имајте предвид дека била последна на лагер, и сите знаеме дека во денешно време е скоро невозможно да се најде 1155 плоча, било нова, било половна. Не секој има време да се бавта по сервиси и да останува без персонален компјутер точно пред празниците, додека некои шарлатани се обидуваат да направат дубара за ситна пара.
Да продолжиме, уште при првото гледање на плочата, ништо невообичаено не ми падна во око, па си почнав со стандардно тестирање на електронски компоненти offline, т.е. на исклучена плоча, па потоа и со други рам мемории и друг процесор, се додека не сфатив дека проблемот лежи во самата плоча.
Ни на крај памет не ми падна визуелно да проверувам за изгорени компоненти, се додека случајно не го загледав овој дел.
Како што можете да забележите на сликата, некое полуписмено говедо го вадело биос чипот и притоа дури и ги запалил околните бели PCI слотови.
Во самиот биос, верзијата на инсталираниот софтвер се прикажуваше како последната, поточно F4, што навидум изгледаше како нормално, но со оглед на превземената акција од некој квази сервисер, решив да погледнам за што се работи и што содржи чипот во него.
Резултатите се споредени на следниов начин. Хардверски е исчитан моменталниот биос, и е бинарно спореден со официјалната верзија на биос која ја нуди производителот Gigabyte.
Во левата колумна се наоѓа исчитаниот биос фајл, т.е. дамп, додека во десната колумна се наоѓа официјалната верзија на последниот биос издаден за оваа плоча, кој го има истиот префикс, F4. Можете да ги забележите разликите од левата страна кои ги маркирав со зелена боја, иако беше непотребно, бидејќи уште од самиот старт се гледа дека разликите се огромни.
Хардверски е репрограмиран чипот со официјалната верзија на биос, симната од страната на Gigabyte, и, претпоставувате што е следно.
Voila, хардверот работи нормално со двете рам плочки истовремено и без никаков проблем, дури и оверклокувањето на истиот не е невозможно.
Не сакав понатаму залудно да си го трошам времето и да споредувам бинарни фајлови, но претпоставувам дека е флешната последна верзија од биосот за таа плоча, НО, од друга ревизија на плочата, бидејќи постојат 4 верзии од неа.
Меѓутоа, да го оставиме сето ова настрана. Прашањето е, зошто ценетите преваранти ДДКОМ, воопшто продаваат репарирани и неисправни делови како НОВИ, без оглед на попусти и слични игри?
Во продолжение на текстов, ќе го приложам и гарантниот лист, издаден на 15.12.2016.
Доколку е @STEFF сложен да оди по инспекции и слични институции чисто заради добробит на идните купувачи, јас сум првиот кој што ќе му се придружи.
До останатите, би ве замолил да не дискутираме и гласаме за и против базирано на лични искуства со споменатата продавница, туку ова нека остане чисто информативно за оние што секојдневно бараат совети и предлози за купување на хардвер и не знаат со кого си имаат работа кога купуваат од таму.
А сега, следново е лично од мене до гореспоменатите.
Драги ДДКОМ, сигурен сум дека некој од вас чита, пи..а ли ви м...р...а, крајно сте непрофесионални, и намерно ве експонирам и омаловажувам вака јавно, затоа што вашиот однос наспроти клиентите е тотално незаконски и омаловажувачки. Никој не е глупав па секогаш да наседнува на вашите евтини трикови. Некој можеби го дава последниот денар за вашите итри хардкор досетки и превари. Имате голема среќа што не сте налетале на мене, ниту сум неук, ниту глупав, напротив, доста добро го разбирам хардверот и преварите кои се прават во државата, како и законските акти кои се на страна на потрошувачите.
Можете да си ги прашате колегите од сезалаптоп.мк какво искуство имаа со мене кога се обидоа да ми увалат нешто на сличен начин како вашиот, среќа нивна што веднаш забележав колку е часот, па поминаа полесно.
Во една ситуација, кога се работеше за донации за деца без родители, бессрамно се обидовте да подметнете лажна конфигурација која беше платена во кеш, сума од околу 250-300 евра, и на крај низ смешкање да речете дека доставувачот се збунил, откако увидовте дека некој ве провалил, ја заменивте без збор, претпоставувам од страв да не бидете тужени и подметнати под надзор на пазарна инспекција.
Затоа, строго ви препорачувам да внимавате што правите во иднина!!!
Поздрав,
Даниел.