• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Внимавајте какви е-мејл пораки отворате

Статус
Затворена за нови мислења.
  • Ја почнал/а темата
  • #1

Demonce14

Intern
20 октомври 2007
104
5
mypokemongames.com
Storm Worm бандата пак шири "заразни" празнични честитки. Забележани се Новогодишни честитки кои стигнуваат на мејловите и имаат за цел луѓето да ги насочат кон сомнителна и за компјутерот штетна веб страница uhavepostcard.com.

Антивирус компанијата F-Secure предупредува на спамовите кои можат да ви донесат вируси и други зарази за компјутерот. Предупредувањето за католичкиот Божиќ стигна доцна, веќе беше раширена спам пораката со Божиќна содржина која примателите ги упатуваше на веб страница со стриптизета облечена во Дедо Мразовски костум. И колку и да е убава стриптизетата не заборавајте дека моментално го напаѓа вашиот компјутер.

Но затоа за Нова година предупредувањата стигнаа на време. Обично е-мејл пораките со наслови како "Вашиот скриен Дедо Мраз", "Дедо Мраз вели Хо, Хо, Хо" или "Баба Мразица" ќе ве поведат на веб сајтови на кои ќе најдете слики од згодни женски во Дедо Мразовски костуми. Овие слики и копчето Download for free now се директно поврзани со најразлични варијации на Storm Worm.

Првото појавување на Storm Worm беше во јануари, кога се појавија е-мејл пораките кои водеа на веб сајтови со информации за тогашното невреме во Европа. Но кракерите ја подобрија својата тактика. Сега се пуштени и е-мејл пораки кои содржат лажни линкови до YouTube и слични сигурни сајтови. Но само навидум, а кога ќе го кликнете линкот ќе сфатите дека YouTube е последната страница на која ќе стигнете. А вашиот компјутер веќе е заразен. Обиди се направени луѓето да се измамат до сомнителните сајтови преку логин потврдување или електронски честитки.

Како и да е концепцијата на нападот е секогаш иста - линк до сомнителна веб страница, а нападите се зачестуваат за време на празниците.

Извор: http://www.idividi.com.mk/Futurama/InternetIT/414807/index.html
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,510
Мислења
822,292
Членови
28,048
Најнов член
milesp
На врв Дно