• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Внес на UK LLP во Централен Регистар

  • Ја почнал/а темата
  • #1

Skipper8

Intern
4 јануари 2021
3
4
Дали некој има отворено странска фирма и регистрирано кај нас во централен регистар?
(https://www.crm.com.mk/mk/uslugi/iz...i-investitsii-rezidenti-vo-stranstvo?idV=6855)

Проблемот е што отворам UK Limited Liability Partnership/LLP (слично на US LLC), само што нема акции и има двајца членови во партнерството. Проблемот е што нема минимум основачки капитал или влог, а во централен регистар викаат дека мора да има за да се пријави. За да биде проблемот поголем, за LLP нема потреба од обврзувачки договор меѓу партнерите заверен на нотар или каде било, доволно е и вербален договор меѓу партнерите за пример дистрибуција на профитот, поделба на улогите, итн. LLP како правно лице е даночно транспарентно, односно не плаќа данок на добивка (корпоративен данок), туку членовите плаќаат данок на личен доход на нивниот дел од профитот уште пред да се дистрибуира. Ова е покриено во нашиот договор со Англија за двојно одданочување, ама не знам кој да прашам како би ја гледале мојата ситуација од УЈП или кај било.

Дали има некој слична ситуација или знае некој што може да помогне? Три пати одам и во ЦРМ и во УЈП, ме гледаат како од Марс паднат. Само една се најде посолидна во ЦРМ да ме упати дека МОЖЕБИ би можеле да ја впишат инвестицијата ако им донесам некаква потврда дека нема основачки влог за овој тип на трговско друштво?? Сакаат да им го испечатам законот на Англија за трговски друштва или како?

Секоја помош е добредојдена.

П.С. Бев и кај скоро 10 нотари и адвокати, никој нема појма. Една дури и ми предложи да не ја пријавам инвестицијата оти немало шанса да ме откријат од УЈП... lol
 

wolverine

On your way to fame
27 јуни 2012
970
966
Голема Македонија
wolverine's setup  
Processor & Cooler
Ryzen 3700X + Corsair H115i PRO RGB
Motherboard
MSI MPG Gaming PRO Carbon
Storage
Samsung 970 Evo Plus NVMe + HDD 1TB WD EZEX
PSU
NZXT C750
RAM
Corsair Vengeance RGB Pro 64GB
Video card
Gigabyte 1660 TI SUPER 6GB GDDR6
Case
NZXT S340 ELITE BLACK + BLUE
Mouse
A4Tech V5
Keyboard
SK61 Optical Switch
Monitor
2x Dell 27" S2721DGFA 166Hz
OS
Ubuntu / Windows
Па како што знам нема што да пријавуваш овде, освен да си го тераш бизнисот. Фирма е дозволено да имаш во друга држава. Евентуално може да регистрираш и овде фирма ако сакаш да го прошириш и овде бизнисот како ќерка на таа во UK.
Чист пример ти се политичариве што регистрираат фирми на Белизе, Сејшели и Девствени острови, пријавил некој? :ROFLMAO:
 

smole

Unbeatable
18 април 2007
3,575
4,201
Ти прво одлучи дали сакаш во МК да регистрираш подружница на странска фирма или да отвориш фирма во МК како странска инвестиција.

После е полесно.
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
44,062
Мислења
861,289
Членови
29,919
Најнов член
ile009
На врв Дно