1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Внатрешна инсталација на Телеком оптика

Дискусија во форумот 'Радио, телевизија, радио-телевизиски сигнал и него' започната од Bubache, 26 Септември 2016.

  1. Bubache

    Bubache
    Gaining Experience

    430
    251
    11 oктомври 2015
    Машко
    Ве молам да споделите Ваше искуство во врска со внатрешната инсталација на Телеком оптика. кабелот со оптика е надворешно инсталиран до надворешната врата, што да очекувам при внатрешната инсталација, што е дозволено а што не, за да биде правилно инсталиран кабелот? До колку степени е можно прекршувањето на кабелот? Има повеќе прекршувања, преку зид, околу внатрешна врата па до рутер? Дали рутерот може да се стави веднаш над надворешната врата, па да влечам LAN кабел до приемникот! Колку е дозволена должина на LAN кабел?
     
  2. Astro

    Astro
    Guru

    6,107
    8,299
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    ЛАН кабелот може да биде од 100 до 150 метри зависно од типот и квалитетот.
    Оптичкиот кабел може да сепрекршува колку сакаш пати. Може да се прекршува за 90 степени но во текот на најмалку 2 сантиметри. Мислам дека 90 степени прекршување на помалку од 8 милиметри ако ме служи сеќавањето се одразува со пукање и тогаш знаеш дека си претерал. Можеш слободно да го пуштиш низ дома, само да биде некаде каде што нема товар или газење. Терај си слободно по ѕид. Подобро влечи ја оптиката до рутерот отколку ЛАН кабел да влечеш.
     
    На fikiki и Bubache им се допаѓа ова.
  3. Bubache

    Bubache
    Gaining Experience

    430
    251
    11 oктомври 2015
    Машко
    Можам ли, пред да дојде екипата од телеком за внатрешна инсталација, сам да си купам оптички кабел и да го инсталирам јас како што сакам? Мислам да го ставам под лајсна, преку зид и околу внатрешна врата, без да ми хевтаат над лајсна! Дали телеком ќе прифати веќе инсталиран кабел кабел, нив да ги викнам само да ме поврзат?
     
  4. architect

    architect
    Unstoppable

    1,920
    2,265
    27 ноември 2008
    Машко
    Архитект
    Незнам како е сега но кога дојдоа кај мене да поставуваат оптика (пред 2 години) само ме прашаа каде го сакам рутерот, и отприлика им отиде едно 30-40 метри оптички кабел (низ целиот стан) до самиот рутер со прицврстување на кабелот како што јас сакав по ѕидови и прикачување со хевталка пиштол. Иначе оптичкиот кабел кој е со дебелина од 1 мм го заштитуваат во уште еден пластичен кабел со дијаметар сличен на коаксијалниот кабел. Кога ќе ти дојдат да поставуваат оптика инсистирај да ги го постават до таму каде што сакаш ти, а после тоа ако ти треба дополнително влечи си ентернет кабел.
     
    Последна промена: 26 Септември 2016
  5. Bubache

    Bubache
    Gaining Experience

    430
    251
    11 oктомври 2015
    Машко
    тоа значи дека ако ги извадам лајсните и инсистирам да го стават кабелот под лајсна, дека ќе прифатат?
     
  6. architect

    architect
    Unstoppable

    1,920
    2,265
    27 ноември 2008
    Машко
    Архитект
    зашто да не, само не очекувај да ти ја вадат и враќаат они лајсната. ти само спреми терен да можат во најкраток рок да постават кабел а другото после средувај сам.
     
    На Necromancer и Astro им се допаѓа ова.
  7. Astro

    Astro
    Guru

    6,107
    8,299
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Јас би како што ти вели @architect
    Но ако зафатот е покомплициран, купи готов печ оптички кабел од продавница сосе конектори на двете страни и намести си го сам. Ќе им кажеш дека си го наместил, они да го проверат со тестер прво и не би требало да прават проблем, ќе заштедат еден кабел, нема зошто да прават проблем.
     
    На Bubache му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Bubache

    Bubache
    Gaining Experience

    430
    251
    11 oктомври 2015
    Машко
    да, да на тоа и мислев! Таман работа да барам од нив да направат нешто што не е нивна работа. Затоа и ја отворив темава, за да дознаам што све се може, а што не!
     
  9. Bubache

    Bubache
    Gaining Experience

    430
    251
    11 oктомври 2015
    Машко
    Ви благодарам на сите!
     
    На architect му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Bubache

    Bubache
    Gaining Experience

    430
    251
    11 oктомври 2015
    Машко
    уште ова и завршувам, дали има можност да ставам на пример под лајсна цревце некое 2-3-5 мм дијаметар, па екипата да го "издува" кабелот! дали е изводливо ова дување!
     
    Последна промена: 26 Септември 2016
  11. Astro

    Astro
    Guru

    6,107
    8,299
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Не знам какво ти е тоа дување ама оптичкиот кабел може лесно да се протне низ долго такво цревце колку и да е прекршувано. Само треба да пазиш да не биде гумено туку да биде пластично за да нема многу триење.
    Иначе може, јас сум протињал така оптички кабел од серверска соба па преку 2 спрата без поголем проблем.
     
    На Bubache му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Bubache

    Bubache
    Gaining Experience

    430
    251
    11 oктомври 2015
    Машко
    така и ми го објаснија, се мисли на начинот на протнување на влакното низ цревцето со некое машинче!
     

Сподели

Вчитување...