AMD_fan
Gaining Experience
- 10 ноември 2007
- 3.646
- 139
Владата ќе отвора нови универзитети и факултети со кои ќе се придонесе за унапредување на високото образование.
Во Скопје ќе се отвори Универзитет за информатичка технологија, кој ќе биде регионален центар. Во него ќе предаваат професори од САД и Европа, а ќе се учи исклучиво на англиски јазик.
26 нови факултети ќе се отворат и во рамките на државните универзитети во Штип, Битола и Тетово. Владата веќе ги обезбедила локациите за изградба на факултетите.
Ќе предаваат професори од истакнати универзитети од странство, со плати како на матичните факултети.
Иако поради распуштањето на Парламентот законот за отворање на новите факултети не беше изгласан, од Владата очекуваат студиите да започнат веќе во октомври.
Извор: А1
-------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Нов универзитет за информатички технологии
Владата денеска ги презентира програмите за унапредување на универзитетското терцијално образование во Република Македонија. Во нив се предвидува отворање на нов Универзитет за информатички технологии во Скопје и отворање на нови факултети на постоечките универзитети.
На универзитетот за информатички технологии се предвидуваат 9 единици и тоа, факултет за компјутерски науки и инженерство, за мрежни и комуникациски технологии, за роботика, за технологии на информатичкото општество, за медиумски технологии, за информациони системи и сервиси, за био-медицинско инженерство, институт за применети науки и технологии и институт за базични истражувања.
„Универзитетот за информатички технологии е замислен како врвна установа и мисијата на овој универзитет е да биде врвен во земјава како и да се труди да биде врвен и во регионот во сите области што се наведени како области на неговото делување“, изјави денеска портпаролот на Владата Боцевски на прес-конференција за новинарите.
Тој напомена дека половина од професорите кој ќе предаваат на универзитетот ќе доаѓаат од најреномираните институции и установи од САД и Европа и наставата ќе биде исклучиво на англиски јазик.
На останатите државни универзитети ќе бидат отворени нови факултети и тоа, на државниот универзитет Гоце Делчев од Штип, факултет за медицински науки и филолошки факултет во Штип, за угостителство и туризам во Гевгелија, технолошко-технички во Пробиштип, машински во Виница и електротехнички факултет во Радовиш. На државниот универзитет Св. Климент од Битола ќе бидат отворени технолошко-технички факултет во Велес, ветеринарен во Битола и правен факултет во Кичево. На државниот тетовски универзитет ќе бидат отворени факултет за медицински науки, филозофски, факултет за уметност, филолошки, факултет за физичка култура, за прехранбена технологија и исхрана и факултет за применети науки.
„Со сето ова Владата настојува да го подигне потенцијалот и степенот на образованието на македонската популација“, изјави Боцевски.
Тој додаде дека се предвидени локации и дека се обезбедени средства во буџетот на Република Македонија од страна на Министерството за образование.
Извор: Нетпрес