• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Владата и годинава ќе доделува вредносни ваучери за компјутери на апсолвентите

  • Ја почнал/а темата
  • #1

AMD_fan

Gaining Experience
10 ноември 2007
3,646
139


Владата на Република Македонија и Министерството за информатичко општество во рамки на проектот „Македонија-земја на информатичари“ одлучи да спроведе програма за доделување вредносни ваучери како директна субвенција при купување компјутери.

Министерот за информатичко општество Иво Ивановски денеска на прес-конференција информира дека сите студенти кои најдоцна до 15 ноември ќе запишат четврта година на универзитетите во земјава од Владата ќе добијат вредносни ваучери од 15.500 денари наменети за купување компјутер.

Ваучерите, како што додаде тој, се наменети за редовните студенти кои првпат во последна студиска година ќе се запишат во учебната 2008/2009 година на кој било државен или акредитиран приватен факултет во Македонија, како и студентите кои се евидентирани како лица со посебни потреби.

- Целта на програмата е зголемување на ПС пенетрацијата во домовите, пред се меѓу помладата ИТ-активна генерација, односно студентите на тој начин овозможувајќи ширење на ИТ вештините меѓу семејствата, пријателите и подоцна на работното место, изјави министерот Ивановски.

Тој изрази надеж дека годинава нема да се појави злоупотреба, што беше случај минатата година на почетокот на спроведување на програмата. - Минатата година злоупотреба се појави на почетокот на спроведување на програмата, која беше отстранета, рече Ивановски.

Во програмата може да се вклучат сите ИТ фирми во земјава, а се очекува прв пат последната година да ја запишат меѓу 13.000 и 14.000 студенти.
Минатата година во рамки на проектот „Македонија - земја на информатичари“ се доделени 12.222 ваучери. Вредноста на ваучерот лани изнесуваше 12.300 денари.

Извор: Министерство за Информатичко Опшество
 

dashbog

Gaining Experience
24 јуни 2008
162
128
Значи ќе рипнат цените на компјутерите.
Трговците пак трлат раце, од сето ова тие најмногу ќе ќарат.
 

Alexandar

Gaining Experience
21 мај 2007
2,514
90
Добро е, имало и годинава ваучери, и тоа поголеми од лани.

...најдоцна до 15 ноември ќе запишат четврта година на универзитетите во земјава...
Дали ова значи дека тие што имаат 3-годишна програма нема да добијат ваучери?
 

Banzai

Intern
3 март 2008
637
8
Дали ова значи дека тие што имаат 3-годишна програма нема да добијат ваучери?
Горново мислам дека е непрецизна изјава на министерот или лошо пренесено од новинарот.

Еве зашто:
Ваучерите, како што додаде тој, се наменети за редовните студенти кои првпат во последна студиска година ќе се запишат во учебната 2008/2009 година на кој било државен или акредитиран приватен факултет во Македонија, како и студентите кои се евидентирани како лица со посебни потреби.
Најубаво е да се прочита офоцијалниот документ, и да се види што пишува во него. Дека вакви изјави не се доказ :)
 
  • Ја почнал/а темата
  • #6

AMD_fan

Gaining Experience
10 ноември 2007
3,646
139
Само една напомена:
Министерот на прес-конференцијата предупреди дека НАЈСТРОГО се забранува продавање на ваучерите на други лица. Доколку биде откриен таков случај, студентите ризикуваат да бидат избркани од студентскиот дом па дури и да бидат избркани од факултетот.

Ова го немаше во статијата, но ја гледав прес-конференцијата на ТВ. :)
 

MetalGear

On your way to fame
14 април 2007
2,997
510
www.ibiz.mk
и тригодишни ке добијат
сите кои прв пат ја запишуваат последната студиска година

е сега не знам за мене јас прв пат ја запишувам последната студиска година на четири годишни студии или конкретно 7ми семестар но ова година се префрлив на тригодишни студии
али во секој случај и на четири и на тригодишни студии јас сум апсолвент по прв пат:)
 

TheSpeedy

Intern
4 септември 2007
279
2
Ја поздравувам оваа одлука на владата .. вака нека биде и следна година :D и јас сакам да земам ваучер :D:D
 

paneval

Intern
2 март 2008
178
1
Не ме засега оддамна дипломирав, али мислам дека можеби и повеке им би се нашле на бруцошитеили пак ако не е помината нивната селекција(кратење, квадрирање) онда на втора година.
 

gorgigangsta

Intern
8 октомври 2008
20
0
Добро е тоа што го решиле затоа што апсолвентите навистина заслужиле да имаат дури и повеќе. Е такви работи вредат навистина, дури и уште да се зголеми оној ваучерот
 

dani_janev

Intern
19 април 2007
280
7
мене ме интересира дали со ваучерите мора да се купува готова конфигурација, лаптоп или може и компоненти посебно?
 

Blagojce

Gaining Experience
26 декември 2007
891
70
Прилеп
Blagojce's setup  
Processor & Cooler
Intel Core i5-3570 3.40GHz
Storage
2 TB
RAM
8 GB
Monitor
ASUS 24" LED Full HD
OS
Windows 10
Готова конфигурација мислам.
 

MetalGear

On your way to fame
14 април 2007
2,997
510
www.ibiz.mk
за лани мислам дека имаше и конфигурации без монитори
али за сега не знам како ке е

во секој случај ке се скројат доста компјутери и лаптопови за тие пари

доста пари ке се исперат:)
 

Blagojce

Gaining Experience
26 декември 2007
891
70
Прилеп
Blagojce's setup  
Processor & Cooler
Intel Core i5-3570 3.40GHz
Storage
2 TB
RAM
8 GB
Monitor
ASUS 24" LED Full HD
OS
Windows 10
Лани можеше да се земе без монитор, ама не можеше некои компоненти како: само монитор, принтери и други работи.
 

reng

Intern
13 август 2007
683
19
Според мене не треба само компјутер да се купува со ваучерот. Би требало да може да се искористи и за интернет. Може некој има компјутер, а нема интернет, па овие пари супер би му дошле да има 2 години бесплатен интернет.:)
 

Ket Bejb

Intern
17 јуни 2008
96
1
:bravoska::bravoska::rakopleskanje::rakopleskanje::rakopleskanje::zhurka::wohoo::wohoo:

Konecno ke si kupam laptopce... normalno ako ima sansi so doplata da se zeme :D ako zemam da zemam nesto kako sto treba ;)
 

Fatal1ty_

Großmeister
28 февруари 2008
22,091
27,332
kalco.ru
Аможе ли да се земе на пример делови за компјутер?
Ако имаш компјутер можда сакаш да си земеш делови за истиот
Ќе може ли така?
 

reng

Intern
13 август 2007
683
19
Вика ваучер за компјутер, од колку пари каков и што не кажува само да биде некаква конфигурација, а тоа дали некој познат може да направи некоја далавера тоа на вас оставаат. Казните незнам дали ќе добиете особено оние на приватните нив неможе да ги избркаат. :p:))
 

Commie

Gaining Experience
27 октомври 2007
4,717
218
www.foxmediahouse.com
Аможе ли да се земе на пример делови за компјутер?
Ако имаш компјутер можда сакаш да си земеш делови за истиот
Ќе може ли така?
Лани не можеше да се земат делови, мораше да се земе цела конфигурација.
 

maci

On your way to fame
2 април 2008
2,976
687
jas kupuvam vaucer...se razbira koga ke davaat.
ako nekoj ima pc ili lap top ,pa ne mu treba moze da se dogovorime okolku cenata na vaucerot.
 

Commie

Gaining Experience
27 октомври 2007
4,717
218
www.foxmediahouse.com
@maci
Најубаво ќе ти биде да тркеш со тој некој што ќе го има ваучерот и да си земеш со него лаптоп зошто може да му направат проблеми. Ќе си најдеш некој другар и фино лепо ќе се договорите што како и колку ќе си доплатиш
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,600
Мислења
824,369
Членови
28,092
Најнов член
mkcoach
На врв Дно