Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Важно
    Имате проблем со најава или регистрација на it.mk?
    Побарајте го решението на вашиот проблем ТУКА!

Визуелен идент на македонските телевизи

M@RKO

Gaining Experience
3 јуни 2009
1.010
245
Можеби денешно време телевизиите изумираат бидејќи поголем број млади ретко гледаат телевизии сепак отворам тема за да дискутираме за визуелниот идент/изглед на нашите македонски тв канали.

Крајот на 2023 година и новата 2024 година Македонската радио телевизија вложуваат во нови виртуелни студиа.

Еве линкови до видео презентации

http://instagr.am/p/C3lN_3ArV-H/ http://instagr.am/p/C3mlPB7o3Cw/ http://instagr.am/p/C3lUBGXNZ4F/

Е сега јас како гледач приметувам дека сето ова подобро изгледа во видео презентацииве отколку на тв. Премногу бледи бои, премногу лоши дизајни и слично.

Ако сметате дeка не и е нестото на темава тука слободно нека ја преместат модератори и аднинистратори.
 
Последна промена:

gokica

Модератор
13 јуни 2009
9.423
12.708
Искрено не знаев дека изразот „идент“ го има во македонскиот јазик.

Јас сеуште гледам телевизија. Ги забележав „новото руво“ на студијата на македонска телевизија. Убави се новите компјутерски генерирани позадини. Но искрено како гледач кој не е познавач на оваа технологија мене не ми значи ништо посебно. За мене најважна е информацијата. И не можам многу да коментирам за тоа дали позадините се добри или може да се подобрат.

Мислам дека оваа новост најмногу им користи нив зашто не мора повеќе да се грижат за декор во студијата.
 
Oktar

Хаќер без дрон
23 октомври 2012
5.578
16.957
Skopje
Oktar's setup  
Processor & Cooler
Intel® Core™ i9-9900k + Noctua NH D15 Chromax.black
Motherboard
Asus Prime Z370-A
Storage
SM951 256 + PM981 512 + 850 Pro 512 + 840 Evo 250 + WD Blue 1TB + WD Red 2TB + WD Red 3TB
PSU
Cooler Master Vanguard v850
RAM
Kingston HyperX Predator 2x16GB Kit (2x8GB) DDR4 3200MHz
Video card
MSI RTX3080 SuprimX
Case
BeQuiet Pure Base 600
Mouse
Logitech MX Master 2, Logitech MX Master 3, Logitech Wireless G Pro, Logitech G703
Keyboard
Keychron Q2, Keychron Q6, Logitech MX Keys Mini
Monitor
Dell U2515H
OS
Windows 11 + MacOS
Искрено не знаев дека изразот „идент“ го има во македонскиот јазик.

И мене ова ме заинтересира, и проверив, го нема зборот. Но после тоа ги кликнав ИГ линковите и видов дека баш интересно нешто направиле, секако не сум во тек, не гледам телевизија, ама би рекол дека дефинитивно е напредок кој има доста потенцијал.
 
M@RKO

Gaining Experience
3 јуни 2009
1.010
245
Можеби правилно би било визуелен графички изглед наместо визуелен идент но сепак јас сум се навикнал на англискиот збор Идент.

Јас бидејќи често следам за телевизиски дизајн графики, логоа, изглед на студиа и некаде тој цел пакет е пишано на англиски како Visual ident па така ми останало.

Мене ме интересирало и привлекувало секогаш на било кој производ, телевизија, списание и што и да е изгледот каков му е па потоа и функцијата, информациите кој ги нуди.
 
Последна промена:

flashgordon007

On your way to fame
15 септември 2012
862
934
Можеби правилно би било визуелен графички изглед наместо визуелен идент но сепак јас сум се навикнал на англискиот збор Идент.

Јас бидејќи често следам за телевизиски дизајн графики, логоа, изглед на студиа и некаде тој цел пакет е пишано на англиски како Visual ident па така ми останало.

Мене ме интересирало и привлекувало секогаш на било кој производ, телевизија, списание и што и да е изгледот каков му е па потоа и функцијата, информациите кој ги нуди.
Ме навлече на коментар:
Изразено на македонски јазик би било „визуелен графички изглед“ или само графички изглед или само визуелен изглед или само изглед. Кога се цитираат странски изрази постојат правила, отприлика идентични во сите јазици, да се изразите цитираат во оригинал и се ставаат во наводници „“.
Ако овде се трудиме да ја употребуваме кирилицата како македонско писмо, сосема во ред е и да го користиме македонскиот јазик.

За разлика од тебе, мене не ме интересира шминката на производот, ме интересира функцијата.

Да се вратам на оригиналната идеја за новиот приказ во студијата на Македонската телевизија: Фала богу, 24-тата година од 21-иот век е, па и ние се приклучивме кон светот...
 
Нека сменат насловот на темата како е правилно на македонски немам ништо против.
 
Diablo

Gaining Experience
5 ноември 2014
59
126
Искрено ми делува некако празно студиото.
Делува како недовршено. Мислам дека треба да се доработи.
 
M@RKO

Gaining Experience
3 јуни 2009
1.010
245
Искрено ми делува некако празно студиото.
Делува како недовршено. Мислам дека треба да се доработи.
За која емисија студиото?

Намерно е така празно зошто сакаат да има место за да пуштаат графики. Пример во вестите кога се информации за Украина, Русија, Израел.. пуштаат карта и по некој фотографии. Исто кога се вклучувања од некој град пуштаат карта од Македонија со обележано градот каде се наоѓа.

Ептен лоши графика, мое мислење е дека можеле и подобро. Оние карти од државите им се како од Google maps да се извадени.

Графички можат и многу подобро од ова. Сигурно МРТ земале добар буџет од државата штом можат да си дозволат нови студиа па можеле да нарачаат и подобри дизајни графика од ова.
 
JasSum

Unstoppable
8 мај 2007
2.100
2.418
На времето бушава азбука правеше вакви финти...
Мислам дека е бедно и дека е преефтино.
Слободно погледај што прават комшиите и како се полни просторот со луѓе па убав декор па цело студио свети...

Визуелен идентИТЕТ!!!
Не знам од каде е ископано ова идент, оти не постои на ниту еден јазик. На англиски е visual identity.

Не е графички идентитет, можеби е видео или како и да има некое нови фенси име, ама секако е идентИТЕТ.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ceco

Сега е ова направено во големо осветлено студио со зелена позадина а компјутерски им е изработено да изгледа дека се во некое студио направено со големи екрсни со ламинат.. Ова им скратува да имаат повеќе студиски простории зошто некој простории им се дадени ба користење за скроз други услуги. Во МРТ има дел и МВР.

Е сега да е повеќе комбинација студиото од мебел, големи екрани кој не се виртуелни на компјутер направено можеби ќе изгледаше убаво за око. Овде само мебелот за,седење не им е виртуелен графика 3D.
 
dashbog

Gaining Experience
24 јуни 2008
335
418
dashbog's setup  
Processor & Cooler
i5 6500
Motherboard
Asrock B250 Pro 4
Storage
1TB NVME + 3TB HDD
PSU
Cooler Master 650W
RAM
8GB
Video card
RX580 8GB
Case
SAMA Yuhui
Mouse
Logi M310
Keyboard
Logi K540
Audio
Logitech Z333
Monitor
Dell 27"
OS
Windows 10
На времето бушава азбука правеше вакви финти...
Мислам дека е бедно и дека е преефтино.
Слободно погледај што прават комшиите и како се полни просторот со луѓе па убав декор па цело студио свети...

Визуелен идентИТЕТ!!!
Не знам од каде е ископано ова идент, оти не постои на ниту еден јазик. На англиски е visual identity.

Не е графички идентитет, можеби е видео или како и да има некое нови фенси име, ама секако е идентИТЕТ.
Не е идентитет и не е визуелен ами само идент.
Кај нас не верувам да го има како збор, а на англиски го има само како ident скратено од identifier.
Тоа е оној краток џингл или како и да го викаме ние што "потсетува" кој канал го гледаме.
Ова со студиото и визуелните ефекти на МТВ не е тоа.
 
JasSum

Unstoppable
8 мај 2007
2.100
2.418
Не е идентитет и не е визуелен ами само идент.
Кај нас не верувам да го има како збор, а на англиски го има само како ident скратено од identifier.
Тоа е оној краток џингл или како и да го викаме ние што "потсетува" кој канал го гледаме.
Ова со студиото и визуелните ефекти на МТВ не е тоа.
Аха, најавна шпица за телевизијата?
 
Astro

Epic
20 јуни 2012
9.348
14.504
Интересно е оноа „визуелен изглед“.
А каков друг изглед би постоел освен визуелен?
 
Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
46.850
Мислења
970.136
Членови
35.209
Огласи
2.835
Најнов член
TamaraR
На врв Дно