1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Vivaldi Browser - Opera каква што требаше да биде

Дискусија во форумот 'Генерална дискусија' започната од FLEGMA, 30 Јануари 2015.

  1. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,378
    12,504
    2 Август 2012
    Машко
    Opera до верзијата 12 беше browser кој немаше значителен market share но својата публика (меѓу која бев и јас) ја имаше размазено со огромен број на ергономски решенија кои и до ден денес не се надминати.

    Беше светлосни години пред Firefox додека Chrome беше мисловна именка. За жал, со својата ултра глупа политика на игнорирање на корисниците спадна на толку ниски гранки што моментално е во секоја смисла клон на Chrome.

    Девелоперите, од за нив познати причини, ја напуштија (со право би рекол) застарениот енџин на Opera 12 и преминаа на Chromium based browser кој на почетоците патеше од бизарни проблеми како што се неможноста на импортирање, уредување и лесно манипулирање на bookmarks-ите, целосно игнорирање на стариот менаџер за лозинки и непостоењето на напредниот content blocker кој го имаше старата Opera.

    Сепак, најголема душевна болка предизвика целосното отфрлање на тн. side bar во кој беа сместени bookmarks, notes, downloads, mail.. работи кои старата Opera ги имаше out of box а другите browseri имаа(ат) неуспешна мимикрија.

    За среќа се чини дека е ставен крај на оваа ергоноска агонија со презентирањето на Vivaldi Browser (кој е базиран на Chrome!) дело на John von Tetzchne бивш CEO и програмер во Opera па така иако е во Alpha фаза ги имаме овие дивоти:

    opera_vivaldi.png

    opera-vivaldi 3.png

    opera-vivaldi 2.png

    Јас ја инсталирав и, како да ви кажам, се чувствувам како дома :)
    Брзината од Chrome со ергономијата опд старата Opera со подршка за сите Chrome add-on-и
    Милина!

    Испробајте го и дајте му подршка на човекот.
    https://vivaldi.com/
     
    На shifty, Arcannia, Justice for All и уште 3 други им се допаѓа ова.
  2. goranzoran

    goranzoran
    Unstoppable

    2,902
    2,450
    21 Јануари 2011
    Машко
    Невработен
  3. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,378
    12,504
    2 Август 2012
    Машко
    Е оти бе не сте ми кажале, друже? :)


    (Flegma се посипува со пепел, во знак на сочувство не му го бришете постот)
     
  4. goranzoran

    goranzoran
    Unstoppable

    2,902
    2,450
    21 Јануари 2011
    Машко
    Невработен
    Flegma велит.
     
    На FLEGMA му/ѝ се допаѓа ова.
  5. lynx

    lynx
    Unstoppable

    3,355
    2,956
    4 Септември 2008
    Кажи ми само дали може вака да се направи распоред на менија, копчиња, табови и букмаркс? Ако може да се променува според мои потреби одма ќе преминам на тој броусер оти ова Фајфоксов последниве неколку верзии лапа еден куп меморија и почнува да кочи на отворени неколку таба + ФБ.

    Capture1.JPG

    Инаку сум верен корисник нивни веќе 15 години од верзија 1 ама у последно време ми иде на живци, а тешко се навикнувам на распоред на копчиња и слично. Плагини за промена кај Хром нема инаку кај нив ќе преминев оддамна.
     
  6. gligor

    gligor
    Gaining Experience

    222
    144
    5 Март 2008
    Машко
    Јас веќе бев решен да се вратам на IE.
    После Опера 12, ми изгледаше како сите да се натпреваруваат кој ќе смисли поглупаво решение за својот пребарувач. Се надевам дека Вивалди ќе биде нешто поразлично.
     
  7. lynx

    lynx
    Unstoppable

    3,355
    2,956
    4 Септември 2008
    HTML5 на youtube e чудо за 1 секунда почнува видеото, Мозила гомна да јадат.
     
    На Speedy му/ѝ се допаѓа ова.
  8. goranzoran

    goranzoran
    Unstoppable

    2,902
    2,450
    21 Јануари 2011
    Машко
    Невработен
    Врвот на јутуб е IE11 сите други гомна да јадат!
     
  9. Speedy

    Speedy
    Gaining Experience

    593
    202
    21 Август 2010
    Машко
    :oh:

    ОК онтопик Го симнувам и ке го пробам на 768/768кбпс (КеБапи Пер Секонд) конекција,
    блес ју Т-Хоме за 300ГБ лимит, на ова пост-апокалиптично интернет сурфање му треба
    спас.

    Ке видиме што ке каже Вивалди.
     
  10. krema

    krema
    Professor

    8,976
    8,724
    24 Јуни 2009
    Машко
    Пробано и од моја страна, неверојатен брз browser :)
     
  11. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,378
    12,504
    2 Август 2012
    Машко
    Допрва ќе ставаат фичри како што е компресија или во Opera наречено Opera Turbo, password manager...

    Ако останат фокусирани ќе бидат незгоден ривал на Chrome. Освен ако се иземе по малку кретенското име...
     
  12. pipelin

    pipelin
    On your way to fame

    1,155
    719
    8 Мај 2010
    Машко
    Ваквите прелистувачи се добри за оние обични корисници, ИТ типови како што има на форумов (вклучувајќи ме мене) кои се синхронизирани со секој ебан гугл сервис не верувам дека така би се откажале само за да преминат на некој прелистувач кој ветува нешто добро и кој е нов.

    За старт би имале проблем со:
    Букмаркс, Синхронизација со телефон/таблет, Плагини, etc..
     
    На Necromancer и Daniel86 им се допаѓа ова.
  13. xhktw

    xhktw
    Practice makes perfect

    1,128
    1,114
    2 Август 2009
    Ако успешно внесат синхронизација, по некој побитен плагин, највероватно би се префрлил на него.
     
  14. pipelin

    pipelin
    On your way to fame

    1,155
    719
    8 Мај 2010
    Машко
    На omegaRED и goranzoran им се допаѓа ова.
  15. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,378
    12,504
    2 Август 2012
    Машко
    Browser-ов ќе ги користи истите екстензии како Chrome
     
    На xhktw и pipelin им се допаѓа ова.
  16. moongose

    moongose
    Unstoppable

    1,812
    2,047
    19 Јули 2013
    Баш овој прелистувач како и операта до верзија 12 се наменети за напредни корисници.
    Операта има(ше)
    Комплетна конфигурација на:
    - сите тулбари, од позиција на екранот до распоредот на копчињата,
    - шорткати вклучувајќи ги и шорткатите од само едно копче (без ctrl, alt, shift)
    - ставки на контекстно мени (на десно копче)
    - пребарувачи
    Потоа, пребарување со било кој пребарувач со двоен клик, со еден клик (в|ис)клучување прокси, колачи, јава, слики, анимации итн.
    Зачувување на слика со еден клик.
    Комплетна навигација со тастатура.
    Најдобро изведена манипулација со табови, групирање и сесии како и организација на букмарци.
    Контент блокер на кој адблок (плус) може вода да му носи.
    Пребарување на букмарци, никови, напишани адреси, посетени адреси со се насловите на сајтовите и гугл од урл боксот.
    И уште многу други работи.

    На крај не е важно дали некоја страница се отвора секунда побрзо или поспоро, кога за да било што направиш на неа бара многу кликање и листање низ менијата, со што се губи многу повеќе време.

    Вивалди е сеуште во прва фаза на развој, стискаме палци дека ќе продолжат онаму каде што операта застана и дека нема многу да чекаме додека стигнат до таму.
     
    На bokiscout и FLEGMA им се допаѓа ова.
  17. Enforcer_

    Enforcer_
    Practice makes perfect

    949
    1,042
    26 Декември 2012
    сега го користам и брз е...само што малце осеќам лаг кога ги мењавам табовите.. ваљда со абдејт ќе го средат
     
  18. GreenRoot

    GreenRoot
    On your way to fame

    916
    859
    1 oктомври 2011
    Графички дизај
    Арен е бе, многу ме свиѓа на дизај. Уште некој да ми помогне како да инсталирам екстензии од хромот ќе ми биде супер :D
     
  19. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,378
    12,504
    2 Август 2012
    Машко
    I've gotten a chrome extension that is not available outside the chrome store to install.
    install the extension in chrome.

    go to AppData\Local\Google\Chrome\User Data\Default\Extensions on your computer.

    There are folders with jumbled text, choose the one which corresponds with the chrome store url of the wanted extension, and copy the folder inside it.

    paste the folder wherever you want (i.e. downloads).

    go into the folder and rename "_metadata" to "metadata" (just remove the _).

    in vivaldi go to vivaldi://chrome/extensions and select developer mode.

    press the load unpacked extensions... button and navigate to the copied folder.

    Press OK and it should install.

    This method is not guaranteed to work, but it worked for me.
     
    На GreenRoot му/ѝ се допаѓа ова.
  20. GreenRoot

    GreenRoot
    On your way to fame

    916
    859
    1 oктомври 2011
    Графички дизај
    Уште еден проблем што го забележав, а тоа е што не ме држи најавен. Поточно не ме држи најавен кога ќе отворам нов таб.

    Пример сурфам на форумов, отворам некоја тема во нов таб и повторно мора да се најавувам. Ова ми се случува само на форуми, на фб и твитер ми е океј, како што треба да биде.
     
  21. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,378
    12,504
    2 Август 2012
    Машко
    Кажи му да памти local storage (ако се подесува)

    Ако не се подесува тогаш дефинитивно треба да си свесен дека користиш Alpha верзија :)
     
  22. moongose

    moongose
    Unstoppable

    1,812
    2,047
    19 Јули 2013
    Денеска излезе tech preview 2.
     
    На goranzoran и FLEGMA им се допаѓа ова.
  23. edin.ademovic

    edin.ademovic
    Gaining Experience

    492
    276
    16 Февруари 2014
    Машко
    Студент
    Ми се свиѓа so far, али со 3 таба отворени - vivaldi.net, IT.com.mk forum и Facebook користи исто онолку меморија колку што користи Firefox, а тоа е околу 300+ мегабајти.
     
  24. bokiscout

    bokiscout
    Unstoppable

    1,706
    2,001
    17 Март 2011
    Машко
    Embedded C, Linux Kernel
    Тоа не треба да се земе како негативна особина. Ако го користи разумно т.е. за да да биде побрз ондак е супер, но ако го троши и е спор е тоа нечини. Патем од сам старт не е дизајниран за да не троши ресурси, туку е дизајниран за да биде full featured.

    Иначе имаме tech preview 2 ама интернетов не кажува што е ново/подобрено.
     
  25. moongose

    moongose
    Unstoppable

    1,812
    2,047
    19 Јули 2013
    Кажува, како не. Најважните и сите
     
    На bokiscout му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...