• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Vista-та претешка и прескапа - XP до 2010

  • Ја почнал/а темата
  • #1

AMD_fan

Gaining Experience
10 ноември 2007
3,646
139

Microsoft најави дека продажбата на Windows XP ќе продолжи до 2010, а како причина за ваквата одлука се најновите евтини лаптоп компјутери, за кои произведувачите веќе најавија дека ќе работат на Linux, бидејќи Vista-та е премногу скапа и „претешка“. Asus Eeee PC започна да се продава со инсталиран Linux, а по најавата на произведувачот на лаптопот дека наскоро ќе лансира слични производи, Microsoft по се изгледа реши да попушти.

Истовремено, голем број на корисници се противат на идејата за преминување на проблематичната и „тешка“ Vista, поради што постоеја бројни петиции за спас на XP, а јавна тајна е дека Microsoft веќе одамна забрзано работи на развој на Windows 7, чиј датум на излегување се повеќе се наближува.

Доколку Windows 7, како што е најавено, излезе во 2010, а Windows XP да престане да се продава истата година, тоа е уште еден доказ дека Vista-та лошо помина. Ова се повеќе потсетува на ситуацијата кога двете верзии на Windows ME/2000, не успеаја да го заменат Windows 98, кој успеа да ги надживее и двата и активно се користеше се до појавата на XP.

Извор: ИДИВИДИ
 
StenmarC

Intern
16 април 2007
716
13
stenmarc.blog.com.mk
Значи ли тоа дека ќе има драјвери за XP за новите лаптопи? Ради тоа не ми се зема нов лаптоп:(

Vista? Не, фала... Ubuntu 8.04 со Compiz
 
BSOD

Intern
5 јуни 2008
709
46
Vista? Не, фала... Ubuntu 8.04 со Compiz
Дефинитивно:D :

И openSUSE/compiz од еден пријател :

Можеби требаше да отвориме нова тема под наслов.....Desktops

Било како,....целата надеж на microsoft е во Windows 7. Најдобрите од тимот на успeшниот ms office 2007 работат на Windows 7. Celiot kernel e "micro", изменет односно смален. Прасенцето виста беше во "фабрика" цели 5 и пол години......и [strike]џам[/strike] стакло свитка :)
 
igorkrst

Intern
13 јули 2007
400
1
Ова се повеќе потсетува на ситуацијата кога двете верзии на Windows ME/2000, не успеаја да го заменат Windows 98
само не се сложувам за 2000-рката. Таа не ни требаше да ја замени 98, беше наменета за офис околина, т.е работа во мрежа/домен и ОДЛИЧНО си ја вршеше таа задача. За МЕ се сложувам.
 
BSOD

Intern
5 јуни 2008
709
46
Темата Vista vs XP доби одговор ? :)
Одговор сигурно нема да добие:) Секој со своето

како што кажав претхдно, мое мислење е да се остане со XP и да се причека windows 7 со кој што би требало се исправат работите. Виста е статива:ua:
 
M

Mr.Alien

Гостин
Откако се појави Windows ME испробав повеќе верзии (читај - ЦД-а) од другарчиња, од овој-оној. Ниту една не беше стабилна како треба. Терав 98 SE се додека не најдов една верзија на Win ME кој и ден денес ја чувам, и со која немав никакви проблеми. WIndows 2000 некако го прескокнав, со оглед дека во тој период немав добра машина, а и не чувствував потреба за него. Го имам испробувано подоцна, со сите 3 или 4 SР за него. ОК е, стекнав впечаток дека е подобар од XP, дека XP повеќе кешира и има понаџиџан интерфејс. Ама, останав верен на XP (со ЅР 2).
VISTA ме разочара, макар што кога ја тестирав BETA 2 верзијата стекнав впечаток дека конечно Microsoft направиле нешто како што треба. Far Cry ја потерав без инсталација на дополнителни драјвери, само со генеричките, и тоа без кочење или сецкање, што пријатно ме изненади. А тоа беше чинам Февруари/Март 2006.
 
dulemk

Gaining Experience
11 јануари 2008
1,049
53

Добар одговор, непристрасен и сеопфатен.:bravo:
 
Aleks

Gaining Experience
18 мај 2007
5,748
288
386ka, нема некоја голема разлика... можеби има некои додатни plugins, направи упдејт и ќе ти се упдејтира compiz на најновата верзија.

BTW, Мајкрософт се паметни да видат дека со вистата ништо не направија ..
 
V

Vendetta-88

Гостин
Колку што јас разбрав, само лаптопи од типот на Asus Eee PC, односно subnotebooks и UMPC како што кажа AMD_fan ќе доаѓаат со преинсталиран и лиценциран Windows XP по 30-ти јуни 2008, се до 30-ти јуни 2010 или до една година откако ќе излези новиот Windows 7, така да за нормални лаптопи нема да важи.
 
StenmarC

Intern
16 април 2007
716
13
stenmarc.blog.com.mk
а што има врска ако земеш лап топ со виста?
не може да се стави xp?
Мајкрософт ја форсира Вистата. Бидејќи XP-то се покажа добро и нема некомпатибилности и проблеми како Вистата, многу луѓе решија да останат на него. Е сега, за да ги примораат новите корисници на лаптопи да користат Виста, ги скинаа драјверите за ХP за новите модели на лаптопи :(
Знам другарче кога купуваше лаптот, намерно зема послаб затоа што тој имаше XP support.
 
M

Mr.Alien

Гостин
Види, и тој проблем со драјверите лесно може да се надмине. Се скенира со некој програм (на пример, EVEREST) и се собираат податоци за компонентите. После тоа, следи „пешачење“ по интернет и барање драјвери за секоја компонента поединечно.
Значи, се решава, ама излагаат хемороиди додека се соберат сите драјвери.
 
dulemk

Gaining Experience
11 јануари 2008
1,049
53
Види, и тој проблем со драјверите лесно може да се надмине. Се скенира со некој програм (на пример, EVEREST) и се собираат податоци за компонентите. После тоа, следи „пешачење“ по интернет и барање драјвери за секоја компонента поединечно.
Значи, се решава, ама излагаат хемороиди додека се соберат сите драјвери.

Па до некаде со ви право, има шансо 50/50 дека би успеал да најдеш алтернативни драјвери за одреден лаптоп а при тоа да немаш проблеми после тоа.
Вака гледано на можеш да инсталираш драјвер и за шпорет иако немаш такво нешто на компјутер. Значи треба да биде компатибилен и да не прави проблеми.
Така да има луже по странскиве форуми што се занимаваа со такви ствари, а некој од нив може и ги прилагодувале така да има шанса да се најде за некој.
 
killerlOOp

Intern
24 ноември 2007
23
0
Тешко дека ке најдеш драјвери за XP за тој лап топ!
не се слагам дека тешко ќе најдеш драјвери за таков лап топ!!! јас купив лап топ со Виста на него и кога инсталирав XP немав никакви проблеми да најдам драјвери!!! на страната на произведувачот (DELL во мојот случај) има драјвери и си фураат без никаков проблем!!!!
 
CyberSpic

Intern
14 април 2007
823
26
howtoformatacomputer.com
на страната на произведувачот (DELL во мојот случај) има драјвери и си фураат без никаков проблем!!!!
Во твојот случај имало драјвери, но нема за сите лаптопи, тоа ти го кажуваат...имаат подршка и драјвери САМО за виста
 
Sampion

Баниран/a
18 февруари 2008
181
1
www.diandjelo.tripod.com
Ako mislide deka Ubuntu e dobar samo za Vizuelnite Efekti gogas ste gresile toa go ima i XP samo treba da znaete kako [ame="http://youtube.com/watch?v=cO82UI4Vttg"]http://youtube.com/watch?v=cO82UI4Vttg[/ame]
 
Aleks

Gaining Experience
18 мај 2007
5,748
288
Не е убунту одговорен за визуелните ефекти туку Compiz! Назад на темата
 
Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,586
Мислења
824,068
Членови
28,083
Најнов член
Busavata
На врв Дно