• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Високи тонови од куќиштето

  • Ја почнал/а темата
  • #1

DynamicMK

Gaining Experience
11 април 2007
1,635
181
Кога ми е исклучен компјутерот се слушаат некои високи тонови од куќиштето, кога е вклучен не сум приметил дека бучат кулерите можеби и тогаш ги има. Исто така одвреме навреме ми се исклучува компјутерот сам и се додека не го исклучам од напојувањето не се вклучува.

Хелп ми! :plachko2:
Ова се случува веќе подолг временски период.
 

Vlatzki

Gaining Experience
1 мај 2008
1,266
312
Како за тоа што ти се исклучува, види ја температурата на процесорот да не ти е преголема многу, пробај со друга меморија со случаен пристап, и графичката провери ја да не се прегрева, исто така и хардот. Овие се најчестите причини да се гаси компјутерот за да се избегне негово оштетување. Не се пали компјутерот се’ додека не го изгасиш од струја и пак го вклучиш.

И, кога ти е исклучен компјутерот, а испушта звуци, пробај изгаси го од струја, за да ги елиминраш звуците од куќиштето, ако се од него. И провери дали звуците доаѓаат од појачалото, или системскиот звучник. Ако доаѓаат од појачалото, изгаси го. Е, ако се од системскиот звучник, тогаш нешто посериозно ти е мрднато со компјутерот.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #3

DynamicMK

Gaining Experience
11 април 2007
1,635
181
Не е од системскиот звучник. Ова свири потивко но со многу повисоки тонови. Инаку звукот доаѓа од куќиштето не од аудио излезот.

А да се гаси од преголема температура не ми се верува бидејќи некогаш се гаси и веднаш по вклучувањето додека некогаш ни по два три дена работа.
 

Vlatzki

Gaining Experience
1 мај 2008
1,266
312
Е па провери подетално од каде излага звукот, инаку вака само на слепо погодуваме што може да е проблемот. Мислам дека матичната ти е во дефект. Пробај, со друга матична, со старите делови, види дали пак ќе ти прави така. Или пробај обратно, со деловите.
 

newpain01

Intern
24 јануари 2008
248
0
немора да значи. мене напојувањето ми испушташе некаков звук, цивкаше јако кога е изгасен компјутерот и откако го сменив се е супер. провери, можеби ти е истиот проблем
 

Aleks

Gaining Experience
18 мај 2007
5,748
288
Може да е напојувањето, некој кондензатор да ењ рикнал па да испушта звук таков. Види извади го напојувањето и уклучи го така самостојно и види дали ќе цивка. Напојувањето може и да е причина за наглото исклучување, варирација во напонот ќе го уклучат заштитиниот систем на напојувањето и самото ќе се иклучи за да ненаправи поголема беља
 
M

Mr.Alien

Гостин
Пробај со друго напојување......па ако не е до тоа, одиме понатаму :).
 

Angel

Intern
21 април 2007
314
28
Треба да е напојувањето. Не мора да го вадиш, само исклучи ги сите водови од него и вклучи го во струја. Ако нема звуци, тогаш може да е до матичната или графичката (барем кај мене еднаш беше така).
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,570
Мислења
823,613
Членови
28,075
Најнов член
GGPPkorcula
На врв Дно