1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

VISA Electron

Дискусија во форумот 'Е-Бизнис' започната од zokipp, 18 Април 2010.

  1. zokipp

    zokipp
    Intern

    146
    4
    24 Јули 2008
    Имам едно прашање во врска со оваа картичка. Дали со оваа картичка можи да се плаќа или подигаат пари секаде каде што е истакнат знакот на VISA или мора да стој знакот виза електрон. Знам дека едната е кредитна а другата дебитна само не знам кои се другите разлики пошто имам слушнато и за виза дебитна која што била различна од виса електрон.
     
  2. HijackHacker

    HijackHacker
    Gaining Experience

    5,108
    297
    21 Февруари 2008
    Машко
    Web Designer
    Visa Electron = Дебитна Картичка
    И според мое искуство, исто е сегде, никад не сум налетал на проблем.
     
  3. Fiasco

    Fiasco
    Gaining Experience

    3,036
    203
    2 Март 2008
    Немаш гајле. Ќе ти врши работа секаде.
     
  4. zokipp

    zokipp
    Intern

    146
    4
    24 Јули 2008
    Во ред знам јас тоа дека виса електрон = дебитна. Само колку што можев да разберам од тоа што го читав на google, електронските картички можат значи да се употребуваат на ПОС терминали кои што се електронски поврзани со банките ( барем така сватив јас). И поради тоа што се јавувале голем број на проблем некои банки виза електрон ги заменувале со виза дебитни (класична виза само дебитна). Многу луѓе на странскиве форуми каде што читав караат и се жалат од оваа картичка и препорачуваат виса дебитна или маестро.
     
  5. vision

    vision
    Intern

    40
    18
    17 Април 2010
    неколку години ја имам не сум имал проблем со неа ...
    и за на автомат .. и за плаќање онлајн ..
     
  6. lynx

    lynx
    Unstoppable

    3,397
    3,118
    4 Септември 2008
    Провизиите кај нас се големи, доколку подигнеш пари на друг банкомат што не е од твојата банка. На пример Виза Електрон од Тутунска провизијата е 100 денари без разлика на подигнатата сума (мислам максимум до 10.000 денари). Така ако подигнеш 500 денари од банкомат на Комерцијална на пример, ќе ти земе 600 денари.
     
  7. vision

    vision
    Intern

    40
    18
    17 Април 2010
    Унибанка не наплаќа ништо, за картицата, ни пак за проверка на сметка ... можеби наплаќа 20денара од транскација .. не сум сигурен најчесто ја користам онлајн ...

    да подигнеш 500денара да ти земе 600 ??? се заебаваш :LOL:
     
  8. SaleSk

    SaleSk
    Arzt

    4,601
    5,172
    20 Април 2007
    Машко
    Точно така...

    Не го разбра претходниот текст....Значи момакот убаво ти објасни...Доколку имаш картичка на пример од Тутунска банка и вадиш пари од банкомат на тутунска банка, не плаќаш провизија....Но доколку со таа картичка отидеш на банкомат од стопанска или комерцијална или некоја друга банка и сакаш да подигнеш одредена сума на пари ке мора да платиш провизија за услугите....

    Истото важи и за проверка на сметката...
     
  9. vision

    vision
    Intern

    40
    18
    17 Април 2010
    ова ти е од Унибанка

    за подигање на пари од други апарати провизија е 20денара од трансакција ...
    незнам шо не сум јасен ...
    сумите горе наведени се смешно големи .. кои lynx ги наведе
     
  10. Fiasco

    Fiasco
    Gaining Experience

    3,036
    203
    2 Март 2008
    Од каде бре 100 денари провизија.. обично не приметувам но последниот пат ме обричија со 20-30 ден.
     
  11. DaciSS

    DaciSS
    Gaining Experience

    949
    288
    3 Јануари 2008
    Машко
    Systems and Network Administrator
    100 ден е за вадење пари од банкомат во странство. 2-3 evra зависи од која банка ти е картицата. Мислам унибанка е 2, комерцијална е 3. Иначе комерцијална банка VIsa electron не поминува online, со visa electron од унибанка немам гајле.
     
  12. HocusPocus

    HocusPocus
    On your way to fame

    1,017
    635
    3 Јули 2007
    Кога вадиш пари од банкомат од РАЗЛИЧНА Банка од банката на која си корисник ЗЕМААТ провизија. Имам вадено со Виза Електрон од Тутунска на банкомат од Стопанска банка, за 1500 денари ми земаа 125 денари провизија.
     
  13. cobanin

    cobanin
    Intern

    35
    4
    2 Февруари 2010
    Кога се подигаат пари со картица од друга банка банката обично зима процент провизија и + фиксна цена за услугата. За тоа доаѓа дека за подигнати 500 денари ти зема 100, што не значи дека за 5000 денари ќе ти земе 1000 него 150 пример.
    Инаку Visa Electron во однос на Visa е исто што и Maestro во однос на MasterCard, па можно е да не ти помине на POS терминал во странство или на банкомат.
     
  14. ZokiBoSS

    ZokiBoSS
    Intern

    13
    1
    20 Април 2010
    Од Стопанска банка Скопје има Виза интернет картичка. При самото пополнување на документите ти нудат да ти отворат виса електрон, бидејќи со интернет картицата неможиш да вадиш пари од банкомат (ја даваат пластифицирана). Трансакциите се вршат на интернет и оди прилично брзо (добиваш ЦД со сертификат за твојата сметка). Моментално користам таква варијанта за плаќање на интернет, и 99% сум немал мака. Само на едно место имав, поради некој мали провервања, морав да извадам картица од УниБанка и со неа успеав да платам. Сепак, задоволен сум од стопанска банка и препорачвам за сите шо немат Виза Класик, да си извадат ваква :)
     
  15. zokipp

    zokipp
    Intern

    146
    4
    24 Јули 2008
    Вака сега прашањето значи ми беше дали можи да се плаќа со виса електрон на POS терминали кои не се електронски поврзани. На вакви терминали се плаќа само со виза класик на која што сите податоци се врежани на картичката а на повеќето виса електрон тие се само испритани на пластиката. Е сега како што забележав јас и на мојава виса електрон од тутунска врежани се и сега незнам дали ќе можам да плаќам на такви рерминали.
     
  16. HocusPocus

    HocusPocus
    On your way to fame

    1,017
    635
    3 Јули 2007
    Пред некое време забележав дека Тутунска банка вовеле една супер услуга. Односно, при секоја онлајн трансакција те известуваат по СМС со податоци за тоа што си купил, колку пари си потрошил и каде си платил на интернет. Ова може да биде добро за активирање на Moneybookers account така што нема потреба да се јавувате да прашате која сума ви е одземена, сумата ќе ви стигне по СМС. Се изненадив со тоа што, за само 5 секунди откако купив нешто од интернет веднаш ми стигна порака. Ова е одлично нешто за твојата сигурност при купување на интернет, ако ти не си ја направил трансакцијата ке се јавиш во Тутунска и веднаш ќе ја откажеш.
     
  17. zokipp

    zokipp
    Intern

    146
    4
    24 Јули 2008
    Да. Го забележав и јас тоа, само што тоа беше единствена порака што ја добив :ermm:
    Наредните трансакции не добив никакво известување. Му пишав меил дали е ова некаква нова услуга што ја имаат воведено и дали се наплаќа и ми немаат сеуште вратено.
     
  18. HijackHacker

    HijackHacker
    Gaining Experience

    5,108
    297
    21 Февруари 2008
    Машко
    Web Designer
  19. zokipp

    zokipp
    Intern

    146
    4
    24 Јули 2008
    Зависи во која валута плаќаш. Мене ми стаса во долари. Преку paypal плаќав и за неколку секунди ми стаса порака со сумата(во долари), прекушто сум плаќал(paypal), и на кого сум платил(лицето на ebay). Пријатно ме изненади оваа опција ама другиот ден кога исто така извршив трансакција сега преку moneybookers не ми стаса никаква порака. Платено имам и на POS терминал и вадено пари од банкомат и пак никаква порака не добив. Можеби оваа услуга важи за плаќање прекy paypal.
    Инаку на страната на NLB пишува дека за услугата НЛБ СМС Известување се плаќа месечна чланарина од 100 денари.
     
  20. HocusPocus

    HocusPocus
    On your way to fame

    1,017
    635
    3 Јули 2007
    Значи услугата е бесплатна и важи само за интернет трансакции, мене пред тоа ми се јавуваа да потврдам трансакција преку интернет но сега ме известуваат по СМС. Јас купував од GoDaddy и ми стигна порака, исто така и за paypal.

    Она за СМС известувања е посебна услуга за трансакции во Македонија и се плаќа 100 денари.
     
  21. zokipp

    zokipp
    Intern

    146
    4
    24 Јули 2008
    Можеби....има логика тоа така да го прават заради некоја безбедност.
    Имаш добиено повеќе смс известувања или и ти имаш добиено една порака ?
    Јас како што пишав погоре добив кога плаќав преку paypal, а одма другиот ден преку moneybookers имав една трансакција очекував ама не добив никаква порака.
     
  22. HocusPocus

    HocusPocus
    On your way to fame

    1,017
    635
    3 Јули 2007
    Да за секоја онлајн трансакција ми стига порака. Само не ми стигна порака кога си ставив кредит на Т-мобиле онлајн.
     
  23. DaciSS

    DaciSS
    Gaining Experience

    949
    288
    3 Јануари 2008
    Машко
    Systems and Network Administrator
    ова со следење трансакции го има и комерцијална. Значи гага е да ја гледаш историајта на трансакции. А за смс извештај при трансакциај се наплаќа 5 денари мислам, со тоа што на крај на месецот ти ги одзима тие пари од сметка за приемни пораки.

    А и унибанка имаат сеа за следење преку смс, цена незнам, али немаат да следиш онлајн интернет трансакции.
     
  24. Sylvester

    Sylvester
    Intern

    445
    42
    24 Март 2009
    Машко
    Студент
    Јас сакам да земам картичка само се мислам помеѓу NLB Тутунска, и Комерцијална ? Што мислите која е подобра? Значи сакам да земам дебитна, ама да можам да плаќам и тука и во странство а и даможе на интернет да се купува. Која картичка да ја земам дали Visa Electron или која?
     
  25. zokipp

    zokipp
    Intern

    146
    4
    24 Јули 2008
    Виса електрон од тутунска. Таа е за секаде, за употреба во странство на pos терминали банкомати интерне, имаш онлајн проверка на сметка..........

    Виса електрон од комерцијална не ти ја препорачувам заради тоа што можеш да ја употребуваш само во Македонија (барем до поодамна така беше) а и на интернет не можиш да ја користиш заради тоа што на картичката ти се одпечатени само последните четири бројки.

    Сега твоја е одлуката....Разгледајги карактеристиките за картичките што ги има на нивните web страни и ќе видиш која е подетално разликата.
     
    1 person likes this.
Слични теми
  1. Electron
    Одговори:
    12
    Прегледи:
    1,505
  2. Quake-
    Одговори:
    10
    Прегледи:
    1,561
  3. ARMac
    Одговори:
    1
    Прегледи:
    644
  4. StalkeR
    Одговори:
    236
    Прегледи:
    21,821
  5. Ickoo
    Одговори:
    13
    Прегледи:
    1,783
Вчитување...

Сподели

Вчитување...