• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

virusite kaj Linux

  • Ја почнал/а темата
  • #1

darecarcemb

Intern
8 април 2008
236
21
Zdravo na site. Sosema nov sum vo ovaa "tematika" pa doznav nekoi informacii za toa deka na Linux nemozes da zakacis virus oti nemalo napisano virusi za ovoj operativen sistem. Me interesira kolku od ova e vistina, i kolku e bezbeden Linuxot kako operativen sistem voopsto.
Pozdrav Darko.
 
Aleks

Gaining Experience
18 мај 2007
5,748
288
Линуксот е Опен Сорс, значи кодот е достапен од кој е направен. Се разбира дека има некои лоши програми направено за него (rootkits, backdors..) со сеуште не сум сретнал вистински Вирус за Линукс ..

Во поглед на безбедноста мислам дека може да кажам дека е еден од побезбедните оперативни системи поради тоа што нови закрпи и апдејти излегуваат скоро секој ден и многу лесно се лоцираат грешки и дупки поради слободата на кодот
 
fuUuUzZzZy

On your way to fame
14 декември 2007
4,842
885
Ohrid
Ne tochno deka za linux nema virusi.. Ima, no tie se vo znachitelno pomal broj od kolku kaj windowsot..
Celata rabota okolu virusite e toa shto windowsot seushte e kade kade pozastapen i po koristen od kolku linuxot, barem za sega.. Poradi toa i site shto pravat virusi i malиciozni programi, obichno meta im e windowsot. No, toa neznachi deka voopshto gi nema kaj linux, i se ochekuva deka za brzo vreme nivnata brojka kje pochne naglo da raste.. Pa taka da, ako si nov vo linuxot kako shto reche, i ako nemash nikakov anti-virusen program, ti preporachuvam da si zemesh eden.. Sepak, shto si e sigurno, sigurno si e..
 
Eva Molotow

Intern
14 април 2008
106
30
До сега немам налетано на ниеден вирус.
Ама пак, не се мафтам по сомнителни сајтови...
 
gdamjan

On your way to fame
3 април 2008
2,365
653
damjan.softver.org.mk
Има повеќе типови малициозни програми, конкретно вируси за Linux има 6-7 колку јас знам; има нешто повеќе worm-ови и тројани. Инаку која е разликата:
- тројан е програм кој се преправа дека прави една работа додека во позадина прави нешто сосем друго.. во windows светот има миљон такви кои се преправаат дека се антивируси на пр. ... или Skype на пр. Карактеристика на тројан-от е дека мораш сам да го инсталираш, така да се додека инсталираш само слободен софтвер од repo-ата на твојата дистрибуција прилично си сигурен.
- worm е програм кој самостојно се шири од компјутер на компјутер и тоа искористувајќи remote дупки во сигурноста. За да фатиш worm треба да немаш firewall И да имаш некој несигурен мрежен сервис .. кој што на desktop машина најчесто не треба да го има.
- вирус е програм кој се инсталира како дел од други програми.. ова е многу тешко да се направи во Linux бидејќи во 99.99% од случаевите програмите кои ги старташ се од /usr/bin и сл. каде што истите само root корисникот може да ги менува. Се додека работиш како обичен корисник, вирус не може да ги „нападне“ програмите.
- root-kit.. е всушност некоја комбинација на горните.. главна карактеристика е дека софистицираните root-kit-ови се кријат од нормалните алатки кои би можеле да ги најдат. На пр. root-kit-от може да се шири како тројан (некој ти прати фајл преку MSN и ти го старташ) или пак worm (на пр. преку стара несигурна верзија на apache или ssh). Потоа root-kit би пробал да ја пробие локалната бариера на привилегии и да добие root привилегии (што не е така лесно). И конечно root-kit-от се инсталира како вирус (најчесто во glibc библиотеката или во кернелот) и ги менува стандардните алатки за да го сокрие своето присуство. На пр. ги крие своите мрежни конекции од „netstat“ командата, или ја фалсификува големината на датотеката која ја заразил.

Конечно, не постои класичен анти-вирус кој е наменет за малициозен софтвер за Linux. Linux анти-вирусите се најчесто наменети за проверка против Windows вируси а за податоци кои поминуваат преку Linux компјутер (mail сервер, dual-boot и сл).

Во Linux светот многу по-полуарно решение на проблемот со малициозен софтвер е правење на Linux-от многу посигурен. На пр. SELinux помага многу во избегнување на векторите на напад кои ги спомнав погоре.
 
hmmm

Gaining Experience
30 ноември 2007
1,242
81
hmmm's setup  
Processor & Cooler
i5 3570k @4.2GHz & CM Hyper 212+
Motherboard
AsRock Z77 Pro3
Storage
Samsung 840 EVO 120GB + WD Black 1TB
PSU
Corsair CX600
RAM
2x4GB G.Skill Sniper 1600MHz
Video card
HD4000
Case
Custom
Mouse
Gigabyte GM-M7000
Keyboard
Generic
Audio
Asus Xonar DG
Monitor
Compaq Q2159
OS
Windows 8 64bit
jas na linux si imam instalirano AVG.
 
leopard

Intern
13 март 2008
60
5

Браво мајсторе. Многу добро објаснето:bravo::bravo:
 
hmmm

Gaining Experience
30 ноември 2007
1,242
81
hmmm's setup  
Processor & Cooler
i5 3570k @4.2GHz & CM Hyper 212+
Motherboard
AsRock Z77 Pro3
Storage
Samsung 840 EVO 120GB + WD Black 1TB
PSU
Corsair CX600
RAM
2x4GB G.Skill Sniper 1600MHz
Video card
HD4000
Case
Custom
Mouse
Gigabyte GM-M7000
Keyboard
Generic
Audio
Asus Xonar DG
Monitor
Compaq Q2159
OS
Windows 8 64bit
Ne najde nisto, ama go instalirav inaka, kako da go imam, ako nesto trgne naopaku
btw od linuxov surfam, no ne mnogu.
 
Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,525
Мислења
822,593
Членови
28,051
Најнов член
Marko Janevski
На врв Дно