• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Виртуелен онлајн компјутер за секого!

  • Ја почнал/а темата
  • #1

AMD_fan

Gaining Experience
10 ноември 2007
3,646
139
Јоосе.com е нова флеш платформа која ви нуди свој компјутер на интернет. Идеално решение за денешните сајбер номади, посебно оние кои немаат свој компјутер или оние кои користат повеќе компјутери од различни места.

„Јоосе“ отвара едно ново поглавие во користењето на интернетот и е водечка фирма во пренесувањето на оперативниот систем на интернет. Интересно е што целиот графички изглед и функции се како да сте пред својот сопствен компјутер, а не на некој интернет сајт.

Во суштина „јоосе“ е безбедно интернет место за чување, гледање, слушање - и за инстантно разменување на фотографии, музика, видеа и документи со сите пријатели. Внесете ги своите фајлови, организирајте ги лесно и едноставно, пратете ги до пријателите. Или пак внесете ги своите најомилени YouTube видеа директно од интернет. Трансферот на фајлови или цели папки до вашите пријатели не може да биде поедноставен - пренесувањено е инстантно, со едно едноставно влечи/пушти врз контактот или група на пријатели. “Јоосе“ исто така има вграден медиа читач, така да сите фајлови (слики, видеа, музика) може да се гледаат и слушаат.

“Јоосе“ нуди две можности за своите корисници, приватен и јавен десктоп. Приватниот десктоп е личен и достапен само за корисникот, додека јавниот е достапен за неговите пријатели кои можат да го посетат и да се послужат едноставно со сите фајлови кои се оставени на него.

Со “Jоосе“ можете исто така да ги обедините сите месенџери на едно место. Комуницирајте со сите пријатели преку еден прозорец без разлика дали се на MSN, ICQ, Yahoo или AIM. Додека разговарате, можете да пренесете било кој фајл или цела папка до другата личност со едноставно влечење и оставање врз прозорецот.

Фирмата потенцира дека системот сеуште се гради и доусовршува, но најавува многу новини во најскоро време кои треба да ви го олеснат дигиталниот живот. Тие вклучуваат електронска пошта, телефонски и видео разговори, развиен јавен десктоп по теркот на facebook и myspace, поголем избор при внесување на содржини од интернет како музика, слики, видеа, итн.

Целиот систем е достапен и на македонски благодарение на еден од основачите кој е македонец.
Повеќе: 365
 

sonic

Intern
13 ноември 2007
529
5
Ова супер изгледа ,ќе си отворам акаунт дефинитивно . Браво за JOOCE !
 

Niki

Баниран/a
21 април 2007
404
1
Dali na toj online kompjuter moze da si instaliram program-server koj ke bid da receme IRC server ili IRC Bot?
 

Stane

Gaining Experience
4 октомври 2007
2,497
77
ВОВ.Ова стварно изгледа супер.Сигурно ке креирам акаунт.БТВ+ има и на мекедонски јазик!!
 

lakimen

Intern
15 август 2007
154
0
jooce

Што се случува со ЈООЦЕ. Зошто не можам да го отворам ?Да не е уништен?:plachko2:
 
28 декември 2009
61
1
Сајтот неможе да се отвори,Вака е 3-4 дена(Јас од тогаш забележав).Дали имате некој линк од каде што може да прочитаме што се случува.?Сајтот е навистина добар,имам акаунт таму и неможам да се пожалам од него.
 

TheDarkHacker

Баниран/a
16 мај 2009
285
17
Што велите ние програмерите да изградиме еден ваков систем? Можеби ќе го правиме во JavaScript наместо во флаш,и така ми е позгодно бидејќи повеќе знам JS него ли ActionScript.

И да е во флаш,пак ќе мора PHP,ќе ни треба една база,а флашот ќе праќа GET податоци на PHP,ПХП ќе ги отвори и ќе ги стави во база.

Е сега за фајлови прикачување,незнам со флаш...Сo PHP има прикачување,плус можда има некој lib за отварање и рендерирање документи.
 
28 декември 2009
61
1
DaciSS ми го зема зборот.
Јас веќе се пријавив за превод на eyeos и очекувам деновиве да ми биде креиран акаунтот па се надевам дека и вие ке се придружите и ке помогнете.
Штом добијам информации ке бидете известени.
Доколу не видовте еве слики од истиот:
http://wiki.eyeos.org/Screenshots
 

DaciSS

Gaining Experience
3 јануари 2008
949
288
San Francisco
www.linkedin.com
@Борче Давчев ја случајно налетав на ова, треба да пишувам дипломска на тема cloud computing, па барав низ нет нешо и практично да средам, па го видов ова eyeOS, ама се одлучив практично да инсталирам Eucalyptus private cloud на кластер, малце hc :D:D
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,584
Мислења
824,010
Членови
28,083
Најнов член
Busavata
На врв Дно