• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Virtual Memory на USB

  • Ја почнал/а темата
  • #1

zorandesign

Баниран/a
6 јуни 2007
1,618
676
Ме интересира,дали е можно USB pendrive (stick),пример од 2 GB,да се користи како медиум за сместување на Page File-oт на Windows XP SP2(ili SP3)?И дали би се добило некое забрзување со оглед на тоа што во тој случај HDD би бил задолжен само за вчитување на потребните податоци?
Јас се обидов,но мислам дека не ми успеа да го "натерам" Windows-ot да запишува PageFile на USB stick-от.:ha:
 

Garfield

Intern
9 декември 2007
277
5
Мислам дека можеш само ако ти е инсталиран целиот OS на USB стикот. Инаку тешко, со вистата има една опција каде можеш да си користиш мемори стикот како некаков кеш но не се добива ништо во перформанси.
 
M

Mr.Alien

Гостин
Во секцијата за Virtual Memory ти се појавил стикот, претпоставувам. И тука си му навел да направи Page File, а истиот си го исклучил од C: и другите партиции на хардот, така?
И што точно бидна, како примети дека не може да го користи? Ме заинтересира ова......
 

mztrifunovski

Intern
20 февруари 2008
272
2
На Виста можеше, како додатна меморија иако не работеше на сите USB, ама за XP не сум сигурен. Пробај можеби нема да имаш потреба од додатен GB на HDD :D
 
  • Ја почнал/а темата
  • #6

zorandesign

Баниран/a
6 јуни 2007
1,618
676
Во секцијата за Virtual Memory ти се појавил стикот, претпоставувам. И тука си му навел да направи Page File, а истиот си го исклучил од C: и другите партиции на хардот, така?
И што точно бидна, како примети дека не може да го користи? Ме заинтересира ова......
Да.Тоа го сторив.Не тестирав на некој посебен начин,но поаѓајќи од тоа дека при Defragment не покажува дека воопшто е запишан некој податок на USB drive-от.Ќе се обидам повторно.Јас лично сметам дека меморијата што се користи за USB drive-oви,има побрз пристап до податоците од тој што како карактеристика го поседува HDD.
 

gdamjan

On your way to fame
3 април 2008
2,388
688
Скопје
damjan.softver.org.mk
gdamjan's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 5 3600 / Wraith Stealth
Motherboard
MSI Mortar Wifi B550m
Storage
nvme 1TB / adata xpg sx8200
PSU
Gigabyte G750H
RAM
G. SKILL Ripjaws V Series 2x 16GB / DDR4 3200Mhz
Video card
Asus RX550 2G
Case
Bequiet! PureBase 500
Keyboard
ThinkPad USB Keyboard With TrackPoint (sk-8855)
OS
Arch Linux
usb flash е ТОЛКУ многу спор што нема шанси да добиеш никаво подобрување.
 

StenmarC

Intern
16 април 2007
716
13
stenmarc.blog.com.mk
usb flash е ТОЛКУ многу спор што нема шанси да добиеш никаво подобрување.
Се согласувам. Тешко дека ќе се добие подобрување...
По „правило“ знам дека pagefile-от треба да се стави на друга партиција од онаа на која е оперативниот систем и плус се препорачува тоа да биде партиција на која најмалку се пристапува. И мене ме заинтересира (исто како Mr.Аlien) што и како би се случило. Ме интересира како ќе работи оперативниот систем кога стикот не ма да биде приклучен... Не знам на Vista, ама за XP-то мислам дека знам што би се случило.... ај за секој случај ќе пробам деновиве па ќе пишам :)
 
  • Ја почнал/а темата
  • #9

zorandesign

Баниран/a
6 јуни 2007
1,618
676
Барајќи податоци во врска со темата,наидов на едно програмче- eBooster.Според описот на истото,би требало да влијае на подигнувањето на програмите и помош при cache-ирањето на податоците.Pro верзијата нуди можност за употреба на повеќе USB drive-ови при тоа,со што би се овозможило истовремен пристап до повеќе USB drive-ови.Ова теоретски би требало да овозможи одредено забрзување.Инаку програмата се презентира на Интернет како еден вид замена за ReadyBoost на XP оперативните системи.Доколку некој е заинтересиран,истото може да се симне со помош на torrent,бидејќи легалната бесплатна верзија може да се користи само 4 часа и потоа мора да се рестартира системот.
Исто така наидов и на друго програмче-Ramdisk.Но, тоа сеуште не сум го испробал така да доколку некој го стори тоа може да ги пренесе своите импресии. Инаку целта со отворањето на оваа тема ми беше да најдеме начин како би забрзале некој малку постар систем кој нема можност да поседува повеќе од 1GB RAM меморија,а истиот поседува USB порти.
 

gdamjan

On your way to fame
3 април 2008
2,388
688
Скопје
damjan.softver.org.mk
gdamjan's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 5 3600 / Wraith Stealth
Motherboard
MSI Mortar Wifi B550m
Storage
nvme 1TB / adata xpg sx8200
PSU
Gigabyte G750H
RAM
G. SKILL Ripjaws V Series 2x 16GB / DDR4 3200Mhz
Video card
Asus RX550 2G
Case
Bequiet! PureBase 500
Keyboard
ThinkPad USB Keyboard With TrackPoint (sk-8855)
OS
Arch Linux
По „правило“ знам дека pagefile-от треба да се стави на друга партиција
ни тоа не прави многу разлика, дури ќе ги тера главите да одат од еден дел на дискот (кај што се податоците) до оној кај што е swap-от.

Јес да, ако почне swap да ти се троши се ќе биде поспоро... многу поедноставно е да се купи повеќе RAM тогаш.. толку е ефтин што било која перверзија нема логика.
 

gOJDO

Epic
23 јануари 2008
9,791
14,690
сред село
gOJDO's setup  
Processor & Cooler
Intel со вентилатор
Motherboard
Asus
Storage
полн
PSU
ЕВН Снабдување
RAM
алуминиумски
Video card
Super VGA
Case
closed
Mouse
хрчак домашен
Keyboard
механичка
Audio
сардисаунд
Monitor
телевизор у боја
OS
Windows
И јас се сложувам дека најпаметно е да си додадеш RAM, кога веќе е бесплатен.

Што се однесува до прашањето, можно е да го сместиш SWAP фајлот на USB стикот со помош на програмчиња. А можно е и да направиш лажна диск партиција која привремено ќе се чува во RAM меморија.
 

gdamjan

On your way to fame
3 април 2008
2,388
688
Скопје
damjan.softver.org.mk
gdamjan's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 5 3600 / Wraith Stealth
Motherboard
MSI Mortar Wifi B550m
Storage
nvme 1TB / adata xpg sx8200
PSU
Gigabyte G750H
RAM
G. SKILL Ripjaws V Series 2x 16GB / DDR4 3200Mhz
Video card
Asus RX550 2G
Case
Bequiet! PureBase 500
Keyboard
ThinkPad USB Keyboard With TrackPoint (sk-8855)
OS
Arch Linux
А можно е и да направиш лажна диск партиција која привремено ќе се чува во RAM меморија.
која би била придобивката од тоа?
 
  • Ја почнал/а темата
  • #13

zorandesign

Баниран/a
6 јуни 2007
1,618
676
Се е во ред со додавање на повеќе RAM,но кога се работи за постар систем или систем кој не подржува повеќе од 1GB RAM што станува тогаш?Малку порационално е да се искористи веќе постоечки ресурс за подобрување на перформансите...Јас воопшто и не споменав дека тоа би било замена за RAM меморијата,во никој случај...Зошто не би ја искористиле можноста да го употребите USB drive-от и притоа да го поштедите HDD-от од постојано вчитување и запишување и притоа истовремено да постигнете и одредено забрзување.Постојат и други бенифиции од користењето на eBooster,јас лично се уверив дека постои одредено забрзување при подигнувањето на апликациите после долговремено користење на компјутерот без потреба од рестарт,притоа забрзувањето може да биде до 10% на нови и повеќе % на стари системи ( да не навлегувам зошто ).
 

trakilaki

Intern
15 мај 2008
1,084
18
Mislam deka so premestuvanje na pageing files na USB nema da se dobie vo brzina zatoa sto citanjeto od USB e posporo otkolku od HDD ... taka da ke se dobie sprotivnoto od posakuvanoto.
E sega ova ne sum go probal do sega pa taka da i ova e moe licno razmisluvanje sto ne mozam da go potkrepam so fakti ... tuku si nagagjam:)
Osven toa sekoj stik si ima odreden vek na traenje .... duri i da e vozmozno pramestuvanjeto na pageing files na nego .... drasticno bi se skratil rabotniot veka na istiot. Zatoa sto kolku sto mi e poznato mene stikot ima prosecno vek od okolu 2 milioni presnimuvanja. Ova i ne e tolku malku, no so ogled deka pagein files drasticno mnogu po frekventno ke go koristat stikot so zapisuvanjeto i brisenjeto, na istiot vekot bi mu se skratil na nekade okolu mesec(ili nesto taka).
Taka da ne znam dali voopsto ova se isplati.

Ama kako sto kazav ova e moe razmisluvanje:))
 

gOJDO

Epic
23 јануари 2008
9,791
14,690
сред село
gOJDO's setup  
Processor & Cooler
Intel со вентилатор
Motherboard
Asus
Storage
полн
PSU
ЕВН Снабдување
RAM
алуминиумски
Video card
Super VGA
Case
closed
Mouse
хрчак домашен
Keyboard
механичка
Audio
сардисаунд
Monitor
телевизор у боја
OS
Windows
која би била придобивката од тоа?
На пример да ставиш TMP и TEMP фолдерите да ти бидат на таа партиција. Кога ќе инсталираш програмче или кога аплиакциите отвараат привремени фајлови ќе забележиш големо забрзување на инсталацијата и големо зголемување на перформансите во апликацијата кога таа работи со temporary фајлови.

Или на пример, да имаш SQL бази и да ги сместиш на таа партиција. Придобивките се многу големи.
 

trakilaki

Intern
15 мај 2008
1,084
18
Ме интересира,дали е можно USB pendrive (stick),пример од 2 GB,да се користи како медиум за сместување на Page File-oт на Windows XP SP2(ili SP3)?И дали би се добило некое забрзување со оглед на тоа што во тој случај HDD би бил задолжен само за вчитување на потребните податоци?
Јас се обидов,но мислам дека не ми успеа да го "натерам" Windows-ot да запишува PageFile на USB stick-от.:ha:
Размислување?...Ах:plachko2:

Па сега ако не си спремен да ги слушнеш и туѓите размислувања .... што отвараш тема во која и ти не си сигурен за нешто???
Ако овој вториов цитат погрешно сум го протолкувал ... кажи:)
 

gdamjan

On your way to fame
3 април 2008
2,388
688
Скопје
damjan.softver.org.mk
gdamjan's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 5 3600 / Wraith Stealth
Motherboard
MSI Mortar Wifi B550m
Storage
nvme 1TB / adata xpg sx8200
PSU
Gigabyte G750H
RAM
G. SKILL Ripjaws V Series 2x 16GB / DDR4 3200Mhz
Video card
Asus RX550 2G
Case
Bequiet! PureBase 500
Keyboard
ThinkPad USB Keyboard With TrackPoint (sk-8855)
OS
Arch Linux
Или на пример, да имаш SQL бази и да ги сместиш на таа партиција. Придобивките се многу големи.
за temp има некоја логика, али за SQL... ќе изгубиш секаков ACID ако чуваш база во ram.
(ps. mysql има и temp тип на табели кои не ги става на диск)
 
  • Ја почнал/а темата
  • #19

zorandesign

Баниран/a
6 јуни 2007
1,618
676
Мислам дека темата може да се затвори со оглед на тоа дека никој нема свое размислување на кое се темели врз база на тестирање туку постојат само претпоставки.
 

dimitars

Gaining Experience
8 мај 2007
1,681
333
Јас пробав порано, пред 6-7 месеци и не добив ништо во споредба што останав практично без USB, така да не се мачи за ова. Иначе ова го направив по нет туторијал.
 

trakilaki

Intern
15 мај 2008
1,084
18
@zorandesign

Znaci mojata pretpostavka e tocna i e potvrdena so prakticno iskustvo :)


Јас пробав порано, пред 6-7 месеци и не добив ништо во споредба што останав практично без USB, така да не се мачи за ова. Иначе ова го направив по нет туторијал.
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
42,630
Мислења
822,065
Членови
28,276
Најнов член
GirlFromMars22
На врв Дно