• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

VIP стартува со услугата Black Berry на Vodafone

  • Ја почнал/а темата
  • #1

AMD_fan

Gaining Experience
10 ноември 2007
3,646
139


Третиот мобилен оператор во земјава ВИП од денеска стартува со услугата Black Berry која овозможува лесен пристап до e-mail, телефон, календар, интернет, мултимедијални содржини и други слични апликации.

Воведувањето на оваа услуга е резултат на стратешкото партнерство на ВИП со еден од водечките телекомуникациски брендови во светот Vodafone кое денеска беше објавено. Мотото со кое ќе настапуваат е „Заедно можеме повеќе“, а ВИП операторот ќе го додаде Vodafone логото на сите производи и услуги кои се понудени како резултат на ова партнерство.



Услугата My Black Berry за првпат се воведува во Македонија и е достапна за сите ВИП постпејд корисници. Услугата е достапна со договор на 3, 12 или 24 месеци. Може да се користи како дополнителна услуга во комбинација со која било ВИП постпејд тарифа или како посебна тарифа на засебен Black Berry уред. Месечната претплата на My Black Berry услугата, која изнесува 800 денари за BIS и 1.200 денари за BES услугата, вклучува 10 МВ за пренос на податоци во национален сообраќај и 1,5 МВ во роаминг. Поради постоечката технологија на висока компресија на податоците тие можат да обезбедат повеќе од 30.000 e-mail пораки месечно. BIS услугата вклучува пристап до 10 интернет адреси со добивање мејл со задоцнување од 15 минути, додека BES услугата овозможува сервис во реално време, односно добивање на пораките во реално време. На почетокот ВИП операторот на пазарот ќе ги понуди уредите Black Berry Curve 8310 и Black Berry Pearl 8100.

Според главниот извршен директор на ВИП операторот Никола Љушев, партнерството ќе донесе многу придобивки за корисниците на ВИП, како што се поиновативни услуги, екслузивни апарати, како и користење на роаминг услугите на Vodafone.

- Македонските корисници сега можат да уживаат во најдоброто од светот на ВИП и Vodafone зошто заедно можеме повеќе, истакна Љушев.

Менаџерот за партнерски пазари на Vodafone, Штефан Ваил потенцира дека нивниот став е да влезат на македонскиот пазар преку партнерство со ВИП.

Партнерството на Vodafone со Mobilkom Austria групацијата, чиј член е ВИП оператор, почна во 2003 година. Vodafone е светски водечка интернационална мобилна комуникациска група со над 252 милиони корисници на крајот на минатата година. Компанијата во моментов има инвестиции во 25 земји на пет континенти и дополнителни 41 партнерски мрежи во светот.

Во првите осум месеци од работата на македонскиот пазар ВИП оператор успеа да освои 8 отсто од пазарот. Третиот оператор до крајот на првиот квартал од годинава има 163.300 корисници.

Извор: Сител
 

trakilaki

Intern
15 мај 2008
1,084
18
Znaci samo 2 mobilni operatori ostanuvaat kaj nas.......:) aj ke vidime dali ke bide na dobro, se nadevam deka ke bide:ermm:
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,566
Мислења
823,496
Членови
28,073
Најнов член
Death Markk
На врв Дно