• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

ВИП ќе плаќа двојно помалку за иста услуга

  • Ја почнал/а темата
  • #1

AMD_fan

Gaining Experience
10 ноември 2007
3,646
139


Третиот мобилен оператор ВИП доби двојно пониски цени за поврзување, отколку Т мобајл и Космофон. Ако до сега за поврзување кон нивните мрежи ВИП плаќаше 7,8 денари, од сега ќе им плаќа 3,8 денари за минута разговор.

Новите цени се асиметрични, што значи само третиот оператор ќе плаќа двојно помалку. Цените на двете помоќни компании за истата услуга остануваат непроменети. Агенцијата за електронски комуникации ги одби жалбите на двата мобилни оператори, со образложение дека на пазарот треба да има вистинска и фер конкуренција во мобилната телефонија, односни пониски трошоци за третиот оператор.

- Решението на комисијата е конечно. Сега Т мобајл и Космофон се должни во рок од 30 дена да ги достават новите цени, ќе се објават во Службен весник и стапуваат на сила во рок од три дена. Што значи кога сите процедури ќе завршат, намалувањето би стартувало од август.

Од ВИП ја поздравуваат ваквата одлука. Велат дека тоа ќе придонесе за пониски цени кон корисниците. Од Т мобајл велат дека ја следат ситуацијата. Со свој став ќе излезеле наредната недела. Од Космофон пак официјално се уште намале добиено ништо. Свој коментар и тие најавија за следнала недела. Според македонските закони, последна шанса на двата оператори е правото да се жалат на Управен суд.

Извор: Сител
 

Commie

Gaining Experience
27 октомври 2007
4,717
218
www.foxmediahouse.com
Алелуја, ќе можам и фиксниот конечно да го исклучам. Добар потег од страна на ВИП, со оглед на тоа дека и космофон ќе се приклучи на Т брендот. Добро е што се стремиме кон светските брендови на поевтини телефонски разговори.
 

Dare

Intern
8 април 2007
141
2
па ова е нормално....инаку целосен монопол би имало од дојче телеком.
 

StenmarC

Intern
16 април 2007
716
13
stenmarc.blog.com.mk
Гарант ќе се жалат до Управниот суд. Тоа значи одолговлекување на одлуката со што најрано би се применила (стапила во сила) некаде од почетокот на август.
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,507
Мислења
822,164
Членови
28,046
Најнов член
hittrajkovski
На врв Дно