1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Видео надзор со IP камери - барам совет

Дискусија во форумот 'Oстанато' започната од FLEGMA, 11 Јуни 2019.

  1. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,217
    12,226
    2 Август 2012
    Машко
    Ми треба совет или предлог за видео надзор кој би бил составен од максимум 4 IP камери.

    На што да се внимава, со кој бренд да се оди и сл.
    Ваше лично искуство?

    Од она што го гледам по огласи, фирми и сл. Hikvision, Dahua и DVC се демек најквалитетни.

    Што се однесува до снимачите, оние од познатите брендови, скоро сите поддржуваат H265/H265+ а некои се со вграден PoE switch.
    Дискот знам дека треба да биде WD Purple. До толку се разбирам :)
     
  2. Steff_92

    Steff_92
    Gaining Experience

    116
    52
    28 Јули 2017
    Машко
    Проверена ситуација која што работи со години.
    HIK Vision IP камери,
    HIK Vision NVR,
    WD Purple и WD Red,
    квалитетен FTP кабел CAT5, за поголеми далечини CAT6,
    фиксни IP адреси,
    Микротик, Linksys, TP-Link рутери,
    Обичен свич (TP-Link) како појачувач за долги кабли.
     
    Krkac, Oliver!, Majestic и на уште 1 им се допаѓа ова.
  3. shifty

    shifty
    Модератор

    964
    1,245
    5 Септември 2009
    Земи си засебен PoE switch, прва прилика кога ќе изгори само смени го.
     
    На FLEGMA му/ѝ се допаѓа ова.
  4. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,217
    12,226
    2 Август 2012
    Машко
    Ова и други ми го кажаа и секако ќе го имам во предвид.
    Затоа што до NVR-от нема да може да се носи LAN кабел за интернет единствено решение е користење WiFi сигнал кој пак не е доволно јак.

    Како е најпаметно да го решам ова?
     
  5. smole

    smole
    Unstoppable

    2,881
    3,196
    18 Април 2007
    1. Оваа продавница на Али испорачува за гага со ДХЛ до ЕУ и не се плаќа никаков додатен данок, јас земав 5231EZ камера од таму, упола цена од Визард;
    2. Место NVR види ја опцијата на PC со Blue Iris програм - повеќе за ова и сè останато на ipcamtalk форумот - обавезно прочитај ги Cliff's notes - тоа ти е А-Ш за ip камери;
    3. Јас користам Mikrotik CRS-112-8P-4IN за напојување на ип камерите, прогуглај дали и mikrotik hex poe ќе ти заврши работа (мора да докупиш 48V напојување);
    4. Со оваа алатка провери како ќе ти се гледа снимката со одредена камера

    Најубаво и најефтино да донесеш кабел, ако мора со wifi земи некој wifi bridge - NSM loco или слично.
     
    Последна промена: 11 Јуни 2019
    На The-spiki, shifty, Krkac и уште 2 други им се допаѓа ова.
  6. Oliver!

    Oliver!
    Gaining Experience

    521
    413
    26 Април 2012
    Машко
    Шпекулатор
    Има некоја препорака за која должина максимум CAT5 е добар - 10м, 20м, повеќе-помалку?
     
  7. BlackOuttheWoRlD

    BlackOuttheWoRlD
    Intern

    252
    35
    10 ноември 2017
    Машко
    А зошто треба кабел,нели има безични??
    Јас сакам 3 безични да земам,но незнам како се врзуваат,дали се полнат на батерија?
    Колку батерија држат?
     
  8. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,217
    12,226
    2 Август 2012
    Машко
    Да си жив и здрав. Не знаев кај терам пред да ги прочитам оние работи.
     
    На smole му/ѝ се допаѓа ова.
  9. smole

    smole
    Unstoppable

    2,881
    3,196
    18 Април 2007
    Сполај ти.

    Слободно прашај сè што те интересира а не ти е јасно. Во принцип со ип камерите инсталацијата е доста поедноставна т.е. се сведува на инсталирање на мрежни кабли.

    Битна работа е да се инсталира дозна одма до камерата за спојката да не крка дождови и пајаци, Дахуа имаат специјални алуминиумски дозни на кои има pre driller дупки специфични за одреден тип на камера и камерите се штрафат на нив (врз нив), ама тоа е ептен ако се сака сè да е под конец, јас не ги користам, 1200 ден за дозна не ми се дава.

    Гледај NVR-от и камерите да се иста марка, ONVIF е ип камера стандард ама иста марка е најубаво. Ако идеш со PC + Blue Iris H265+ стандардот нема да работи нити IVS, тоа се proprietary стандарди на дахуа.

    Заборавив и да напишам дека продавницата линкана од Али продава Дахуа (без лого на опремата) но со интернационален firmware, нешто што останатите селери не го прават туку ставаат хакуван преведен fw. Ова е заебано ако во иднина се апдејтира fw на опремата може да се брикне, додека ако истата е купена од Empire Tech не треба ова да се случи (јас не ја апдејтирам мојата, немам потреба).
     
    omegaRED, Majestic, Oliver! и на уште 1 им се допаѓа ова.
  10. Oliver!

    Oliver!
    Gaining Experience

    521
    413
    26 Април 2012
    Машко
    Шпекулатор
    Лелеј, тие да не се од оние розево-виолетовите со цветчиња и слика од хелокити? :D

    На страна дозните, овие HIK Vision ги има кај нас како комплет 4 камери + драјв (без монитор) за околу 400 еура.
    Мислиш фер е ценава или да акнеме подобро сите на Али? :)
     
    На Krkac му/ѝ се допаѓа ова.
  11. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,217
    12,226
    2 Август 2012
    Машко
    он топик/ оф топик
    На пазарот во МК моментално владее неверојатен хаос.
    Од "што ќе ти е IP, иста работа брка и CCTV" до "не фрлај пари на Dahua и Hikvision земи од моето DIY кинеско ѓубре кое сам го увезувам и составувам"

    Потоа хорори од типот "шо ќе ти е WD Purple, ене со години тераат со Seagate"

    Хорори
     
    goki1990, spiritBreaker и на Krkac им се допаѓа ова.
  12. smole

    smole
    Unstoppable

    2,881
    3,196
    18 Април 2007
    Точно дефинирај - камери модел, NVR модел и HDD модел па да анализираме.

    Можеби HDCVI на Дахуа е слично на IP, ама не е IP -> користи коаксијален кабел и е наменето за upgrade на аналогни камери а каде не се менува ифраструктурата (инсталацијата) и е меѓучекор помеѓи аналогни и вистински IP камери.

    Јас имав ноунејм кинески ДВР пред овој на Дахуа, и беше срање, иди со бренд како Дахуа или Хиквижн (само Дахуа имам користено до сега од бренодвите и е ок).

    И само WD Pruprle.
     
  13. Oliver!

    Oliver!
    Gaining Experience

    521
    413
    26 Април 2012
    Машко
    Шпекулатор
    Бато, фала ти. Имаа понуди на сајт за директно да се види (Логинг и Визард) ама никако да ги лоцирам пак...
    Ќе им отидам во продавница наскоро па ќе се вратам на темава.

    Фала уште еднаш!
     
    На smole му/ѝ се допаѓа ова.
  14. smole

    smole
    Unstoppable

    2,881
    3,196
    18 Април 2007
    Иди во Визард и во Ник Аларм.
     

Сподели

Вчитување...