- Ја почнал/а темата
- #1
AMD_fan
Gaining Experience
- 10 ноември 2007
- 3,646
- 139

Судот во САД, донесе одлука YouTube да ги прикаже сите детални податоци за гледањето на секој видео клип на страната.
Судијата Луис.Л. Стантон дозволи целосен пристап на логирањата на YouTube, откако Viacom Inc. и други корисници на авторски права, поднесоа тужба против Google. На нив им се потребни овие податоци, за да докажат дека нивните заштитени видеа се повеќе гледани отколку аматерските видеа.
Податоците нема да се објават јавно, ќе им бидат достапни само за тужителите и нема да ги содржат вистинското име на корисниците или e-mail адресите.
Базата на податоци вклучува информации за тоа колку често е гледан одреден видео клип, како и податоци за единствениот ID на корисникот и IP адресата за компјутерот на корисникот.
Од групата за дигитални права Electronic Frontier Foundation, велат дека на тој начин судот ќе им дозволи на Viacom да ги знае заштитените податоци за корисниците, бидејќи корисничкиот ID може да содржи некои иницијали или пак дел од името или презимето на корисникот, со што се нарушува приватноста.
Viacom бара оштета од најмалку една милијарда долари од Google, велејќи дека преку YouTube ги прекршуваат авторските права за нивните шоу програми како Comedy Central's "The Daily Show with Jon Stewart" и Nickelodeon's "SpongeBob SquarePants" cartoon.
Федералниот судија одлучи дека Google треба да покаже само примерок на веб адресите кои се пребарувани, и дека треба да ги прикаже и сите оние видеа кои се претходно отстранети.
Извор: ИДИВИДИ