Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Важно
    Имате проблем со најава или регистрација на it.mk?
    Побарајте го решението на вашиот проблем ТУКА!

Ви го претставуваме сервисот ИТ Кариера

D

Администратор
31 март 2007
3.970
4.135
www.aqtos.com
Со v5 на IT.mk конечно се решивме да ги реализираме некои од работите кои ги дискутираме или парцијално ги реализиравме во претходните години.

Еден од тие сервиси е и ИТ кариера, за почеток едноставен job board кој ќе ги поврзе компаниите и ИТ професионалнците на едно место. Сервисот стартува од денеска и ќе биде претставен на порталот - http://www.it.mk/kariera

Огласувањето е бесплатно. Согласно на оваа промена, делот Вработување на форумот полека ќе го заклучиме и ќе ги пренасочиме огласите за работа на тој дел.

Дополнително се работи и на поголема интеграција на форумот со останатите сервиси, Fatality веќе го најави новиот дизајн на форумот, но за тоа потоа. :)

Секоја конструктивна критика, мислење или препорака се добредојдени.

Поздрав,
D
 

ARMac

Epic
2 октомври 2010
9.361
12.284
Скопје
androgaming.com
Еве конструктивна критика.

Почетна плата да биде задолжително назначено. Зошто е тоа уште табу тема? Како да аплицирам за позиција, ако таа позиција е помалце платена од оваа што ја работам моментално?

Работава испаѓа биди захвален што некој ќе те вработи, господ здравје да му даде. Ќе зимаш колку он ќе ти каже и ќе бидеш благодарен и чест ќе му правиш.
 

Banjifiko

Unbeatable
28 октомври 2008
3.861
5.859
Skopje
Еве конструктивна критика.

Почетна плата да биде задолжително назначено. Зошто е тоа уште табу тема?
Законот вели дека е задолжително објавување на платата, но тоа е обврска на тој што ја објавува потребата за пополнување на работното место.
 

Metuzalem

Tootle Puffer
28 ноември 2010
7.518
13.443
1000 Скопје
Metuzalem's setup  
Processor & Cooler
i7-2600K @4,6 GHz, Noctua NH-D14
Motherboard
ASUS P8Z68-V/GEN3
Storage
Samsung 840 Pro 256 Gb SSD, Samsung Spinpoint F3 1 Tb
PSU
CM 600W Silent Pro Gold
RAM
Kingston @1866
Video card
Radeon HD 7750
Case
HAF 912 Plus
Mouse
ASUS ROG GX950
Keyboard
Filco Majestouch-2, Logitech G710+
Audio
Realtek ALC892
Monitor
Viewsonic VX2753MH-LED
OS
WinServer2003, Win7 x64
Наместо да измислувате топла вода, средете си го дизајнот на порталот, катастрофа е. Или вратете го како што си беше, или менувајте UI.

Кога некој ќе тргне во освојување на мобилниот свет, не можеш со ништо да го разубедиш. Па побогу, таму е иднината, нели? :rolleyes:
 

D

Администратор
31 март 2007
3.970
4.135
www.aqtos.com
Наместо да измислувате топла вода, средете си го дизајнот на порталот, катастрофа е. Или вратете го како што си беше, или менувајте UI.

Го почитувам фактот дека не ти се допаѓа дизајнот, но критиката не е конструктивна. Паралелно на твоето мислење, до нас пристигаат и други мислења од луѓе на кои им се допаѓа новиот дизајн и пристап. Нормално неможеш на секој да му погодиш.

Го прочитавме твоето мислење и во претходната тема за дизајнот, сите негативни критики ги земаме во предвид, но доколку ја разгледаш поголемата слика што се обидуваме да направиме, можеби ќе ја разбереш поентата на новиот дизајн. Поздрав
 

D

Администратор
31 март 2007
3.970
4.135
www.aqtos.com
Еве конструктивна критика.

Почетна плата да биде задолжително назначено. Зошто е тоа уште табу тема? Како да аплицирам за позиција, ако таа позиција е помалце платена од оваа што ја работам моментално?

Работава испаѓа биди захвален што некој ќе те вработи, господ здравје да му даде. Ќе зимаш колку он ќе ти каже и ќе бидеш благодарен и чест ќе му правиш.

Ќе ги дополниме полињата за некоја недела, зависно од интересот на работодавачите. Но тоа реално е на нивен грб да го означат. Ако го направиме mandatory нема пак да објавуваат, така да никако не си... но полека ќе го промениме тоа, затоа и ги правиме овие работи со кариера и маркетот. :)
 

D

Администратор
31 март 2007
3.970
4.135
www.aqtos.com
Кога некој ќе тргне во освојување на мобилниот свет, не можеш со ништо да го разубедиш. Па побогу, таму е иднината, нели? :rolleyes:

Не е само мобилното, овој дизајн ни дозволува и воведување на други сервиси, како маркет, кариера и други планирани. :)
 

ARMac

Epic
2 октомври 2010
9.361
12.284
Скопје
androgaming.com
Ќе ги дополниме полињата за некоја недела, зависно од интересот на работодавачите. Но тоа реално е на нивен грб да го означат. Ако го направиме mandatory нема пак да објавуваат, така да никако не си... но полека ќе го промениме тоа, затоа и ги правиме овие работи со кариера и маркетот. :)

Јасно, критиката беше наменета повеќе кон огласувачите.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: D
E

emet_

Гостин
многу добра идеја со отворање на „кариера“ само се плашам колку компаниите ќе ги почитуваат евентуалните правила (како секаде во светот) да објавуваат плата!

ова ќе биде исто изводливо колку што во последниве 50 години никој не поставил пешачки премин кај „зелен пазар - градска болница“. отприлика толку се големи шансите! :rolleyes:

проблемот не е до креаторот на идејава туку до свеста и културата на компаниите да бидат на малку повисоко ниво. сепак не се пазариме на улица за други да не слушнат/погледнат! затоа секогаш преферирам „јавно и транспарентно“.

истово може да важи и кај огласите. понуди преку „приватна порака“ ми е неразбирливо!
на овој начин форумот може да се граничи со пазар3/реклама5. ако тоа е намерата, тогаш сме се разбрале. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: D
O

Oliver!

Гостин
Силно гласам за "Почетна плата да биде задолжително назначено", а кон оваа теза
"Ако го направиме mandatory нема пак да објавуваат" - на доволно видливо место, кратко и јасно објаснето за огласувачите зошто тоа е многу важно.
Ако ние сите мислиме дека е правилно, а некои огласувачи не - наша должност е да им укажеме на добрите страни :)
 

D

Администратор
31 март 2007
3.970
4.135
www.aqtos.com
Силно гласам за "Почетна плата да биде задолжително назначено", а кон оваа теза
"Ако го направиме mandatory нема пак да објавуваат" - на доволно видливо место, кратко и јасно објаснето за огласувачите зошто тоа е многу важно.
Ако ние сите мислиме дека е правилно, а некои огласувачи не - наша должност е да им укажеме на добрите страни :)

Ова во некои случаи може да биде и меч со две острици. На пример, вие сте работодавач и давате оглас, имате предвиден буџет и го огласувате, но што ако сте подготвени ако добиете вистински кандидат кој во тој момент е слободен и реално заслужува повисока плата да му ја понудите? Дали ќе сакате уште во старт да го натерате да не аплицира кога ќе види на пример пониска плата?

Во нашава индустрија на овој пазар има еден голем проблем: недостиг на талент и искуство за одредени позиции. Многу луѓе веќе во оваа индустрија, особено во веб секторот работат на свои проекти, фриленс или во други фирми. Така да, се согласувам со вас дека треба да има транспарентност при огласување на работната позиција, но неможеш и баш да генерализираш...
 

Fatal1ty_

Großmeister
28 февруари 2008
23.401
32.702
roka.mk
Може поинаку да се изведе да имаат избор работодавците, да внесат плата или да внесе буџет.
Бидејќи јас сервисот би го користел за да си најдам луѓе кои би ми помагале на одреден проект за кој имам одредена сума. или на саатница...али сеедно ми е дали е задолжително или не.
 

D

Администратор
31 март 2007
3.970
4.135
www.aqtos.com
Ке го продумаме ова подетално, да видиме првично како ке иде па ке решиме за втората верзија што да правиме.
 
E

emet_

Гостин
уште еднаш ќе нагласам дека идејата е супер за да не ме разберете погрешно ама повторно се плашам дека далеку ќе бидеме од очекувањата.

според идејава делувате како да се трудите да смените нешто што тлеело со години и пречело за вработување во нашата струка. во ред... некој можеби има такви амбиции и можности и во секој момент го поздравувам таквиот потег.

според мене исто така многу е важно фирмите да бидат малку повеќе отворени кон софтверските инжињери. да не чекаат препораки од тетка, стрико, „повикај пријател“ или во поново време „книшка“. знам дека овие „моменти“ се избегнуваат на форумов, но да не се лажеме, нашава земја е толку мала што за многу работи не можам да поверувам дека се случиле случајно или дека за некоја работна позиција навистина е направена исправна или праведна селекција кога нашиот завод за вработување не функционира!

дали сте се запрашале дали западните земји смеат да вработат некого преку оглас, а не преку завод за вработување? само кај нас обратно се поставени работите. тест период е неплатен, вработувањето селективно, платите не се објавуваат и „нормално“ карванот вака си врви.

ова што го наведов не проблем само во нашата струка (IT), ова е генерален проблем во целата земја.
затоа половина милион жители се отселени од своите домови, од своите најблиски и со пријателите комуминицираме само преку skype.

и зарем треба да очекувам некоја фирма да следи некакви правила со објавување на плата?
дај боже да стигнеме до тој момент. да можев да ги сменам сите овие работи, до сега ќе ги сменев за да не гледам како моите пријатели полека си заминуваат... арно ама јас сум никој и ништо. :(
 

D

Администратор
31 март 2007
3.970
4.135
www.aqtos.com
дали сте се запрашале дали западните земји смеат да вработат некого преку оглас, а не преку завод за вработување?

При отворање на нова работна позиција, законски работодавачот мора да даде оглас, е сега има опција дали да огласи во завод за вработување, и дали да огласи во јавен медиум или сл. тоа е на негов избор. Огласот мора да трае минимум пет дена.

Другиве теми ти се во ред, ама кај нас ИТ индустрија има еден куп невработени според завод за вработување, но тие работат фриленс и сл. Го видовме циркусот претходнава година со законите за хонорарци.

Ние само се обидуваме да објавиме гласило кое ке ги поврзува работодавачите и кандидатите од ИТ индустријата подобро.
 

ARMac

Epic
2 октомври 2010
9.361
12.284
Скопје
androgaming.com
Да додадам уште нешто. Кога се стиска копчето аплицирај, покрај објавениот емејл на компанијата, позгодно би било да има и една мала контакт форма на која може да се закачи doc/pdf фајл (ради CV). Или уште подобро, акаунтите на форумов да се интегрираат со главниот веб сајт, па ако јас да речеме би пратил порака преку таа контакт форма, би била испратена од мој акаунт.
 

D

Администратор
31 март 2007
3.970
4.135
www.aqtos.com
Да додадам уште нешто. Кога се стиска копчето аплицирај, покрај објавениот емејл на компанијата, позгодно би било да има и една мала контакт форма на која може да се закачи doc/pdf фајл (ради CV). Или уште подобро, акаунтите на форумов да се интегрираат со главниот веб сајт, па ако јас да речеме би пратил порака преку таа контакт форма, би била испратена од мој акаунт.

Супер предлози.

Формата ќе ја има наскоро.
Интеграцијата и тоа се планира, ама треба да бидеме малце пострпливи и повнимателни бидејќи паралелно се планираат уште 2-3 нови сервиси на IT.mk кои ќе бидат објавени наскоро, па треба да синхронизираме се на едно.
 
E

emet_

Гостин
@D

овој проблем нема да се реши и да ја направите најдобра можна опција со „кариера“.
тоа е моето мислење иако искрено навивам се да биде онака како што сте замислиле затоа што намерата очигледно е да помогнете.

сакам да кажам дека проблемот не е кај вас. тој се решава уште на самиот почеток, при запишувањето на студентот на факултет за информатички технологии, а не откако ќе го заврши да му ја мисли!?

како пример ќе го земам универзитетот на љубљана каде на факултетот за информатика партиципираат преку 80 фирми од ЕУ!!! тие фирми го следат развојот на студентите и уште во текот на додипломските студии имаат големи шанси да стекнат работно искуство, што значи тие студенти го испишуваат своето CV за време на студиите преку хонорарни проекти, а не откако ќе го завршат факултетот!

кога овие работи ќе се решат кај нас, тогаш ќе можам на раат да ја читам платата која е јавно објавена.
до тогаш има уште многу леб да јадеме како општество.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: D
O

Oliver!

Гостин
Не е работава генерализирање, ако работното место е тестер секако нема да биде иста плата како за програмер со 10 години искуство.
Кон истото, "ќе види на пример пониска плата" - ако работодавачот понудил пониска плата, а работата не е за тестер, програмерот нема што да бара да одговара на тој оглас :)
Ранговите од-до се исто добри секогаш, само што ова им текнува само на посериозните и искусни фирми. Фино лепо ти вика плата од 30.000-50.000 спрема искуство и после кој како се покаже :)

Како и да е, ми се допаѓа каузата ваша. Мислам дека конкретно во нашиве области посериозно ќе бидете сфатени од вработување.ком.мк и други слични сајтови со истата намена.
 

D

Администратор
31 март 2007
3.970
4.135
www.aqtos.com
@emet_ јасно јасно, само дискутираме на темава. Имаше еден куп дискусии, особено по постот на Горјан (тука) околу оваа и слични теми. Не е баш едноставно, но редно време е да се обидеме да подобриме нешто сите заедно. IT.mk е само наша платформа. :)

@Oliverbds дефинитивно ќе го продискутираме интерно ова околу платава при лансирање на една од следните верзии на кариера, и ти благодариме на поддршката.
 

Нови мислења

Последни Теми

Онлајн членови

Во моментов нема членови онлајн.

Статистика

Теми
48.825
Мислења
1.001.710
Членови
36.638
Најнов член
Dina M

ит маркет

На врв Дно