- Ја почнал/а темата
- #1
Hatake Kakashi
Intern
- 14 декември 2011
- 72
- 20
Здраво дечки. Со оглед на не толку обемното ама многу позитивно искуство со совети и мислења на формуов, се обраќам за помош околу следнава ситуација.
Имено, пред 10-тина дена решив конечно да го напуштам Windows 7 и да инсталирам 10-ка. После формат и успешна инсталација на 10, почнав да наидувам на проблем. По инсталацијата на сите драјвери, генерално се беше во ред. По 2-3 стартувања на компјутерот, почнав да имам проблем со сликата - преклопувања, треперења, линии во сите бои па дури неколку пати и комплетно губење на сликата(син екран) и блокирање на компјутерот.
Прва претпоставка ми беше дека можеби се работи за некаква некомпатибилност на драјверите со верзијата на windows-oт. На кратко - по неколку форматирања и инсталации на 2 верзии на Windows 10, па дури и по враќање на Windows 7 - проблемите не ги снема.
Со оглед на тоа што ми беше горе-долу јасно дека 99% се работи за проблем со графичката.. неколку пати ја извадив и ставив, пробав и на другиот слот меѓутоа без успех.
По кратко гуглање, она што треба да го направам е да ја пробам графичката на друг компјутер, чисто за да се потврдам дека е до неа. Ако се испостави дека е до картичката, што би бил следен чекор? Поправка или замена?
Околку конфигурацијата што ја имам:
1. Матична - Maximus Gene iV Z
2. CPU - i5-2500k (не е клокуван)
3. GPU - Radeon 6870 HD
4. RAM - 8GB DDR3
Ако нешто значи - телевизорот ми е врзан со компјутерот со HDMI со интегрираната графичка. Во тој дел немам никаков проблем. Дополнително, за проба, ја врзав графичката со телевизорот со HDMI и симптомите беа исти како и со мониторот - треперење, прекршување, менување бои, на крај комплетно укочување на сликата.
Да не бидам досаден со прашања во различни постови, еве уште едно:
Доколку купувам нова графичка, во рангот околу 15.000 мкд, би ценел препораки на таа тема.
Ги погледнав цените на неколку графички(пр. gtx 1660 s, rtx 790, gtx 1660ti, gtx 1060 итн) и направив брза компарација со интернет цени - она што ми падна во очи е солидната разлика на Online цените и локалните, за конкретни графички. Дали се работи само за високи маржи на продавачиве кај нас или има и некој друг битен момент?
Дали треба уште некој дополнителен податок или слика за да биде појасно со каков проблем си имам работа?
Фала однапред за сите мислења и сугестии.