1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

„Verify DMI pool data“ проблем

Дискусија во форумот 'Oстанато' започната од Deleted member 3298, 21 Декември 2008.

  1. Deleted member 3298

    Deleted member 3298
    Гостин

    Веќе извесно време имам проблем со еден од домашните компјутери. Сепак не можам да се сетам на хронологијата на настаните пред да ми се појави проблемот. За што станува збор?

    Секој пат кога ќе го вклучам компјутерот, при стартување, компјутерот заглавува на пораката „Verify DMI pool data“ што се појавува пред да се вчита било кој ОС односно веднаш по вчитувањето на биосот. Се обидов со ресетирање на CMOS со вадење на џамперот на матичната плоча, со поставување т.е. враќање на фабричките нагодувања на плочата и неколку пати успеав да ја поминам пораката „Verify DMI pool data“, но веќе на следното рестартирање таа повторно се појавуваше. Се обидов и со вадење на RAM плочките да ја исчистам и меморијата од било какви конфузни нагодувања што би можела да содржи, но и со тоа немав успех.

    Станува збор за конфигурација со Abit AN8 Fatal1ty матична плоча, процесор AMD Athlon 64 3200+.

    Читајќи по странски форуми дознав дека има разни причини за појавувањето на оваа порака, меѓу кои е и причината - хардверски проблем.

    Дали можеби некој има сугестија или пак можеби решение за проблемов? :ermm:
     

Сподели

Вчитување...