1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Велосипед со помошен мотор

Дискусија во форумот 'Off-topic теми' започната од iface, 21 ноември 2018.

  1. iface

    iface
    Gaining Experience

    104
    119
    9 Септември 2011
    Машко
    Епа вака дечки, пред некој месец сакав да си склопам точак со помошен мотор(согорувачки мотор). Се одлучив за кинеско моторче кое е наменето за точак со сите делови како резервар, куплунг, throttle, ауспух и карбуратор. Китот ме фати околу 100е донесен од странство а нарачан од ebay.
    За склопување требаат едно 6-7 саати, а потоа штимање на сајли и карбуратор. Подоле ќе ставам слики од склопувањето па се до завршетокот. Со еден резервар кој содржи 2.5литри се поминуваат 120-140км, исто мора да се меша со 20-25мл 2тактол на литар. За пренос на моторната сила се користи втор ланец кој се монтира од лева страна на тркалото. Акумулатор нема и се стартува со педлање. Подоле ке има слики од преносот на запчаници, магнитото, пистон, птичја перспектива за тоа како не смета на нозете при возење. Исто така може да се вози со исклучен мотор и да се вози како нормален точак.
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    Пред 1 недела ми стигна и cnc деклата од америка која има поголема компресија од таа што доаѓа со китот и многу подобро воздушно ладење. При возење од 25мин деклава има темп од околу 120степени и ова е норамлна темп за неа. Но досега не се десило да се изгорам од неа, не се ни осеќа топлината околу нозете.
    [​IMG]
    [​IMG]
    И за крај целосно склопен и до сега имам поминато едно 350км задоволен сум ама бара одржување.
    [​IMG]
    И знам дека V кочници се слаби за вакво нешто ама со редовно одржување таман се до сега, во иднина би пробал да додадам диск кочници на задно тркало.
     
    На Lokvan, gOJDO, bLaCk AnArChY и уште 2 други им се допаѓа ова.
  2. vladic3110

    vladic3110
    Gaining Experience

    128
    222
    22 Февруари 2017
    Машко
    Сум се думал и јас за ваква работа, само од легален аспект не ми е јасно кај припаѓа ова,бидејки се со мотор подлежи на сообраќајна дозвола кај нас.
     
  3. iface

    iface
    Gaining Experience

    104
    119
    9 Септември 2011
    Машко
    Според закон дека ова е 49cc припаѓа во иста категорија како и електричен точак од 250w со дозволена брзина од 25кмх. Пред да го купам читав закони за да знам дали треба регистрација и возачка.
     
  4. vladic3110

    vladic3110
    Gaining Experience

    128
    222
    22 Февруари 2017
    Машко
    Епа треба сообраќајна, 49цц двотактен, незнам како би му се објаснил на полиџија ако ме застанат, ако не ти е мачно стави еден линк да прочитам законик. Иначе и јас се мислам напролет да составам еден Board track racer и онака имам вишок рамки за комбинирање должење од шо сум берел/реставрирал )
     
  5. Astro

    Astro
    Guru

    6,771
    9,417
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    БРАВО МАЈСТОРЕ!!!
    Уради сам олд скул!!!
    Браво! Само тоа ќе ти кажам. Вакви деца очајно му требаат на општествово. Да ми дадеш контакт од мајка ти и татко ти орден да им врачам!
     
  6. iface

    iface
    Gaining Experience

    104
    119
    9 Септември 2011
    Машко
    линк 6та страна
    Е сега гледај во законот исто така се спомнува велосипед со помошен мотор и тие што се под 50cc, значи има два термини во закон со различно значење, изгледа дека овие се ретки па немаат назначено поточно, исто така велосипед со помошен мотор е и велосипед со електричен погон и сигурни сме дека не треба возачка за тоа.
     
    На vladic3110 му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...