Стани премиум член, добиј куп бенефити и поддржи ја работата на IT.mk!
  • Важно
    Имате проблем со најава или регистрација на it.mk?
    Побарајте го решението на вашиот проблем ТУКА!

ВЕЧЕР: COSMOTELKO и NЕXCOM ќе останат без лиценци?

Статус
Затворена за нови мислења.

D

Администратор
31 март 2007
3.800
3.742
www.iwmnetwork.com
Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) треба да им ги одземе одобренијата за работа на грчки "Kосмотелко" и на "Некском Македонија" кои добија национални Wiмаx лиценци бидејќи не ги испочитуваа роковите предвидени во тендерската документација. Согласно правилата од тендерот, "Космотелко" и "Некском Македонија" се должни во рок од 45 дена од денот на добивањето на одобренијата за работа, а тоа беше 23 јули годинава да го достават деталниот проект за планот што го приложиле во понудата за избор на национална Wiмаx лиценца.

Како што дознаваме и двете компании досега го немаат доставено до АЕК деталниот проект иако рокот е веќе пробиен.
Од АЕК децидно не потврдуваат дека носителите на двете национални Wiмаx лиценци уште во старт ги прекршиле тендерските услови, но наведуваат дека се во контакт со компаниите и се информираат за проблемите што ги имаат.


- АЕК упати писмена ургенција до компаниите за забрзување на оваа активност како би можела да ги задоволи барањата на сите оператори за навремено да ги добијат фреквенциите за да може да се формира мрежата на базни станици, односно за изработка на нивните планови - велат од АЕК.


Тендерските правила предвидуваат Агенцијата да може да им го одземе одобрението за користење на радиофреквенциите доколку операторите не обезбедат процентуална покриеност на населението како што е предвидено со тендерот, ако не го обезбедува понудениот минимален битски проток кон секој корисник и ако навреме не достави детален проект.


- Ако се покаже несериозност, намерно одолговлекување или неподготвеност за реализација на обврските од страна на операторите, Агенцијата ќе ги преиспита дадените одобренија - наведуваат од АЕК.
Веднаш по добивањето на одобрението за работа во јули годинава, управителот на "Некском", Тодор Цветков најави дека ќе стартуваат со работа во текот на септември и на крајот од првата година од работењето ќе покријат со сигнал 90 проценти од населението. За националната лиценца "Некском" плати 151.002 евра. "Некском" иако веќе две години има Wiмаx лиценца во Бугарија, од неодамна почна со работа.


"Космотелко" регистрираше фирма во Македонија под името Друштво за телекомуникациски услуги "Америком" и најави покриеност од 60 проценти во првата година од работењето. За лиценцата инкасираше 1.500.000 евра. До пред неколку години беше во рамките на "Македонски телекомуникации".

Извор: Вечер
27.09.2007
 

Niki

Баниран/a
21 април 2007
404
1
Е тоа ти е кога избираат несериозни компании, од кога ги избраа одма знаев сто манипуланти се
 

reng

Intern
13 август 2007
683
19
Па добро барем во Скопје ќе имаме сигурно оператори за Wimax, а за другите подрачја не сум информиран сигурно и таму истите ќе постават опрема. Ќе видиме во следниве месеци.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
45.659
Мислења
946.782
Членови
34.138
Огласи
2.006
Најнов член
zlaticn85
На врв Дно